Спорт
Играле мал фудбал со другарите кога дознале дека ќе настапат на СП
Аргентинскиот селектор, Лионел Скалони, мораше да направи две промени во ростерот. Поради повреди за Светското првенство отпаднаа играчите на Интер и Фиорентина, Хоакин Кореа и Нико Гонзалес. На нивните места селекторот ги повика Анхел Кореа од Атлетико Мадрид и Тијаго Алмада од Атланта.
Анхел Кореа во последен момент не се најде меѓу 26.играчи за Катар, додека Алмада беше на поширокиот список.
Кореа и Алмада во моментот кога Фудбалскиот сојуз на Аргентина на својот профил на Твитер, објави дека се повикани во националниот тим, играле мал фудбал со пријателите во родниот Канхуелас.
Анхел Кореа (27) за Аргентина одиграл 22 натпревари, постигнал три гола, додека шест години помладиот Алмада оваа година дебитираше за националниот тим.
Last night Thiago Almada and Angel Correa were consoling themselves with a kick about in Buenos Aires and now they are on the way to Qatar. Brilliant 🇦🇷 pic.twitter.com/TzoQ1sjtiO
— GOLAZO (@golazoargentino) November 17, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Атлетико се огласи за случајот со Олмо: Правилата мора да бидат исти за сите
Шпанскиот фудбал изминатите две недели се занимаваше со сагата околу регистрацијата на Дани Олмо и Пау Виктор. Се и сешто се случуваше, Ла Лига и Шпанската фудбалска федерација одбија да ги регистрираат фудбалерите, на крајот Високиот спортски совет (ЦСД) на општо изненадување пресуди во корист на Барселона. ЦСД издаде привремена дозвола за регистрација на фудбалерите, а конечната одлука ќе ја донесе во март.
Барселона доби право на жалба, што значи дека ќе биде донесена конечна одлука откако ќе се разгледа жалбата, а рокот за тоа е до три месеци.
Секако дека во Шпанија има многу незадоволни од оваа одлука, а со соопштение се огласи и Атлетико Мадрид.
„Спортскиот закон постои за да се заштити економската контрола со која Ла Лига го одржува редот. Ваквата одлука го доведува тоа во прашање. Досега тоа беше најсилната алатка на Ла Лига, онаа со која успеавме да бидеме успешни и да заработиме восхит на меѓународно ниво. „Нашиот клуб, како и сите клубови од Ла Лига до оваа одлука, ги почитува сите економски правила и ќе продолжиме да го правиме тоа“, стои во соопштението од Атлетико во кое понатаму се додава.
„Не само тоа, туку свесни сме дека мораме да ги зголемиме капиталните инвестиции доколку сакаме да напредуваме понатаму и тоа ќе го направиме и покрај сите проблеми што доаѓаат. Интервенцијата на Владата во овој случај направи опасен преседан бидејќи ја отвори вратата и другите да ги прекршат правилата и ги повторуваат грешките од минатото. Правилата мора да бидат исти за сите, инаку ова не е фер натпревар.”
Своето незадоволство од ваквата одлука го изразија и Лас Палмас и Атлетик Билбао.
Атлетико Мадрид и Барселона заедно со Реал Мадрид ќе се борат за шампионската титула во Шпанија во остатокот од сезоната.
Спорт
Роналдо постави уште еден уникатен рекорд
Португалецот Кристијано Роналдо стана првиот играч во историјата на фудбалот кој постигнал гол во секоја од 24 последователни календарски години.
Напаѓачот на Ал-Наср го постигна својот прв гол во 2025 година против Ал-Окдуд во победата од 3:1.
Погоди од пенал по шести пат оваа сезона, со што дојде до 11 го во првенството на Саудиска Арабија.
Од 2002 година кога дебитираше во дресот на Спортинг од Лисабон, Роналдо постигна 917 гола, 782 за клубовите и 135 за репрезентацијата на Португалија.
Спорт
Реал Мадрид подготвува „бомба“ од НБА
Американскиот кошаркар Девонте Греам стана потенцијално засилување за Реал Мадрид.
Како што објави инсајдерот Чема де Лукас во петокот, Реал внимателноја следи ситуацијата на 29-годишниот плејмејкер.
Познатиот клуб активно го истражува пазарот со цел да ја засили надворешната линија. Греам одговара на профилот што го бара Реал Мадрид и доколку трансферт биде заклучен, тј ќе биде сериозно засилување.
Греам во 2018 година дипломираше на Универзитетот во Канзас и беше избран како 34. пик на драфтот во НБА од страна на Атланта Хокс.
Тој одигра 345 натпревари во НБА за Шарлот Хорнетс, Њу Орлеанс Пеликанс и Сан Антонио Спарс.
На почетокот на сезоната 2024/25, тој беше префрлен во Џи лигата, за Саут Беј Лејкерс на шест натпревари имаше просек од 14,3 поени, 4,2 асистенции, 2,2 скока, 1,7 украдени топки и 0,2 блокади по натпревар.