Економија
Николовски: Лажни обвинувања, со лажни договори од Цветан Трипуновски

Mинистерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски најостро ги осуди информациите изнесени од Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ
„ Ги повикувам претставниците на ДПМНЕ во иднина да ги проверуваат фактите коишто ги изнесуваат во јавноста. Имено, се работи за Договори за закуп на земјоделско земјиште во кои е доделено земјиште по јавен повик 01/21, којшто јавен повик со решение донесено од страна на министерот е поништен. Договорите до кои било дојдено не се изготвени од страна на надлежниот сектор, не се согласно пропишаните критериуми за подготовка на договори за закуп на земјоделско земјиште и иститите се со архивски броеви кои се фиктивни и не постојат во архивата на министерството, а кај истите е евидентно дека не се потпишани лично од страна на министерот, ниту, пак, е употребен факсимил за нивно потпишување. Воедно сакам да потенцирам дека договорот којшто беше предмет на денешната прес-конференција на Цветан Трипуновски не е заведен во архивата на министерството, ниту, пак, изработен од страна на надлежниот сектор, за што Општина Бутел е известена со допис број 39-7227/2 од 04.08.2022. Овој договор, доколку постои, треба да биде предмет на постапките што се водат пред надлежните истражни органи бидејќи очигледно истиот е фалсификат.
Во поглед на изнесените дезинформации, сакам јавно да демантирам дека уште на 27 октомври 2021 година, по добиено сознание, од тогашниот Министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, поднесена е кривична пријава до ОЈО Скопје против непознат сторител и одговорни лица во МЗШВ за сторено кривично дело злоупотреба на службена положба и овластување – фалсификување на службена исправа. Во текот на 2022 година се добиени нови сознанија за постоење на други сомнителни договори кај кои е очигледна злоупотребата на моето лично име во својство на министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. После прибавување на овие договори, првенствено во месец април 2022 година, беше поднесена кривична пријава до Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР – Скопје и дополнување на кривичната пријава до Основното јавно обвинителство Скопје. Вториот пријавување се случи на ден 1.11.2022 година до СВР Скопје.
Службите на министерството будно ги следат сите неправилности во врска со појавувањето на лажни договори за закуп и навремено ги известуваме надлежните органи заради понатамошно истражување и поведување соодветни постапки“ наведува министерот Николовски.
Тој ги повика претставниците на ВМРО-ДПМНЕ уште денес да се излезат до него, земјоделците и до целата јавност. Во спротивно, како што вели, ќе ги употреби сите законски можности за покренување соодветна постапка за изнесување на лаги и невистини во јавноста.
Николовски ги повика земјоделците да бидат сигурни во институциите на системот, нагласувајќи дека Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство работи согласно Законот и позитивните законски прописи, како и дека едиствениот начин на добивање на земја под закуп е согласно одредбите од Законот за земјоделското земјиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Исплатени над 340 милиони денари субвенции за обележани грла говеда

Денеска се исплатени 341.536.000,00 денари кон 4.144 земјоделци, извести Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Исплатата е извршена по основ на дополнителни директни плаќања за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Се реализираше исплатата на подмерка 2.2 Дополнителни директни плаќања од подмерки 2.1, 2.4 и 2.5 за обележани женски грла говеда постари од 12 месеци од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои се корисници на подмерката 2.1. од Уредбата за 2024 година и сопственото производство на млеко го имаат предадено на регистриран откупувач на сурово млеко како корисници на подмерката 2.4. од Уредбата за 2024 година или продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло како корисници на подмерката 2.5. од Уредбата за 2024 година, се наведува во соопштението на МЗШВ.
Економија
Одлука на Народната банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот ќе изнесува 1,75 отсто и во третото тримесечје од 2026 година

Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука да се задржи висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од земјава на 1,75% од активата пондерирана според ризиците и во третото тримесечје од 2026 година.
Ваквата одлука е заснована на повеќе клучни показатели коишто не упатуваат на остварување на позначителни системски ризици. Беше заклучено дека банкарскиот систем според сите показатели е стабилен, со добра солвентност и ликвидност, ниска стапка на нефункционални кредити и солидна профитабилност. Во исто време се забележува одредено повторно забрзување на растот на цените на недвижностите и на станбените кредити, а понагласени се и ризиците од надворешното окружување. При вакви ризици, но при добра подготвеност на банкарскиот сектор за справување со евентуални шокови, се оцени дека стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот од 1,75% засега е соодветна на макрофинансиските услови и на состојбите во банкарскиот сектор, велат од НБ.
Народната банка и натаму внимателно ќе ги следи системските ризици и ќе ја оценува висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот на редовна квартална основа. Макропрудентната политика на Народната банка, како и досега, ќе биде насочена кон зачувување на отпорноста на банкарскиот систем и спречување или намалување на системските ризици, се додава во соопштението на НБ.
Економија
„Распад на енергетскиот систем: управата со измислени саботажи за РЕК ја покрива сопствената неспособност!“, велат од СДСМ

„После 10 дена од испаѓањето на РЕК Осломеј од мрежа, и најавите на неспособното раководство на ЕСМ дека истиот во рок од 48 часа ќе биде вратен на мрежа, сведоци сме дека РЕК Осломеј сеуште не произведува струја, а неспособното раководство прави неуспешни обиди од неуспешните обиди“, велат од СДСМ.
„Денес, сведоци сме дека после нецела година, неспособното раководство на ЕСМ, секојдневно го упропастува енергетскиот систем со несоодветно управување, цела РЕК Битола не е на мрежа, поради пожар во командниот ормар од нередовно чистење и не одржување, и за да го оправдаат своето неспособно раководење, прават сензации со наводни саботажи и заплашување на вработените.
Може слободно да заклучиме дека токму поради неспособноста на раководството на ЕСМ, оставка си даде и претседателот на надзорниот одбор на ЕСМ и директорот на правниот сектор, не сакаат да бидат дел од бродот што тоне.
Ги повикуваме и останатите членови на Управниот Одбор на чело со Лазо Узунчев да бидат совесни и разумни и навремено да си поднесат оставки, да не го упропастуваат ЕСМ, бидејќи за истото ќе одговараат“, соопшти СДСМ.