Црна хроника
Мигрант починал од струен удар, се криел во товарен воз

Синоќа во 19:06 часот во полициското одделение Петровец било пријавено дека при преглед на товарен воз на Железничката станица Илинден, кој сообраќал на релација Гевгелија-Табановце, од страна на полициски службеници, во еден момент се чул силен звук проследен со јака светлина.
Откако била исклучена струјата било забележано починато лице, најверојатно мигрант кој немал документи за идентификација, а кој кога сакал да се симне го допрел струјниот вод.
Смрт констатирал лекар од итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Бил извршен увид на местото на настанот, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Ги претепал двете сестри: кривична за 19-годишник од Тетовско

СВР Тетово поднесе кривична пријава против 19-годишник од тетовско село.
Тој се сомничи за сторено кривично дело „телесна повреда“.
Имено на 09.08.2025 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал двете негови сестри, од кои едната е малолетничка.
Црна хроника
Прегазено седумгодишно дете во Скопје

Вчера во 17:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека на ул.„Максуд Садик“ во Скопје, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната А.А. од Скопје, удрило во седумгодишно дете-пешак од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобило детето, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Црна хроника
Тинејџер доби кривична пријава за вонбрачен живот со дете

Полицијата поднесе кривична пријава против М.С.(19) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривичното дело.
Според информациите на МВР, на 02.09.2025, по претходен договор со малолетничката, тој со возило ја земал од едно струшко село и ја однел во неговиот дом во Кавадарци.
Откако настанот бил пријавен од родител на малолетничката, преземени се мерки во соработка со Центарот за социјални работи од Кавадарци и малолетничката е вратена во нејзиниот дом.