Спорт
Познат „дрим тимот“ за ЕП во ракомет

ЕХФ го објави „дрим тимот“ на Европското првенство за ракометарки кое изминатите две седмици се одржуваше во Македонија, Словенија и во Црна Гора. За најкорисна ракометарка на турнирот (МВП) е избрана Норвежанката, Хени Рајстад.
Во најдобриот тим е и централниот бек на Норвешка, Стине Офтедал.
Левото крило Ема Фрис и најдобриот дефанзивец Кетрин Хејндал се претставнички на Данска во најдобриот тим, додека од Франција се вклучени голманката Клеопатра Дарло и пикерот Паулета Фопа. Во тимот се и Црногорката Јованка Радичевиќ, Романката Кристина Неагу и Унгарката Катрин Клујбер.
Шампионатот завршува денеска со натпреварите за третото и за првото место.
𝐖𝐨𝐦𝐞𝐧’𝐬 𝐄𝐇𝐅 𝐄𝐔𝐑𝐎 𝟐𝟎𝟐𝟐 𝐀𝐥𝐥-𝐒𝐭𝐚𝐫 𝐓𝐞𝐚𝐦 🌟 You voted and here they are! The best players of the tournament! 🤩 Which player are you happy to see here? 🙌
Congrats to the MVP of the #ehfeuro2022 Henny Reistad 👏 #playwithheart pic.twitter.com/miMoSH20wz
— EHF EURO (@EHFEURO) November 20, 2022
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Федерер го посети Надал

Швајцарскиот тенисер Роџер Федерер го посети својот голем ривал Рафаел Надал во неговата академија на Мајорка.
Fedal ! Ceux qui sont à la Rafa Nadal Academy aujourd'hui sont chanceux.
Roger Federer, en famille, est passé voir son pote Rafa.
🎥IG/manatogo storypic.twitter.com/nQPIosTu8u
— Tennis Legend (@TennisLegende) July 17, 2025
Федерер пристигна во Шпанија во друштво на неговата сопруга Мирка, а во таа прилика се сретна со Рафа, на чие збогување на Ролан Гарос присуствуваше пред два месеци.
Двајцата разговараа на теренот, а таму беа и учесниците на оваа академија.
Roger Federer visits Rafael Nadal's Academy with Mirka 🇪🇸📍Mallorca 🎾 #Fedal pic.twitter.com/SbSBl5jXgI
— hanay (@hanaycp) July 17, 2025
Не е познато дали оваа посета беше „случајна“ или Швајцарецот и Шпанецот се блиску до некоја нова соработка.
Медиумите потсетуваат дека Федерер ја заврши кариерата на Лејвер Купот 2022, додека Надал го одигра својот последен натпревар на Дејвис Купот минатата сезона.
Спорт
Млад фудбалер загина во сообраќајната несреќа во близина на Охрид

16-годишниот фудбалер Анастас Каровски загина во сообраќајна несреќа во близина на Охрид.
На регионалниот пат помеѓу населбата Рача и хотелот Парк, возејќи мопед ноќе, младиот човек од засега неутврдени причини ја изгубил контролата и удрил во столб покрај патот.
Итно бил префрлен во болницата „Св. Еразмо“, но, и покрај напорите на лекарите, подлегнал на тешките повреди.
View this post on Instagram
Момчето било фудбалер на локалниот клуб, кој се прости од него со порака на социјалните мрежи.
„Почивај во мир, ангелу“, се вели во пораката на Инстаграм на ГФК Охрид.
Веста за несреќата ја потврди и СВР Охрид.
Спорт
Во несреќа во Италија, загина Феликс Баумгартнер

Феликс Баумгартнер (56), австриски екстремен спортист познат низ целиот свет по неговото историско скокање со падобран и рекордите што ги поместија човечките граници, почина денес во несреќа во Италија. Веста за неговата смрт денес ја потврдија светските медиуми и блиски соработници.
Баумгартнер го загуби животот во Порто Сант’Елпидио, за време на лет со параглајдинг. Според достапните информации, тој доживеал ненадејно нарушување на здравјето поради кое ја изгубил контролата врз леталото и паднал во базен во крајбрежно одморалиште, повредувајќи млада жена. Починал на местото на несреќата, а веста за трагичниот исход брзо одекна низ целиот свет.
Феликс Баумгартнер е роден во Салцбург во 1969 година, а како тинејџер сонувал за летање и екстремни спортови. Почнал да скока со падобран на 16-годишна возраст, а по воената служба се посветил на акробатски скокови и скокање од база, специјализирајќи се во најсложените, опасни и познати згради, мостови и природни локации во светот.
Во текот на својата кариера, тој постави 14 светски рекорди, беше првиот човек што го прелета Ламанш со падобрански крилја и доби бројни престижни награди, вклучувајќи ја и наградата Лауреус за спортист на годината.
Покрај скокањето, Баумгартнер беше и лиценциран пилот на хеликоптер, акробатски авијатичар и телевизиска личност. Тој беше познат и по својата филозофија за живот без компромис, како и по својата работа во хуманитарни проекти, особено во рамките на фондацијата „Крилја за живот“, која промовира истражување на ‘рбетниот мозок.