Свет
Блогер за храна во Делхи ја распарчил својата девојка, а деловите ги фрлил на диви животни

Маж од Индија е обвинет за убиство на својата девојка. Откако ја убил, го распарчил нејзиното тело и ги сокрил деловите низ градот за да ги изедат дивите животни.
Афтаб Амин Пунавал, индиски блогер за храна, е уапсен под сомнение за убиство, шест месеци по исчезнувањето на Шрада Викас Вокар, јавуваат индиските медиуми повикувајќи се на полициски извори.
Полициската информативна веб-страница PoliceMediaNews објави фотографија од жртвата на Твитер и наведе дека причина за смртта е давење. Според индиските медиуми, Пунавал ги чувала деловите од нејзиниот труп во голем фрижидер пред постепено да ги расфрла низ градот. Исто така, како што пренесуваат, парот разговарал за брак и Вокар се преселила во Делхи од нејзиниот дом во Мумбаи за да живее со Пунавала. Велат и дека парот се скарал за венчавката.
दिल्ली : लिव इन रिलेशन में रह रही युवती की निर्मम हत्या, प्रेमी आफताब अमीन ने मुंबई की श्रद्धा को मार डाला, गला घोंटकर हत्या की फिर लाश के 35 टुकड़े किए, लाश के टुकड़ों को बड़ी फ्रिज में रखा था आफताब, @DelhiPolice #policemedianews pic.twitter.com/jFI3Wqe03h
— PoliceMediaNews (@policemedianews) November 14, 2022
Во една статија се вели дека 28-годишната Вокар го запознала своето момче блогер додека работеле во центар за повици во Мумбаи. Парот почнал да излегува, но нивните семејства биле против нивната врска, па парот заедно се преселил во Делхи. Наводно, тие се скарале кога Вокар рекла дека сака наскоро да се омажи, а разбеснетиот Пунвал потоа наводно ја убил.
Пунвал ја исекол Вокар на 35 парчиња, кои прво ги складирал во ладилник, а потоа постепено ги криел околу Делхи во период од 18 дена со надеж дека дивите животни ќе ги изедат, изјави полицијата за „Фри прес Журнал“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Русија изврши 46 воздушни удари и 900 гранатирања за еден ден

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, соопшти дека Русија извршила сериозни напади врз украинска територија, прекршувајќи го велигденскиот прекин на огнот. Според податоците на врховниот командант на украинската армија, Олександр Сирски, руските сили до 16 часот по локално време извршиле 46 воздушни напади и 900 артилериски гранатирања.
„Денеска руските сили употребија 400 дронови за напади врз различни делови од Украина“, објави Зеленски на социјалните мрежи.
Според него, дел од нападите биле насочени и кон регионот Доњецк, токму за време на прекинот на огнот по повод православниот Велигден. Напади биле регистрирани и во областа Курск во Русија.
Украинскиот претседател остро ја осуди агресијата, оценувајќи дека Москва повторно демонстрира целосно непочитување кон верските празници и обидите за деескалација на конфликтот.
Регион
Додик: Британски специјалци се дојдени во Република Српска да ме убијат

Милорад Додик, претседателот на Република Српска и осуден бегалец кој е наведен како бегалец во Федерацијата на Босна и Херцеговина, во интервју за Новости упати сериозни обвинувања.
Тој тврди дека „тројца претседатели на европски земји и еден премиер“ му кажале дека во Босна и Херцеговина е префрлена британска воена единица со многу специфична задача – негова ликвидација.
„Тоа не е класична единица. Станува збор за четириесет војници кои пристигнаа со јасна наредба – не да ме уапсат, туку да ме убијат. И тоа под изговор дека давам отпор. Мафијашки принцип – ако отстраните човек, го отстранивте проблемот. Лидерите од Европа ми го потврдија тоа. Тие не се откажаа, но засега молчат“, вели Додик.
Тој во интервјуто нагласува дека не живее во страв и дека слободно се движи, отфрлајќи ги тврдењата дека е изолиран.
„Никогаш нема да бидам скршен од политичките процеси. Нема да се откажам од борбата за Република Српска“, вели тој.
Додик открива и дека официјални лица од Брисел наводно го советувале да се засолни.
Регион
Сестри си размениле пцости, па тупаници за имотот на нивниот татко

Две сестри се степале за имотот на нивниот покоен татко! Сè експлодирало во двор во Цазин (БиХ) кога жените, откако си размениле остри зборови, почнале да си разменуваат удари. Соседите зачудено гледале како драматичниот конфликт ги вознемирува локалните жители, принудувајќи ја полицијата да интервенира.
„Прво дошло до жестока расправија во дворот од куќата на нивниот покоен татко, а потоа сето тоа прераснало во физичка пресметка“, вели еден од соседите, кој сакал да остане анонимен.
Според него, спорот настанал околу поделбата на имотот на нивниот татко – земјиште и стара рурална станбена зграда.
„Беше страшно да се гледаат две сестри како се тепаат пред луѓе кои со години ги познаваат како мирни и резервирани луѓе“, додава сосед.