Македонија
Спасовски: МВР и Комората за приватно обезбедување се добар пример за меѓуинституционално партнерство
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се обрати на Саемот за безбедност што се одржа во трговскиот центар Сити мол, а во рамки на традиционалната кампања – одбележување на Денови на приватното обезбедување, во организација на Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување.
Спасовски во своето обраќање истакна дека сегментот на приватното обезбедување, како ретко која стопанска дејност во изминативе години бележи впечатлив напредок во секој поглед од неговото работење: организациски, технички, професионален, стручен и нормативен аспект.
„Препознавајќи го тој важен сегмент во делот на безбедноста, Министерството за внатрешни работи и Комората на Република Северна Македонија за приватно обезбедување, уште во 2018 година, поаѓајќи од заедничкиот интерес за продлабочување на партнерскиот однос во унапредување на приватната и јавна безбедност, потпишавме Меморандум за соработка. Овој Меморандум претставува правна рамка што дополнително отвори простор да се размислува и делува околу продлабочување на меѓусебната соработка, користејќи ги сите отворени можности и перспективи во домените на нашата и ваша надлежност – јавната и приватната безбедност”, посочи Спасовски.
Според него крајната цел се повисоки ефикасни нивоа на безбедност во интерес на граѓаните во државата.
„Дека сме добар пример за меѓуинституционално партнерство говори високото ниво на соработка и комуникација, но и постигнатиот степен на развој на дејноста на приватното обезбедување, со конкретни резултати во секојдневното функционирање. И, што е исто така особено важно, очигледните потенцијали што ги нуди и содржи вашата дејност, во контекст на еден поширок јавен интерес”, рече Спасовски.
„За нас како Министерството за внатрешни работи од голема важност и од непосреден интерес се постојаната стручна и професионална надградба на дејноста приватно обезбедување, исто како што е нужен нашиот постојан контакт, размена на искуства и стручна соработка”, нагласи министерот Спасовски.
Спасовски изрази задоволство што и годинашното одбележување на Деновите на приватното обезбедување содржински тежнее кон понатамошно подигање на нивото на квалитет, преку презентација на тенденции кои одат во правец на континуирано унапредување на приватното обезбедување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Намалена видливост поради магла на Плетвар, Ѓавато и Пресека
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП МакедонијаПат.
Намалена видливост до 100 метри поради магла има на планинскиот превој Плетвар, Ѓавато и Пресека, извести АМСМ.
Од 05:25 часот на патниот правец P1105 Удово-Валандово има излевање на Калковска Река на коловозот, се воведува забрана за сообракајот на тој патен правец и се пренасочува на патниот правец Р1401 село Марвинци-Валандово.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Променливо облачно со повремен слаб дожд и ветер
Времето денеска ќе биде облачно со слаб ветер од променлив правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 2 до 9 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 2, а максималната ќе достигне до 7 степени.
Времето во наредните денови
Денеска наместа ќе има услови за слаби врнежи од дожд и снег. Потоа во следните два дена времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Нови врнежи од дожд, а на планините снег се очекуваат од четврток.
Македонија
(Видео) Безбеден град денес регистрираше 500 казни
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва преку објава на социјалната мрежа Фејсбук им порача на граѓаните дека треба да бидат горди на себе.
-Први февруари 2026 година, околу 20 часот. Има драстично намалување на бројката на сообраќајни прекршоци споредено со пред 2 месеци кога почнавме со тест периодот. Имаме околу 500 сообраќајни прекршоци констатирани од страна на паметните камери и сакам да укажам огромна благодарност до македонските граѓани и совесните учесници во рамки на сообраќајот зашто вие сте тие кои овозможивте драстично да се намали бројката за период од околу 2 месеци од 120 илјади прекршоци на 500, порача министерот.

