Спорт
Србите во паника – Влаховиќ се уште е повреден
На две недели до почетокот на Светското првенство во Катар, фудбалска Србија со нерпение ги очекува информациите поврзани со здравствената состојба на Душан Влаховиќ.
Напаѓачот на Јувентус се повреди против Бенфика во Лигата на шампионите. Се уште не се рехабилитирал од повредата, веќе пропушти три натпревари, меѓу кои е и вчерашното дерби со Интер.
„Ќе видиме што ќе се случува. Моментално има воспаление на препоните и ќе видиме дали ќе се опорави пред Светското првенство“, изјави тренерот на Јувентус, Макс Алегри.
Весто кои не се оптимистичи пристигнуваат и од таборот на српската репрезентација.
„Влаховиќ ја обнови повредата на препоните, се надевам дека ќе биде подготвен за Катар“, изјави директорот на српската репрезентација Стеван Стојановиќ.
Репрезентацијата на Србија во Катар ќе игра во Г-групата против Бразил, Швајцарија и Камерун. Првиот натпревар, против Бразил ќе го одигра на 24.ноември.
Пред тоа „орлите“ ќе одиграат пријателски натпревар против Катар во Бахреин, што ќе биде последен тест. Во оваа група се и Швајцарија и Камерун.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Стефано Пиоли повеќе не е тренер на Милан
Стефано Пиоли повеќе не е тренер на Милан. Му пресудија не толку добрите резултати оваа сезона. Милан заврши втор во Серија А, но со голем минус во однос на шампионот Интер, не успеа да излезе од групата во Лигата на шампионите, а во Лига Европа, доживеа елиминација во четвртфиналето од Рома.
„Чао мистер,
Сакам да ти кажам дека се сеќавам на се од тој ден кога повторно станавме шампиони.
Ти и твоите момчиња на врвот на Италија. Јас, со ранец на грб, на врвот на трамвајската станица, додека срцето ми лудува.
Се сеќавам кога започна се, се сеќавам на Бергамо, дождот против Рио Аве, времето на Ковид и повторното раѓање на Милан. Враќањето во Европа и враќањето дома. Лигата на шампионите.
Со тебе почнавме повторно храбро да напаѓаме, да играме на победа, да се лутиме кога не победуваме. Да се навива со гордост.
Рафа, Тео, Мајк и сите други момци кои станаа подобри луѓе со вас затоа што им ги всадивте вредностите на клубот и ги научивте како да им пристапат на предизвиците и на теренот и во животот.
Сето тоа го направивте со страст, понизност и одлучност. За сето тоа сакав само да кажам – благодарам.
За секој пат кога татко ми ми ставаше шал пред да ме крене на рамениците на „Сан Сиро“. За момент можев само да сонувам порано. „Ние сме Милан“, ми рекоа. „И ќе се вратиме. И го направивме тоа. Повторно сме шампиони. И беше прекрасно.
А за се друго што не научи:
Само оние кои веруваат можат да постигнат успех“, со оваа порака фудбалскиот клуб Милан се прости од Пиоли.
Секако, Милан излезе и со официјално соопштение во кое потсети дека Пиоли пристигна во клубот во октомври 2019 година. Во која му се заблагодари на тренерот за се што му дал на клубот.
Пиоли го напушта гигантот од „Сан Сиро“ со биланс од 130 победи на 239 натпревари. Имаше и 57 нерешени и 52 порази. Скудетото го освои во сезоната 2021/22.
На неговото место, според шпекулациите ќе дојде актуелниот тренер на Лил, Пауло Фонсека.
Спорт
Грчки и турски навивачи го „окупираа“ Берлин
Вечерва во „Убер арена“ во Берлин ќе започне завршниот турнир во кошаркарската Евролига. Актуелниот шампион Реал ќе се обиде да ја одбрани титулата во конкуренција на Фенербахче и грчките гиганти Олимпијакос и Панатинаикос.
Првото полуфинале ќе започне во 18 часот, ќе играат Панатинаикос и Фенербахче, три часа подоцна во реприза на финалет од мината сезона ќе се сретнат Реал и Олимпијакос.
Вистинска инвазија на грчки навивачи се очекува во германската престолнина. Според медиумите ќе има најмалку 9.000 навивачи од Атина. Интересно се очекува толкав број и на турски навивачи, што и не е изненадување бидејќи голем број Турци живеат во Германија.
Спорт
Жиру ќе се повлече од националниот тим
Оливие Жиру на Европското првенство ќе ги одигра последните натпревари во дресот на Франција. 37-годишникот кој од наредната сезона ќе игра за Лос Анџелес ФК реши да стави крај на кариерата во репрезентацијата.
„За мене репрезентативната приказна ќе заврши по Европското првенство. Мора да им оставиме простор за младите играчи“, изјави меѓу другото напаѓачот за „Лекип“.
Од своето деби за „Триколорите“ во 2011 година, Жиру одигра 131 натпревар и постигна 57 голови, со Франција стана светски првак во 2018 година.
Франција на ЕУРО 2024 ќе се натпреварува во групата Д заедно со Полска, Холандија и Австрија.