Свет
Руски дезертер подготвен да сведочи за извршени злосторства во Украина
Војник од руската единица обвинет за воени злосторства во киевското предградие Буча рече дека е подготвен да сведочи пред меѓународниот суд додека чека азил во Шпанија.
Никита Чибрин изјави за „Гардијан“ дека слушнал „раширени шпекулации“ за колеги војници што извршиле сексуално насилство и убивале цивили пред да ја напушти својата единица во јуни, четири месеци по инвазијата. Тој ги обвини своите колеги дека краделе машини за перење, електроника и други апарати од домовите во Украина.
Чибрин негира дека бил сведок на какво било пукање или негова вмешаност во наводни воени злосторства тврдејќи дека бил ангажиран во „чистење и товарење“ и покрај тоа што изразил противење на војната од самиот почеток. Тој тврди дека никогаш не пукал со оружје додека бил во Украина.
„Немам што да кријам“, изјави Чибрин за „Гардијан“, кој е роден во источниот сибирски град Јакутск и ѝ се придружил на руската армија во летото 2021 година поради финансиски тешкотии.
Чибрин рече дека влегол во Украина преку белоруската граница со неговата единица, 64. одделна гардиска моторизирана бригада, на првиот ден од инвазијата на 24 февруари.
⚡️European Parliament to vote on a resolution marking Russia as state sponsor of terrorism.
“After four hours of negotiations, the agreement on the text was achieved,” Andrius Kubilius, European Parliament member, said.
The resolution will be up for a vote next week.
— The Kyiv Independent (@KyivIndependent) November 17, 2022
Украина обвини дека членовите на 64. бригада мачеле и убиле цивили во Буча и околните предградија на Киев пред да бидат принудени да се повлечат кон крајот на март. Набргу потоа претседателот Владимир Путин на бригадата ѝ ја додели почесната титула „чувар“ пофалувајќи ја за „херојство и храброст“.
Чибрин рече дека неговата бригада го поминала првиот месец од инвазијата во селото Липивка, западно од Киев, и Буча и јужно од Андријевка. 64. бригада беше обвинета дека за тоа време пукала во цивили во Буча и Андријевка.
Тој тврди дека неговите команданти му го одзеле чинот и го отстраниле од бојното поле кога тој изразил противење на инвазијата.
Чибрин исто така објасни дека дезертирал на 16 јуни криејќи се во камион што се враќал во Русија за снабдување со храна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Унгарија ќе увезува американски гас: „Ова е ново златно доба на соработка со САД“
Унгарија денес објави дека потпишала петгодишен договор за снабдување со гас со американската енергетска компанија „Шеврон“.
Новиот договор, потпишан од „Шеврон“ и унгарската јавна енергетска компанија „МВМ“, предвидува испорака на 400 милиони кубни метри течен природен гас годишно во текот на следните пет години, изјави унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто, на заедничка прес-конференција со заменик-секретарот за енергетика на САД, Џејмс Денли.
Сијарто го поздрави новото „златно доба“ на соработка меѓу двете земји, пишуваат медиумите во регионот.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатиот месец на средбата со рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе продолжи да увезува руски фосилни горива, и покрај планот на ЕУ да го забрани увозот на руски гас до крајот на 2027 година.
Фото: депозитфотос
Регион
ГП Евзони блокиран поради протестот на грчките земјоделци
Денеска во 18:00 часот поради протестот на грчките земјоделци, ГП Евзони е блокиран за сите видови на сообраќај за влез во Р. Грција, соопшти АМСМ.
Од таму додаваат дека граничниот премин за излез од Грција работи само за тешки моторни возила.
Свет
Mакрон најави зголемување на казните за корисниците на дрога
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, денес во Марсеј објави дека казната за употреба на канабис или кокаин ќе се зголеми од 200 на 500 евра.
Со оваа мерка, рече тој, сака да ги погоди паричниците на оние што купуваат дрога и на тој начин ги хранат мрежите за дрога, објавува телевизијата BFM.
За време на разговорот со читателите на весникот „Прованс“, Макрон го изрази своето незадоволство од младите жртви на дрога и луѓето што одат да набават дрога „како за забава“.
Тој нагласи дека секое лице што користи дрога мора да разбере дека придонесува за уништување на градовите и населбите.
Казната за корисниците на дрога беше воведена во 2020 година за да се олесни работата на судовите и да се префрли фокусот на борбата кон криминалните мрежи.
Оваа мерка се однесува на лица со максимум 10 грама кокаин или 100 грама канабис.
Претседателот на Франција, исто така, најави адаптација на борбата против мрежите за дрога, вклучително и следење на дилерите на социјалните мрежи, кои станаа нови места за трговија.
Тој повика на промена на европските правила за да се овозможи онлајн дилерите да бидат гонети, а мрежите да бидат повикани на одговорност.
„Нема да попуштиме, мора немилосрдно да притискаме“, рече Макрон, потврдувајќи дека целта е да се нападнат „шефовите на нарко мрежите“, вклучително и оние што работат од странство.
Макрон, исто така, ги истакна новите затвори со висок степен на безбедност со „апсолутно невидени нивоа на надзор“ и призна дека дилерите ќе продолжат да реагираат и да заплашуваат како што борбата се интензивира, пренесува Танјуг.
Фото: депозитфотос

