Македонија
СДСМ: Реална опасност за европскиот пат се Левицата и Апасиев, Мицкоски е нивен заложник
Според партијата на власт, партијата Левица, предвоена од Димитар Апасиев, претставува реална закана и вистинска опасност за продолжување на европскиот пат на државата.
„Левицата јасно е определена против стратешките цели на државата, анти-НАТО и анти-ЕУ. И уште поголема опасност е дека Левицата го зема во заложништво Христијан Мицкоски како човек без став, визија и одлучност. Политичкиот пироман Апасиев, со Мицкоски како негов заложник, сака да ја доведе државата до работ на амбисот“, се наведува во соопштението од СДСМ.
СДСМ и демократските сили, како што додаваат од оваа партија, нема да дозволат патот кон европската иднина да биде напуштен поради неодговорни пиромани како Апасиев и Мицкоски.
Државата, велат од СДСМ, ќе продолжи по патот на интеграциите сè до полноправно членство во ЕУ затоа што тоа е гаранцијата за стабилна и сигурна иднина.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Без вода денеска дел од Сарај и високата зона во населба Ѓорче Петров
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради дефект на затварач со пречник од Ф-350 мм на ул. 20 во нас. Сарај, од 07:30 часот до санирање на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од населените места: Лака, Крушопек, Грчец, Шишево, Глумово, Горна и Долна Матка, Арнакија, Љубин и село Сарај, (Општина Сарај) и високата зона, односно повисоките катови од зградите во населба Ѓорче Петров.
Македонија
Дел од Бутел денеска без струја
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
· во периодот од 08:30 до 09:30 часот, објектот на ДОГАН ИНВЕСТ ДООЕЛ-СКОПЈЕ, односно објектот на Форд на самата раскрсница булевар Македонско-Косовска Бригада со булевар Босна и Херцеговина. (Општина Бутел)
Македонија
Продолжува периодот на стабилно и релативно топло време за овој период од годината
Сончево и релативно топло со мала до умерена локална облачност. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намали. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 4, а максималната ќе достигне од 11 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност и претежно тивко. Претпладне во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Продолжува период на стабилно и релативно топло време за овој период од годината. Во утринските часови наместа ќе има зголемена облачност која во текот на денот ќе се намалува.

