Црна хроника
Автомобил излетал од патот во Богданци, тројца повредени

Тројца повредени во сообраќајна несреќа што се случила утрово во селото Стојаково, општина Богданци.
Според информациите, несреќата се случила кога автомобил „голф“ изгубил контрола и излетал од патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Б.П.(18) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот Д.П.(22), и двајцата од Богданци, констатирани во Медицинскиот центар Гевгелија.
Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Гевгелија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.