Македонија
Ковачевски: Вложуваме во нови градинки, затоа што тоа е влог во иднината на државата
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, заедно со министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска, и со градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов, денес во Јосифово, општина Валандово присуствуваа и се обратија по повод новоизградената градинка „Детелинка”, што е изградена во рамки на Проектот за подобрување на социјалните услуги кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика со финансиска поддршка на Светска банка.
Оваа градинка ќе згрижи околу шеесетина деца. Пуштањето во употреба на новата градинка во село Јосифово не значи само згрижени и безбедни деца, туку отворање нови работни места.
![]()
„Проектот за изградба на нови градинки низ државата рамномерно ги опфаќа сите градови и места каде што има потреба од згрижување деца. Благодарение на бројните мерки што ги презедовме досега, постигнуваме резултати. За прв пат во историјата на државата со поддршка на Владата предводена од СДСМ се изградени 72 градинки, во кои се згрижени околу 4.800 нови деца. За првпат 10 населени места добија градинки, а клонови на јавни установи се направени во уште 17 населени места. Како Влада обезбедуваме услови за оптимален развој на детето, помагаме на родителите во воспитување на децата, бидејќи важно е што поголем број деца да одат во градинка и да стекнуваат добри навики уште во најраната возраст.
Пуштањето во употреба на новата градинка во село Јосифово не значи само згрижени и безбедни деца, туку отворање нови работни места. Во оваа нова градинка има 13 нови вработувања, ова е уште една потврда дека заложбите на Владата се рамномерен регионален развој, нови добро платени работни места. Владата предводена од СДСМ, платите во градинките ги зголеми за 21%, а со потпишувањето на измените на Колективниот договор, што преку дијалог го остварија Министерството за труд и социјална политика и СОНК, веќе од септември, вработените во дејноста згрижување и воспитание, плата на воспитувачките, негувателите и стручниот кадар во градинките ја покачивме за 15%. Со Законот за минимална плата, покачување доби и техничкиот персонал.
Среќни деца се наша среќна иднина, наша убава старост, оваа е ново време, кое бара решителни и одлучни политичари. Ние на овие деца треба да им создадеме иднина, овде на оваа тло, тоа е патриотизам, тоа е љубов кон земјата. Јас предводам Влада која се стреми низ независните институции и правично општество да им служи на интересите на граѓаните. Моја цел е на овие деца да им овозможам европска иднина, европско образование, европски стандард, живот во безбедна, стабилна и економски силна држава“, порача Ковачевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Договорите за корупција треба да бидат многу поскапи, потешки и по неисплатливи – антикорупционерите со обука за полицајците
Регионалната иницијатива против корупција (РАИ) денес во Скопје организираше обука за претставници на полицијата и Министерството за внатрешни работи за проценка на ризикот од корупција и проверка на законодавството за спречување на корупција. Претседателот на Државната комисија за спречување корупција(ДКСК), Адем Чучуљ вели дека ќе настојуваат да најдат системски решенија против корупција и во секторот животна средина.
„Исклучително ни е драго што со нашите партнери од РАИ сме дел од овој проект кој опфаќа значајна системска активност за детектирање ризици од корупција во две значајни области, тоа се внатрешни работи и животната средина и исто така антикорупциска проверка на легислативата во овие две области. Целта е системски во овие области да се детектираат соодветните проблеми и да се изнајдат механизми за нивно надминување односно преку системски решенија да ја спречиме корупцијата во овие две области“, рече претседателот на ДКСК, Чучуљ.
Директорот на РАИ, Алберт Хани вели дека по секторите култура и образование, на кои веќе работеле, сега на ред се безбедноста и животната средина кои се идентификувани како ранливи кај нас, а тие се тука да помогнат на државата да развие механизми за справување со корупцијата.
„ Механизми постојат, затоа и постоиме ние, да им помогнеме на државите да развијат механизми со кои ќе се справуваат со корупцијата, механизми кои ќе значат едноставно да се креира состојба во која договорите за корупција ќе бидат многу поскапи, многу потешки, многу понеисплатливи и секако ненаградувачки договори“, рече директорот Хани.
Претседателот на ДКСК, Чучуљ, кажа дека во завршна фаза е носењето на новата национална стратегија за спречување корупција во која се детектирани ризици во седум сектори меѓу кои е и животната средина. Од новата стратегија тој очекува да биде поприменлива, да го зголеми надзорот, но и да детектира одговорност за нејзина непримена. Стратегијата треба да боде донесена до крајот на овој месец.
Македонија
Трендафилов: Пробуваат на мала врата да ја усогласат минималната плата за 1.600 денари, излегуваме повторно на улица
Претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Слободан Трендафилов, денеска ја напушти седницата на Економско – социјалниот совет, на која на дневен ред беше минималната плата. Тој обвини дека власта на мала врата пробува да утврди усогласување на минималната плата за околу 1.600 денари.
„Жалосно е тоа што Владата, работодавачите и другите синдикати се на истиот став, а тоа е минималната плата само законски да се усогласи и да не се зголеми“, вели Трендафилов.
Тој најави дека протестите ќе продолжат на средината на март. „За жал, борбата продолжува повторно на улица на средина на март“, објави Трендафилов.
Премиерот, Христијан Мицкоски, претходно информираше дека на денешната седница на Економско-социјалниот совет на дневен ред била Информација за висината на минималната плата.
„Денеска на дневен ред е информација за висината на минималната плата, која ќе биде во 2026 година согласно закон. Очекувам на следната владина седница да го поминеме ова и како Влада и потоа нормално согласно висината на минималната плата од април за март да почне истата да се исплатува“, истакна Мицкоски и додаде дека очекува бипартитниот дијалог меѓу работодавците и работниците да продолжи во иднина да се интензивира.
Македонија
(Видео) СДСМ бара одговорност од власта за шверцот со петте тони дрога
Портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска, на прес-конференција побара одговорност од актуелната власт во врска со, како што рече, најголемиот нарко скандал во регионот, по заплената на 5 тони дрога од Македонија во соседна Србија.
Таа посочи дека повеќе од еден месец нема одговори како толкава количина дрога ја поминала границата и кој од врвот на власта ќе понесе одговорност.
Според Кузеска, од досега достапните информации произлегува дека станува збор за високо организирана криминална група која, како што рече, не можела да функционира без поддршка од лица на највисоки позиции во власта.
Кузеска наведе три клучни аспекти за кои, според СДСМ, треба да се утврди одговорност.
Првиот се однесува на локации во околината на Свети Николе, каде што, како што тврдеше, се вршел претовар на дрогата. Таа рече дека од фабрика во кругот на ОХИС „Алфафарм“ дрогата била транспортирана без полициска придружба, прашувајќи кој го дозволил тоа и зошто не биле извршени контроли.
Вториот аспект се однесува на начинот на пренос преку граница, при што, според неа, дрогата била препакувана како перници. Таа праша како, и покрај скенерите и контролите, пратките ја поминале границата, посочувајќи дека одговорност треба да се бара и кај царинските служби.
Третиот аспект, според Кузеска, е поврзан со информациите дека пратката завршила во магацин на локални функционери на српската СНС, за која рече дека е сестринска партија на ВМРО-ДПМНЕ, при што посочи и на наводни блиски врски со српски функционери.
„СДСМ нема да дозволи овој случај да се заташка“, изјави Кузеска, додавајќи дека не смее одговорноста да заврши само кај магационери, превозници и сопственици на фирми, туку, како што рече, мора да се утврди кој од власта ќе одговара.

