Европа
Северна Кореја: „Гутереш е марионета на САД“
Шефицата на севернокорејската дипломатија Чое Сон Хуи го нарече генералниот секретар на Обединетите нации Антонио Гутереш „марионета на САД“.
Гутереш силно го осуди последното лансирање на интерконтинентална балистичка ракета од Северна Кореја во петокот и го повтори својот повик до Пјонгјанг „веднаш да се откаже од преземање какви било дополнителни провокативни дејства“, објави АП.
„Често го замислувам генералниот секретар на ОН како член на Белата куќа на САД или нејзиниот Стејт департмент“, вели севернокорејската министерка во изјавата што ја пренесоа државните медиуми.
Таа жали поради, како што рече, фактот што генералниот секретар на ОН зазеде многу жален став, несвесен за целта и принципите на Повелбата на Обединетите нации и нејзината соодветна мисија, а тоа е одржување на непристрасност, објективност и правичност во сите прашања.
Советот за безбедност на Обединетите нации денеска ќе одржи состанок посветен на Северна Кореја, откако Пјонгјанг во петокот тестираше интерконтинентална балистичка ракета.
Државната новинска агенција КЦНА објави дека севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун го надгледувал тестирањето на новата интерконтинентална балистичка ракета, при што повикал на поинтензивен развој на стратешко оружје и обука на тактички нуклеарни единици.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Поради планирање на терористички напад обвиненија добија трoјца тинејџери во Германија
Суд во германската провинција Северна Рајна-Вестфалија поднесе обвиненија против тројца тинејџери за планирање на терористички напад, пренесува ДПА.
Осомничените, на возраст од 15 и 16 години, беа уапсени во април за време на велигденските празници. Тие планирале напад во согласност со целите на терористичката група „Исламска држава“.
Обвинителството тврди дека тинејџерите ги разменувале плановите преку апликацијата „Телеграм“ и разговарале за напади во цркви и полициски станици.
Европа
(Видео) Новиот шеф на НАТО ненадејно дојде во Киев, разговараше со Зеленски за планот за победа
Новиот генерален секретар на НАТО, Марк Руте, беше во ненајавена посета на главниот град на Украина, Киев.
Информациите за пристигнувањето на Руте во Киев ја објави портпаролката на НАТО, Фара Дахлалах, на социјалната мрежа „Икс“, каде што сподели линк од неговата прес-конференција со украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Mark Rutte’s first visit as NATO Secretary General @SecGenNATO is to Ukraine, and this is truly significant. It immediately and clearly outlines the priorities, highlighting where the shared values of the entire Euro-Atlantic region are being defended right now. It also… pic.twitter.com/cknjtn7SsY
— Volodymyr Zelenskyy / Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) October 3, 2024
Дополнителни детали за посетата на Руте не беа веднаш објавени. Зеленски на „Икс“ напиша дека разговарале за неговиот план за победа.
Руте, поранешен холандски премиер, во вторникот ја презеде функцијата нов генерален секретар на НАТО на местото на Норвежанецот Јенс Столтенберг, кој ја предводеше алијансата во изминатата деценија.
Европа
(Видео) Се запали моторот на авионот на „Рајанер“ во Италија, патниците евакуирани
Патници се евакуирани од авионот на „Рајанер“, чиј мотор се запалил на летот Бриндизи – Торино во Италија.
Локалните медиуми јавија дека избувнал пожар на моторот на летот на „Рајанер“ со број 8826, кој требало да полета од градот Бриндизи на југот на Италија кон Торино на север. Од авионот се евакуирани 184 лица.
Ryanair Boeing 737-8AS aircraft (9H-QCB) engine caught fire at Brindisi Airport, Italy, nearly 200 passengers evacuated through emergency evacuation slides .
Flight FR8826 was preparing for take-off at Brindisi Airport in Italy when flames appeared from the Right engine.
The… pic.twitter.com/UBziP9pKf0
— FL360aero (@fl360aero) October 3, 2024
Италијанската противпожарна служба соопшти дека нема повредени. Исто така, беше наведено дека сите летови на аеродромот во Бриндизи се суспендирани.