Спорт
Селекторски плати – Флик ја предводи листата

Како што се ближи почетокот на Светското првенство, достапни стануваа се повеќе информации поврзани со репрезентациите кои ќе се натпреваруваат во Катар. „Фајнанс фудбал“, ги објави платите на 32. селектори. Огромна е разликата помеѓу селекторот со најголема (Ханси Флик) и селекторот со најмала плата (Џалел Кадри).
Ханси Флик, селектор на Германија, има годишна плата од 6.500.000 евра. Втор на листата на најплатени селектори е предводникот на Англија, Герет Саутгејт со 5.800.000 евра.
На третото место е Дидие Дешам од Франција со годишна плата од 3.800.000, а по него е Тите (Бразил) со плата од 3.600.000 евра.
Следуваат Луј ван Гал (Холандија), Херардо Мартино (Мексико), Лионел Скалони (Аргентина), Феликс Санчез Бас (Катар), Фернандо Сантос (Португалија) и Мурат Јакин (Швајцарија).
Селекторите на Србија и Хрватска се во долниот дел на оваа листа. Драган Стојковиќ Пикси годишно заработува 650.000 евра, а годишната плата на Златко Далиќ изнесува 550.000 евра.
Најмала плата има Џалил Кадри. Селекторот на Тунис годишно инкасира 130.000 евра.
Платите на селекторите на Светското првенство во Катар:
1. Ханс Флик (Германија) 6.500.000
2. Герет Саутгејт (Англија) 5.800.000
3. Дидие Дешамп (Франција) 3.800.000
4. Тите (Бразил) 3.600.000
5. Луј ван Гал (Холандија) 2.900.000
6. Херардо Мартино (Мексико) 2.900.000
7. Лионел Скалони (Аргентина) 2.600.000
8. Феликс Санчез Бас (Катар) 2.400.000
9. Фернандо Сантос (Португалија) 2.250.000
10. Мурат Јакин (Швајцарија) 1.600.000
11. Пауло Бенто (Јужна Кореја) 1.300.000
12. Греам Арнолд (Австралија) 1.300.000
13. Грег Берхалтер (САД) 1.250.000
14. Роберто Мартинез (Белгија) 1.200.000
15. Каспер Хјулманд (Данска) 1.150.000
16. Луис Енрике (Шпанија) 1.150.000
17. Ерве Ренар (Саудиска Арабија) 1.100.000
18. Хаџиме Моријасу (Јапонија) 1.050.000
19. Диего Алонсо (Уругвај) 860.000
20. Густаво Алфаро (Еквадор) 770.000
21. Драган Стојковиќ 650.000
22. Драган Скочиќ (Иран) 650.000
23. Златко Далиќ (Хрватска) 550.000
24. Чеслав Михњевич (Полска) 500.000
25. Џон Хердман (Канада) 480.000
26. Крис Хаџтон (Гана) 400.000
27. Роб Пејџ (Велс) 380.000
28. Валид Реграги (Мароко) 920.000
29. Луис Суарез (Костарика) 350.000
30. Ригоберт Сонг (Камерун) 340.000
31. Али Сисе (Сенегал) 310.000
32. Џалел Кадри (Тунис) 130.000
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
„Во Фенербахче ми нудеа допинг“

Францускиот фудбалер Алан Сен Максиман излезе во јавноста со многу сериозни обвинувања против Фенербахче, каде што играше претходната сезона.
Тој беше позајмен од Ал Ахли во турскиот клуб. Одигра 31 натпревар, забележа четири гола и исто толку асистенции.
Сен Максиман беше гостин во подкаст со францускиот јутјубер Зак Нани и искажа зборови што ќе одекнат.
Имено, тој изјави дека му нуделе допинг во турскиот клуб, со закани дека не смее да зборува за тоа.
„Фенербахче не стана шампион и не е шампион 11 години поради работи што немаат никаква врска со фудбалот. Клубот е опколен од надворешни влијанија. Дури и се обидоа да ме натераат да земам допинг таму во еден момент. Луѓето не го знаат тоа, бидејќи не можете отворено да зборувате за тоа кога сте таму, тие ви се закануваат од сите страни. Ти велат: „Ако зборуваш, ќе ти направиме ова или она“. Во Турција бев во ситуации што ги надминуваат границите на фудбалот“, рече Максиман.
Сепак, тој зборуваше со пофалби за Жозе Мурињо, но дека атмосферата во Истанбул е многу проблематична.
Се очекува Фенербахче да даде соопштение во оваа пригода.
Foto/ EPA
Спорт
Ливерпул остатокот од договорот на Жота ќе му го исплати на неговото семејство

Ливерпул ќе ги исплати преостанатите две години од договорот на починатиот Диого Жота на неговото семејство.
Како што објави португалскиот „Рекорд“, клубот од „Енфилад“, откако ќе го повлече дресот со број 20, ќе ги измири и преостанатите две години од договорот, кои ќе му бидат исплатени на семејството на починатиот Жота.
Фудбалскиот свет беше запрепастен од информацијата дека португалскиот фудбалер загинал во сообраќајна несреќа, кога тој и неговиот брат починале во Шпанија, во близина на португалската граница во областа Замора.
Жота беше член на Ливерпул, каде што пристигна во 2020 година и оттогаш постигна 65 гола во 182 натпревари. Со Ливерпул ја освои Премиер лигата, ФА Купот и два Лига Купа.
Во текот на својата кариера играше и за Пакош Фереира, Атлетико Мадрид, Порто и Вулверхемптон.
Играше 49 пати за Португалија и постигна 14 гола, двапати освојувајќи ја Лигата на нации.
Погребот на браќата Жота ќе биде оваа сабота.
Foto/ EPA/PETER KLAUNZER
Спорт
(Видео) Челси преку Палмеирас до полуфиналето на клупскиот Мундијал

Foto/ EPA
Фудбалерите на Челзи го победија Палмеирас во четвртфиналето на Светското клупско првенство на ФИФА со 2:1 (1:0).
Благодарение на победата во Филаделфија „сините“ се пласираа во полуфиналето, каде што ги чека уште еден тим од Бразил, Флуминенсе.
Двократниот европски шампион ја оствари победата благодарение на голот на Кол Палмер во 16-та минута и автоголот на голманот Вевертон во 83-та минута. Стрелец за Флуминенсе беше фудбалерот што „сините“ веќе го купија, креативниот играч од средниот ред Вилијан Естевао.
Крилниот напаѓач Педро Нето беше дел од англискиот клуб од самиот почеток.
Настапот на Португалецот беше неизвесен, откако Челзи му даде одврзани раце да избере дали да игра по смртта на неговиот голем пријател – фудбалерот на Ливерпул Диого Жота и неговиот брат Андре Силва.