Скопје
ДУИ незадоволна од планот за поставување крст во општина Бутел
Советниците на ДУИ во општина Бутел јавно во петокот на прес-конференција го изразија своето „крајно незадоволство“, но и како што велат, и незадоволството на целокупната албанска популација во скопската Општина Бутел, за „нелегалната и провокативна“ одлука на Советот на општината за изградба на „непропорционален гигантски крст во оваа мултиетничка и мултирелигиска општина“, велат од ДУИ.
Советниците на ДУИ во општина Бутел јавно во петокот на прес-конференција го изразија своето „крајно незадоволство“, но и како што велат, и незадоволството на целокупната албанска популација во скопската Општина Бутел, за „нелегалната и провокативна“ одлука на Советот на општината за изградба на „непропорционален гигантски крст во оваа мултиетничка и мултирелигиска општина“, велат од ДУИ.
„Ја информираме јавноста но и државните и меѓународните институции дека воопшто не e почитувана легалната процедура во Советот како и Бадентеровото двојно мнозинство кое е законска обврска во овој случај. Преку оваа реакција сакаме уште еднаш да истакнеме дека ние немаме ништо против верските симболи, и тоа сме го докажале со фактот што во општина Бутел само во овој период се изградени неколку православни цркви и за тоа никој од нас не спорел“, се вели во соопштението на ДУИ.
„Меѓутоа, во конкретниот случај јасно се гледа дека се работи за отворена провокација кон 50 процентната неправославна популација во оваа општина. Во овој случај од страна на јавно прокламирани антиалбански центри, како што е Светскиот Македонски Конгрес со поддршка и на дел од политиката се злоупотребува верата за политички реваншизам. Ова носи исклучително голем ризик, не само за соживотот помеѓу етничките и верските заедници во оваа Општина, туку и во целата држава“, порачуваат од ДУИ.
„Затоа, уште еднаш јавно бараме од градоначалникот и советниците во општина Бутел, сериозно да ја преиспитаат оваа незаконска и ризична одлука и оваа отворена провокација кон неправославните граѓани во општина Бутел. Во спротивно, ние нема да сносиме одговорност доколку овој случај влијае негативно на меѓуетничките и меѓуверските односи“, велат од партијата./крај/мф/бс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Бутел и Карпош денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска се планирани неколку прекини во снабдувањето со електрична енегија на корисниците од градот Скопје и неговата околина и тоа:
· во период од 06:00-10:00 часот корисниците на улицата Пајак, улицата Наум Наумовски Борче (од Костарика до Министерство за земјоделие), општина Центар;
· во период од 08:30-14:30 часот корисниците на дел од улицата Радишанска, општина Бутел;
· во период од 09:00-12:00 часот корисниците на улицата 29 Ноември бр.37, општина Центар;
· во период од 09:00-14:00 часот корисниците на дел од улицата Урош Џудовиќ, општина Карпош.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.

