Црна хроника
85-годишен тетовец удрил во пешак и побегнал

Вчера во 16:10 часот во тетовско Слатино полициски службеници на СВР Тетово го привеле 85-годишниот Н.С.
Тој, претходно, со патничко моторно возило „ауди“ со тетовски регистарски ознаки на улица Иво Лола Рибар во Тетово удрил во пешакот Р.И.(62) од Тетово и го напуштил местото.
Притоа, пешакот се здобил со телесни повреди констатирани во Клиничка болница Тетово.
По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Лишени од слобода лихвар и неговата сопруга од Неготино

Црна хроника
Фатен малолетен крадец во Дебар, одземеното е пронајдено и вратено на сопственикот

Црна хроника
18-годишник пријавен дека сексуално ја злоставувал ќерката

Четириесет и шестгодишен маж од скопско пријавил дека во мај годинава, 18-годишен скопјанец извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка.
– На 09.10.2025 во 22:00 часот во СВР Скопје, 46-годишен маж од скопско, пријави дека во мај 2025 година, 18-годишник од Скопје извршил обљуба врз неговата малолетна ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, стои во денешниот полициски билтен.