Свет
Кина: Престанете да се мешате во работите на другите земји
Кина ги повикува земјите од Г7 да престанат да се мешаат во работите на другите земји и да провоцираат конфликти и конфронтации, изјави на брифингот портпаролот на Министерството за надворешни работи на Кина, Жао Лиџијанг, пренесуваат медиумите во регионот.
Според Лиџијанг, позицијата на Пекинг за прашањата во врска со Хонгконг, Ксинџијанг и Тајван е конзистентна и јасна.
„Таканаречената заедничка изјава на дипломатите на Г7 ја игнорира позицијата и објективните факти на Кина, грубо мешајќи се во нејзините внатрешни работи, а исто така злонамерно ја клевети и оцрнува Кина. Пекинг изразува силно незадоволство и силно се спротивставува“, вели дипломатот.
Тој исто така посочува дека кинеските власти ги повикуваат земјите од Г7 да престанат да се држат до менталитетот на Студената војна и идеолошките предрасуди, како и да престанат да се мешаат во внатрешните работи на другите земји, да престанат да повторуваат лаги, но и да не провоцираат регионални конфликти и создавање блок на конфронтација.
Тој ги повикува и земјите од Г7 да создадат поволни услови за развој на глобалната соработка.
Портпаролот вели дека Кина ја повикува Велика Британија да го почитува принципот „една Кина“, да ги прекине сите форми на официјална комуникација со Тајван и да престане да испраќа лажни сигнали до сепаратистичките сили кои се залагаат за независност на островот.
Ситуацијата околу Тајван ескалира во август, по посетата на Тајпеј на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.
Пекинг ја осуди посетата, гледајќи во овој потег поддршка на САД и започна големи воени вежби. Кина го смета Тајван за своја провинција и категорично се спротивставува на нејзините контакти со официјални лица и војска од други земји.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Белгија издвојува девет милиони евра за украинската енергетска инфраструктура
Белгија ќе додели дополнителна помош од девет милиони евра за да придонесе за поправка на оштетената енергетска инфраструктура во Украина, најави белгиската министерка за развојна соработка, Каролин Генез.
„Преку ОН, Белгија ќе придонесе за поправка на енергетската инфраструктура околу градот Харков, кој сега секојдневно трпи бомбардирање од руската армија. Со воена поддршка, овие средства ќе помогнат да се изгради отпорноста на Украина“, рече министерот, пренесува RTBF.
Според неа, Белгија ќе одвои средства за поддршка на проекти во рамките на Програмата за развој на Обединетите нации, која е специјализирана за економски развој.
Свет
Генералното собрание на ОН го повика Советот за безбедност да ја прими Палестина за членка
Генералното собрание на Обединетите нации ги зајакна правата на Палестина во рамките на организацијата и повика таа да биде прифатена како членка, пренесува Би-Би-Си.
Палестина има статус на земја-набљудувач не-членка од 2012 година, што дозволува некои права помалку од полноправна членка.
За членството може да одлучува само Советот за безбедност на ОН.
САД неодамна ставија вето на кандидатурата за полноправно членство, но гласањето денска може да се смета како гест на поддршка за Палестинците.
Палестинскиот претседател Махмуд Абас ја поздрави резолуцијата, велејќи дека таа ги поддржува палестинските напори за уште едно гласање за ова прашање од страна на Советот за безбедност.
Свет
Шпанија, Ирска и Словенија ќе ја признаат Палестина на 21 мај
Шпанија, Ирска и Словенија планираат симболично да ја признаат Палестинската држава на 21 мај, изјави шефот за надворешна политика на ЕУ, Жозеп Борел.
Тој го потврди датумот во интервју за шпанското јавно радио, откако ирскиот јавен радиодифузен сервис РТЕ објави дека тоа е моментот кога сите три земји планирале да дејствуваат.
Словенечката влада вчера соопшти дека донела декрет за признавање на палестинска држава, што ќе биде внесен во нејзиниот парламент до средината на јуни.
Потоа, најверојатно ќе има повеќе нации што ќе го следат примерот бидејќи и Белгија одлучи да го стори тоа, додаде Борел.