Црна хроника
Украле „голф“ па предизвикале сообраќајка, уапсени двајца малолетници од Тетово
Полицијата уапси двајца малолетници од Тетово, украле патничко возило а подоцна предизвикале сообраќајна несреќа.
Имено, вчера околу 12:35 часот во тетовско Сиричино полициски службеници на СВР Тетово лишиле од слобода двајца малолетници од Тетово затоа што претходно противправно одзеле патничко моторно возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, кое било паркирано на улица Борис Кидрич во Тетово, а со кое нешто подоцна предизвикале сообраќајна незгода.
Возилото било пронајдено и вратено на сопственикот М.В.(51) од Тетово.
По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
На граничниот премин Долно Блаце уапсен маж од Косово
Вчера во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода 24-годишниот В.И. од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска, извести МВР.
Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода за понатамошна постапка.
Топ
Во тешка сообраќајна несреќа загина 20-годишник од Прилепско
Вчера во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај село Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот М.М. од село Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 43-годишниот К.Т. од Скопје, извести МВР.
„Во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Градската општа болница Прилеп“, соопшти МВР.
Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп.
Црна хроника
Кривична против директорка на градинка во Велес, при аплицирање за позицијата дала сертификат за англиски јазик со невистинита содржина
Единицата за корупција при Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал (ОСОСК) на 25.04.2024 до ОЈО Велес поднесе кривична пријава против 44-годишната М.В. од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, согласно член 380 ст.1 од Кривичниот законик.
„Пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца – детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Р.Бугарија.
Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата“, соопшти МВР.