Македонија
Одложен изборот на шефови на вишите обвинителства, немаше кворум

Обвинителот Љубомир Јовески поради здравствени причини не дошол на седницата на Советот на јавни обвинители каде требаше да се изберат шефови на вишите јавни обвинителства, но и избор на шефови во основни обвинителства. Поради неговото отсуство, немаше кворум за гласање и носење одлуки. Претседателот на Советот, Антонио Јолевски, посочи дека нема услови за работа.
На седницата требаше да се изберат шефови во Вишото јавно обвинителство – Скопје, како и Вишото јавно обвинителство – Гостивар. Бидејќи немаше избор, в.д. шеф, во Скопје е Мустафа Хајрулахи, а во Гостивар, Вјолца Омази. Тие ќе ја вршат функцијата до изборот кој засега не е закажан. Вршители на должноста шефови се назначени и на ОЈО Битола, ОЈО Велес, за ОЈО Гостивар, за ОЈО Кавадарци и за ОЈО Куманово.
Претседателот на Советот на јавни обвинители, Антонио Јолевски, на почетокот на денешната седница појасни дека поради отсуство Љубомир Јовевски немаат услови за избор на шефови на Вишото јавно обвинителство – Скопје и Гостивар, но поради испразнетоста на местата да постават в.д. основни јавни обвинители.
Отсуството на Јовевски е поради здравствени причини, соопшти Јолески на денешната седница. Денеска Советот на јавни обвинители, го предложи јавниот обвинител Бесир Алиу за член на Управен одбор на Академијата за судии и јавни обвинители.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Зелен хуман град почнува со собирање потписи за основање партија

Граѓанската иницијатива Зелен хуман град почнува процес на собирање 1.000 потписи за да основа партија.
„Драги луѓе, Зелен хуман град ја формира првата партија во Македонија која во срцето на својата политичка агенда ги позиционира социјалната правда, заштитата на животните и животната средина. ЗХГ е воедно и првата партија во историјата на Македонија што ја основаат долгогодишни волонтери, а не спонзори. Ја основаат луѓе што со години во континуитет ги вложуваат своето знаење, време, енергија, како и финансии, за да создадат здраво и функционално општество за сите – и за луѓето и за животните. Иако сме принудени да ја основаме партијата само за да имаме право да се кандидираме на избори – нашето делување останува идентично како и до сега – хоризонтално, со директна демократија и активизам, отворено за секој што ги дели нашите вредности“, велат од иницијативата.
Од таму велат дека втора изборна година по ред ја отвараат вратата на секој што смета дека има доволно знаење и ентузијазам да се придружи на нивната листа за Совет на Град Скопје.
Во изминатите 4 години, велат од таму, како дел од Советот на Град Скопје со само 2 од 45 советника успеавме да постигнеме неколку преседани.
Македонија
За една недела „пајакот“ кренал 74 возила во Центар

ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје во периодот од 28.07. до 02.08.2025 година, со помош на специјалните возила „Пајак“ отстранија 74 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
Македонија
Бизнисменот Душко Чифлиганец загина во несреќа со мотор

Младиот бизнисмен Душко Чифлиганец загина на 32-годишна возраст во несреќа со мотор во Брно, Чешка.
Тој е син на познатиот стопанственик и универзитетски професор Ванчо Чифлиганец и беше заменик-претседател на „Адора бизнис-групацијата“.
Чифлиганец беше љубител на спортскиот мотоциклизам.