Спорт
Голем инцидент на Чаир: Публика влета и ги нападна фудбалерите на Шкендија, мечот е во прекин

Натпреварот од Купот на Македонија меѓу Шкупи и Шкендија е во прекин откако навивачи влетаа на терен да се пресметаат со фудбалерите на Шкендија. Напаѓачот на гостите Дашмир Елези постигна гол во деветтата минута, а потоа се радува пред фановите на Шкупи што тие веројатно го сфатија како провокација.
Домашните навивачи велтаа на теренот и го нападнаа, а потоа се случи општа тепачка на теренот.
Реагираше и полицијата, а судиите се повекоа во соблекувалните, потоа и фудбалерите на Шкендија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Постекоглу ќе го преземе Баер Леверкузен?

Австралиецот Ангелос Постекоглу е најсериозен кандидат за нов тренер на Баер Леверкузен, тврдат германските медиуми.
Германскиот вицешампион моментално е без тренер, откако клупските челници пред два дена го отпуштија Ерик тен Хаг. Холанѓанецот го водеше Баер во три натпревари, а во клубот се задржа само 62 дена.
Постекоглу ја освои Лигата на Европа минатата сезона со Тотенхем, што му обезбеди на лондонскиот клуб место во Лигата на шампионите.
Сепак, тој беше отпуштен на почетокот на јуни, бидејќи Тотенхем ја заврши сезоната во Премиер лигата на 17-то место на табелата.
Леверкузен ги продаде своите најдобри играчи ова лето, имаат само еден бод по две кола во Бундеслигата.
Фото/ Принтскрин
Спорт
(Видео) Стрелец ја сурши Германија, Холандија освои само бод поритв Полска

Првото коло во А групата во квалификациите за пласман на Светското првенство започна со вистинска сензација. Словачка во Братислава ја победи Германија со 2:0. Изненадување се случи и во Г групата, Полска успеа да остане непоразена во Амстердам во дуелот со Холандија.
Словаците целосно го надиграа тимот на Јулијан Нагелсман и ја истакнаа својата кандидатура за прво место во А групата. Германците одиграа лош натпревар, оправдување не смее да им биде што играа без неколкумина стандарни играчи.
На стадионот „Техелне Поле“ во Братислава, домашните поведоа во 42-та минута кога дефанзивецот Ханцко, по двојното проигрување со Стрелец, во контра го постигна првито гол.
Дека Германија со пораз ќе ја напушти Братислава, го потврди голот на играчот на натпреварот Стрелец во 55-та минута. Напаѓачот на Слован постигна спектакуларен гол за 2:0.
На арената „Јохан Кројф“ во Амстердам, Полска освои вреден бод со нерешен резултат 1:1 (1:0).
„Лалињата“ поведоа во 28-та минута и се чинеше дека ќе забележат рутинска победа.
Сепак, Полјаците не се предадоа и успеаја во 80-та минута преку левиот бек Метју Кеш да стигнат до 1:1, а потоа и да одолеат на сите напади на фаворизираниот домаќин во самиот финиш.
Бугарите немаат толку среќа, а не се ниту квалитетни, па беа убедливо поразени од актуелниот европски шампион, шпанската репрезентација, во Софија со резултат 3:0 (3:0).
„Фуријата“ реши сè во првото полувреме, поточно, до 38-та минута, кога ги постигнаа сите голови.
Веќе во 5-та минута, Ојазрабал го постигна првиот гол, на истекот на 30-та минута, Кукуреља го дуплираше водството, а во 38-та минута, Мерино го постави конечниот резултат.
Белгија беше најубедлива вечерва, во Ј групата , во која е и Македонија, со 6:0 (1:0) го победи Лихтенштајн.
Де Кајпер го постигна првиот гол во 29-та минута, а потоа во вториот дел, два пати погоди Тилеманс, односно Теате во 60, Де Брујне и Фофана.
Foto/ EPA
Спорт
Шпанија испадна од Евробаскетот – Познат костурот во нокаут фазата

Актуелниот европски првак Шпанија го заврши учеството на Европското првенство. Во драматичен натпревар, во Лимасол, Грција ја победи Шпанија со 90:86.
Шпанците два пати се враќаа во натпреварот откако Грција имаше 16 и 15 поени предност, водеа со два поени два пати во финишот на крајот се самоуништија од линијата за слободни фрлања.
Грците предноста ја стекнаа во првата четвртина благодарение на неверојатниот шут за три поени, погодија осум тројки од 10 обиди.
Сепак во финишот Шпанија це врати во мечот, а во трилер завршницата пресуди реализацијата на слободните фрлања.
Нестварно звучи податокот дека Шпанците во последните 17 секунди од осум погодија само две слободни фрлања.
Победата на Грција ја однесе во осминафиналето Грузија, која во првото коло ја победи Шпанија и поради подобриот меѓусебен скор се пласира во нокаут рундата.
Грците ги предводеа Јанис Антетокунмпо и Тајлер Дорси. Крилниот центар на Милвоки Бакс постигна 25 поени, 14 скока и 9 асистенции, а бекот на Олимпијакос додаде 22 поени. Во составот на Серхио Скариоло, поените беа многу добро распределени, а најмногу се истакнаа Хаиме Прадиља (14 поени), Марио Сан-Супери (13 поени) и Санти Алдама (12 поени).
Осминафинални двојки ЕП и костурот до крајот на турнирот:
Литванија – Латвија (6 септември)
Грција – Израел (7 септември)
Турција – Шведска (6 септември)
Полска – Босна и Херцеговина (7 септември)
Германија – Португалија (6 септември)
Италија – Словенија (7 септември)
Србија – Финска (6 септември)
Франција – Грузија (7 септември)
Foto/ EPA