Свет
Иванка Трамп: Нема да учествувам на следните избори на татко ми, се повлекувам од политиката

Иванка Трамп реши да се повлече од политиката, објаснувајќи дека сега приоритет ѝ се „малите деца и приватниот живот“.
Доналд Трамп во вторникот ја почна својата кандидатура за претседателските избори во САД во 2024. Веста ја соопшти од своето одморалиште на Флорида. Со него беа присутни членовите на семејството, меѓу кои и неговата сопруга Меланија и синот Ерик. Таму бил и сопругот на Иванка, Џаред Кушнер, но таа не била таму.
„Многу го сакам татко ми. Но, овој пат приоритет им давам на моите мали деца и на мојот приватен семеен живот. Не планирам да се занимавам со политика“, рекла Иванка Трамп, пренесува „Гардијан“.
„Иако секогаш ќе го сакам и ќе го поддржувам татко ми, во иднина тоа ќе го правам надвор од политичката арена. Благодарна сум што ја имав честа да му служам на американскиот народ и секогаш ќе бидам горда на многуте достигнувања на нашата администрација“, додаде таа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Израелскиот кабинет одобри проширување на офанзивата во Газа

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одобри постепено проширување на офанзивата против палестинската милитантна група Хамас во Газа, објави во понеделник израелскиот јавен радиодифузер Кан, повикувајќи се на извори запознаени со деталите. Израелската армија веќе почна да упатува десетици повици до резервистите, со цел да ја прошири офанзивата во Газа, изјави во неделата началникот на армијата, генерал-потполковник Ејал Замир.
Во видео порака објавена на Икс во неделата, неколку часа откако ракета лансирана од Јемен падна во близина на израелскиот аеродром Бен Гурион, Нетанјаху го свика безбедносниот кабинет за да ја разгледа „следната фаза“ од војната во Газа. „Го зголемуваме притисокот со цел да ги вратиме нашите луѓе (заложниците) и да го победиме Хамас“, им рекол Замир на војниците, според соопштението на армијата.
Во март, Израел ги продолжи копнените напади во Газа, прекршувајќи го примирјето поддржано од САД, со кое беа запрени борбите два месеци.
Кабинетот за безбедност одобри нов план за дистрибуција на помош во Газа, објави во понеделник израелскиот веб-сајт Ynet, но не е познато кога залихите ќе бидат пуштени во енклавата. Израел контролира околу една третина од територијата на Газа и се соочува со растечки меѓународен притисок да го укине ембаргото за помош што го воведе во март.
Свет
Силни ветрови превртеа четири брода во Кина: 84 туристи паднаа во река, десет загинаа

Десет лица загинаа кога ненадејни силни ветрови превртеа четири брода што превезуваа туристи, при што 84 лица паднаа во река во југозападна Кина во неделата, објавија државните медиуми. Последното исчезнато лице беше пронајдено околу пладне во понеделник, но не покажуваше знаци на живот, објави Кинеската централна телевизија.
Новинската агенција „Синхуа“ објави дека 74 лица се спасени во несреќата што се случила во покраината Гуиџоу. Властите испратија 70 лица во болница на лекување во „неопасни по живот состојби“, објавија државните медиуми.
Распоредени се речиси 500 спасувачи, а кинескиот претседател Кси Џинпинг им нареди на покраинските власти да „сторат сè што е можно“, објави Синхуа. Тој, исто така, рече дека властите треба да ги засилат безбедносните мерки за да го ограничат зголемениот број несреќи на туристичките атракции и главните јавни места.
Европа
Папата Франциско го донираше „папамобилот“ на децата од Газа, објави „Ватикан њуз“

Папата Франциско го донираше својот познат „папамобил“ на децата во Појасот Газа, објави „Ватикан њуз“. Возилото ќе биде претворено во мобилна медицинска единица за деца, која ќе им обезбеди основна здравствена заштита во контекст на хуманитарна катастрофа.
Во текот на неговите 12 години на чело на Католичката црква, папата Франциско постојано ја нагласуваше важноста на мирот и сочувството, особено кон децата погодени од војните низ целиот свет, од Украина до Кавказ, Блискиот Исток и Африка. Тој беше особено потресен од судбината на десетици илјади деца кои ги загубија животите во конфликти како оној во Газа.
Според информациите од Ватикан, Папата ја доверил оваа акција на Каритас Ерусалим во последните месеци од својот живот. Целта е да се одговори на огромната хуманитарна криза во Газа, каде што речиси еден милион деца се раселени и изложени на глад, инфекции и други сериозни здравствени проблеми.
Папамобилот ќе биде опремен со медицинска опрема за дијагноза, тестирање и лекување, вклучувајќи брзи тестови за инфекции, дијагностички уреди, вакцини, комплети за нега на рани и друга итна помош. Возилото ќе го управуваат лекари и медицински работници кои, штом ќе биде овозможен хуманитарен пристап до Газа, ќе се упатат кон најизолираните делови од регионот.
„Благодарение на ова возило, ќе можеме да стигнеме до децата кои денес немаат пристап до здравствена заштита – деца кои се ранети и неухранети. Ова е конкретна, животоспасувачка интервенција во време кога здравствениот систем во Газа е речиси целосно распаднат“, изјави за Ватикан њуз, Петер Бруне, генерален секретар на Каритас Шведска.