Македонија
Павле Трајанов ќе бара предвремени избори или Влада со сите партии

Павле Трајанов, претседател на Демократскиот сојуз, посочи дека на лидерската средба ќе го отвори прашањето за предвремени избори или влада со сите политички партии во неа. Според него, најважно прашање на кое ќе се дискутира ќе биде вклучување на Бугарите во Уставот, што би поддржале, само доколку Македонците бидат признаени во Бугарија.
„Ќе побарам прва точка за која ќе се разговара да биде упатување силна порака до Бугарија, политичкиот врв таму, да ги признаат Македонците како национална припадност и да ги остваруваат своите права. Да формираат клубови, асоцијации, како политички партии преку кои ќе ги негуваат своите обележја кои ја карактеризираат нацијата. Ова прашање ќе го покренам и ќе барам консензус. Досега никој од врвот не го покренува ова прашање. Уште помалку МНР. Никој не бара Македонците да ги добијат своите права, како што ги имаат Бугарите. Ќе побарам сите креативни кадри да бидат вклучени во процесот на скрининг, за формално почнување на преговорите со ЕУ“, кажа Трајанов.
Тој додаде дека ќе го отвори и прашање за функционирањето на системот во државата, бидејќи граѓаните се разочарани дека законите не се применуваат еднакво за сите и дека тој не функционира.
„Ќе го отворам и прашањето за темелни реформи за изборното законодавство, за една изборна единица, за системските предности на поголемите политички партии и ќе отворам, ако има услови за тоа, да се разговара за предвремени избори или Влада со сите политички партии. Треба да има сплотеност на сите во овие кризни услови“, додаде Трајанов.
Тој додаде дека нема ништо против Бугарите да бидат во Уставот, но ако Македонците бидат признаени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во Македонија 18 пожари на отворено

Во текот на изминатото деноноќие, на ден 20/21.08 на територијата на Македонија имаше вкупно 18 пожари на отворен простор, од кои активни се три пожари, а под контрола и изгаснати се 15 пожари, информира Центарот за управување со кризи.
Активни се пожарите во Јасен (мешана шума), во Општина Маврово и Ростуше восело Церово и во Општина Прилеп во село Беловодица.
Под контрола и изгаснати се 15 пожари, и тоа:
1. Општина Гази Баба: ул. Перо Наков б.б (ѓубриште);
2. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ѓубриште);
3. Општина Петровец: с. Средно Коњаре (ниска вегетација и ѓубре);
4. Општина Струга: с. Драслајца (ѓубриште);
5. Општина Тетово: с. Сараќино (ниска вегетација);
6. Општина Желино: с. Стрмница (ниска вегетација);
7. Општина Чишиново-Облешево: с. Облешево (ниска вегетација);
8. Општина Неготино: с. Криволак, во близина на мостот пред касарна (ниска вегетација и напуштена нива со овоштарник);
9. Општина Тетово: на патот Тетово – с. Брвеница (ниска вегетација);
10. Општина Гостивар: с. Чегране (ниска вегетација);
11. Општина Гостивар: с. Дебреше (ниска вегетација);
12. Општина Крушево: с. Светомитрани (ниска вегетација);
13. Општина Радовиш: с. Раклиш (ниска вегетација);
14. Општина Студеничани: с. Драчевица (сува трева и грмушки);
15. Општина Долнени: с. Лажани (ниска вегетација);
Македонија
Гужва на границите, на Табановце и Богородица се чека по 20-тина минути

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од градските средини е зголемен.
Поради летните одмори, се бележи зголемена фреквенција на возила, на ГП „Табановце” времето на чекање за влез и излез е околу 20 минути, за. На ГП „Богородица” времето на чекање за излез знесува околу 20 минути, додека на останатите гранични премини од македонска страна нема подолги задржувања при влез или излез од државата, информира АМСМ.
Поради пожар во националниот Парк Јасен, пак, регионалниот пат Р1106 Македонски Брод – Скопје затворен е за секаков вид на возила.
Сообраќајот на останатите државни патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Македонија
Без вода дел од Центар

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на улицата Маџирмаало 11, општина Центар, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.