Контакт

Македонија

Адвокатот Миланов: Костовски не задал удари кон Денис Тот кои биле смртоносни

Објавено пред

Обвинетиот Андреј Костовски не задал удари кон Денис Тот кои биле смртоносни, тврди неговиот адвокат Еленко Миланов. Според него, не постојат удари во глава од обвинетиот, кои според вештаците, биле смртоносни за Тот. Објаснуваше и дека ударот со нога од Андреј кон Тот е од десната страна, што нема никакво значење во однос на можноста да резултира со смрт. Адвокатот Миланов е дециден дека немало умисла, бидејќи обвинетиот Андреј го извадил од такси возилото Тот и се повлекува.

dobivaj vesti na viber

„Сметам дека тука господа судии завршува моментот за постоење на умисла директна за конкретната правна квалификација па дури и за евентуална умисла којашто веројатно се обидува да ја алудира или наметна обвинителството. Сметам дека овој судски совет треба да го ослободи Андреј за правната квалификација сторување на кривично дело убиство. Но, на овој судски совет, со овој опис, останува о однос на обвинетиот Андреј  да може да утврди одговорност и дали тоа би било во насока на помагање или неспречување на нанесување  тесна телесна повреда или ќе утврди одговорност за правна квалификација учество во тепачка во која некое лице го изгубило животот, Андреј прифаќа и не бега од својата вина. Но не и за оваа квалификација (убиство)“, кажа адвокатот Миланов.

Според него, Андреј Костовски бил во афективна состојба.

„Обвинетиот Андреј ниту знаел ниту можел да претпостави таква афективна состојба, а уште помалку, да се согласи со истата, а во насока на тоа и со настанувањето на евентуалните повреди и крајниот исход – смртната последица. Ако го анализираме обвинителниот акт, дали во неговиот основен облик или во изминетиот дел, ќе се утврди дека апсолутно нема никаков елемент или момент за директна или евентуална умисла кај обвинетиот Андреј за конкретното кривично дело или  каква било повреда на сега починатиот Тот. Она што стои во диспозитивот, а што го потенцираше и застапникот на обвинението во својот завршен збор е дека обвинетиот Андреј во моментот кога го извлекува Денис од такси-возилото, по кратка вербална расправија, се оддалечува и оди до десната врата на такси -озилото. Лице кај кое постои умисла  некој да биде повреден или лишен од живот не би се однесувало вака. Андреј во моментот кога констатира дека Денис Тот не е закана кон него и неговото здравје, се повлекува и оддалечува. Ова покажува дека не постои никаква умисла за повреда или уште помалку, ваква правна квалификација“, стои во завршниот збор на адвокатот Еленко Миланов.

Тој кажа дека немало тешка телесна повреда од која настапил смртниот исход кај Тот, а предизвикана од Андреј. Му порача на Обвинителството ако постои таква повреда да каже кој, кога и како ја нанел таа повреда бидејќи не постои соизвршителство за таква повреда.

„Она што како докази за конкретните повреди и нивното влијание вие како судски совет можевте да го увидите на оваа главна расправа е тоа дека според вештото лице Александар Станков, смртната последица настанала поради нагмечување на почетниот дел од ‘рбетниот мозок и како клучна повреда, на почетниот дел од ‘рбетниот мозок, каде се наоѓаат и виталните центри, за да додаде дека свој придонес имало и нагмечувањето на големиот мозок. Ако овие повреди се клучни за жалниот исход од овој настан и ги поврземе со дејствијата на Андреј кои му се ставаат на товар, според прецизираниот обвинителен акт каде стои ‘со нога задал удар во задниот кош и со затворена шака удар во пределот на главата’, факт е дека ниту едно од овие дејствија ниту довело, ниту можело да доведе до клучните повреди за настанувањето на смртната последица кај сега починатиот Тот. Кога ја опишува повредата на ‘рбетниот мозок, докторот опишува дека се настанати со ротациони движења на главата предизвикани од удари кои ги добил оштетениот во пределот на главата и лицето. Ударот што се става на товар од обвинетиот Андреј е во пределот на градниот кош. Според ова тврдење на Станков, апсолутно не може да доведе до ниту една од повредите на главата кои се резултат на нагмечување на тој предел и од кои последица е смртниот исход“, додаде Еленко Миланов.

Можевте да извршите преквалификација на делото „учество во тепачка“ во кое некое лице го загуби животот, ѝ порача Миланов на обвинителката.

„И тоа само поради овие две дејствија кои Андреј не ги спореше ниту во Обвинителството, ниту пред претставниците на МВР каде сам се јави и пријави во моментот кога беше објавено дека сега починатиот Денис Тот е во тешка состојба. Андреј ниту тогаш ниту сега не бега од своите дејствија. Андреј ја сфати својата грешка, се кае за тоа што таа вечер воопшто се најде на тој простор, но ниту сакаше, ниту презема дејствие со кое некого би лишил од живот“, додаде Миланов.

Македонија

Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп

Објавено пред

Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен

Објавено пред

Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.

dobivaj vesti na viber
Прикажи повеќе...

Македонија

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Објавено пред

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.

dobivaj vesti na viber

„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.

Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија4 часа

МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците

Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во...

Македонија8 часа

Стојаноски: СДСМ ја напуштија седницата кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти

Лицемерието на СДС излезе на виделина, ја напуштија собраниската седница кога требаше да се разговара за Резолуцијата за наводни мигранти,...

Топ9 часа

Уапсен возачот кој денеска со камион усмрти велосипедист во Гостивар

Полицијата го уапси возачот кој денеска со товарно возило усмрти велосипедист во Гостивар. Според информациите на МВР, денеска (16.12.2025) околу...

Македонија11 часа

(Видео) СДСМ бара оставка од директорката на ГАК по смртта на новороденчето: „Има сомнежи за лекарска грешка“

СДСМ бара оставка од директорката на Клиниката за гинекологија и акушерство по смртта на новороденчето. „Денеска со огорченост стоиме пред...

Македонија12 часа

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски поднесе оставка

Републичкиот обвинител Љупчо Коцевски денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата. Тој кажа дека од почетокот тврдел дека евентуалната постапка за...

Македонија12 часа

ДЗР утврди неправилности во финансиското работење на АД „Државна лотарија“ и можни злоупотреби со паричните средства во готово

Со извршената ревизија во АД Државна лотарија за 2024 година, утврдени се сериозни неправилности кои се поврзани со нелогични и...

Топ12 часа

При претреси во Виница и Виничко пронајдени шест метални детектори, кутија со 43 златни и сребрени монети: петмина уапсени

Вчера полициски службеници од ОВР Виница поради основано сомнение за сторено кривично дело „присвојување на добра под привремена заштита или...

Македонија12 часа

(Видео) Манасиевски: Никој не сака да биде во тимот на Заев и Филипче

„Никој не му се нафаќа на Филипче да му биде дел од тимот, затоа што со Зоран Заев ја држат...

Македонија12 часа

(Видео) Антикорупцискиот тим на СДСМ ја претстави новата платформа против корупција – МИЦКО: Пријавувајте!

„Антикорупцискиот тим на СДСМ, АКТ, ја претставува новата дигитална платформа за борба против корупцијата и криминалот. Македонски истражувачки центар за...

Свет14 часа

(Видео) Четворица херои се обидоа да ги спречат терористите во Сиднеј, само Ахмед преживеа

Црното знаме на Исламската држава, закачено на шофершајбната на сребрена „хонда“ паркирана покрај пешачкиот мост „Бонди бич“, беше злокобен вовед...

Европа15 часа

(Видео) Трамп: Искрено, Украина веќе изгуби територија

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека договорот за завршување на војната во Украина е „поблиску од кога било“ откако...

Свет16 часа

(Видео) Државата Вашингтон нареди итна евакуација во три предградија на Сиетл

Властите во американската држава Вашингтон издадоа наредба за итна евакуација за три јужни предградија на Сиетл во понеделник откако попушти...

Свет16 часа

(Видео) Трамп ја тужи Би-би-си: бара 5 милијарди долари отштета

Американскиот претседател Доналд Трамп поднесе тужба од 5 милијарди долари против Би-Би-Си за манипулирање на неговиот говор на 6 јануари...

Свет17 часа

(Видео) Синот е одговорен за смртта на Роб Рајнер и неговата сопруга, соопшти полицијата во Лос Анџелес

Ник Рајнер е одговорен за смртта на неговите родители, Роб Рајнер и Мишел Сингер Рајнер, соопшти Полициската управа на Лос...

Свет17 часа

Австралискиот премиер: „Нападот беше мотивиран од ИСИС“; Сведоците опишуваат детали од ужасот

Новите изјави на австралискиот премиер Ентони Албанез, штотуку објавени од неговата канцеларија, произлегуваат од радио интервју за ABC Sydney. „Се...

Европа17 часа

Германија има план од 10 точки за Украина, објави „Ројтерс“

Германија ќе ја засили својата поддршка за одбраната на Украина преку план од 10 точки што вклучува заеднички инвестиции, понатамошна...

Македонија1 ден

Светна новогодишната елка! Отворен и Божиќниот маркет во Скопје

Во Скопје вечерва светна новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично беше означен почетокот на празничната...

Свет1 ден

Зеленски: Не е постигнат компромис за територијалното прашање за време на преговорите во Берлин

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека позициите на САД и Украина за поделбата на териториите сè уште се разликуваат. Тој...

Свет1 ден

Херојот Ахмед од Сиднеј би можел да ја загуби раката: „Сè би повторил“

Ахмед ал Ахмед, случаен минувач кој вчера херојски совлада и разоружа еден од напаѓачите на плажата Бонди, порача дека и...

Свет1 ден

(Фото) Фудбалер на македонскиот клуб „Рокдејл Илинден“ меѓу жртвите во нападот на плажата Бонди во Австралија

Меѓу убиените во вчерашниот терористички напад на плажата Бонди е и фудбалер на Рокдејл Илинден – клуб на македонската дијаспора...