Регион
Милановиќ одби учество на хрватски војници во мисијата на ЕУ за помош на Украина

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ официјално одби да даде согласност за учество на хрватски војници во мисијата на ЕУ за помош на Украина.
Неговото образложение е дека тоа не е во согласност со Уставот и оти не постои меѓународен договор што треба да се почитува во тој случај. Тој рече и дека министерот за одбрана не е тој што му упатува такво барање на претседателот.
„Не се исполнети условите за разгледување на писмото од министерот за одбрана, со кое се бара претходно одобрение од претседателот на Републиката за учество на припадниците на вооружените сили на Република Хрватска во мисијата ЕУМАМ“, соопшти кабинетот на Милановиќ.
Се работи за барање согласност за учество на хрватски војници во мисија на Европската Унија, во која припадниците на хрватските вооружени сили требало да дадат помош во обуката на украинските војници, што неодамна крена бура во јавноста во државата и низа несогласувања и престрелки меѓу владата, парламентот и претседателот на државата.
Кабинетот потврди дека Милановиќ добил писмо од министерот за одбрана, Марио Баножиќ, во кое бара негова претходна согласност за „нацрт-предлогот за одлука на хрватскиот Сабор за учество на припадниците на хрватските вооружени сили во мисија на Европската Унија за воена помош за поддршка на Украина (ЕУМАМ)“.
Милановиќ одбил да даде согласност со опширно појаснување во повеќе точки, меѓу кои и дека министерот Баножиќ не бил ни овластен да бара согласност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Двегодишно девојче најдено мртво на плажа во Грција

Девојче на околу двегоишна возраст е пронајдено мртво на плажа во атинското предградие Палео Фалиро во неделата наутро, пренесуваат грчките медиуми.
На телото на девојчето наишол маж од Египет, кој веднаш ја известил полицијата со повик на бројот за итни случаи 112. Екипа на Брза помош го пренела телото во Детската болница, каде се очекува да биде извршена обдукција.
Во меѓувреме, полицијата ги проверува списоците на исчезнати лица, но засега идентитетот на жртвата не е утврден.
Регион
(Видео) Факели и емоции: „Цесарица“ одекнуваше на фериботот кон Корчула

Три и пол часа по тргнувањето од Сплит, атмосферата на фериботот кон Корчула не стивнуваше. Следеа хитовите на Оливер, а кога бендот ја отпеа „Цесарица“, беа запалени и факели, објави Индекс.хр.
Погледнете ја атмосферата и запалените факели за време на настапот со „Цесарица“:
Регион
Грција бара помош за справување со големите пожари

За активните пожари на неколку различни локации низ целата земја, Грција побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да се испратат шест авиони.
Од попладнево, грчките пожарникари водат битка во источниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во северна Грција, на островите Евија и Китира, како и во јужниот дел на Пелопонез, од бројот 112 за итни случаи беа испратени низа пораки за превентивна евакуација до жителите на зафатените области.
Портпаролот на противпожарната служба информираше дека во сите пожари интервенираат голем број пожарникари заедно со копнени и воздушни средства, но и дека во деловите каде што се пожарите е пријавена штета, чија процена ќе се направи кога ќе заврши гаснењето.
– Сите пожари што избувнуваат овие денови, а особено денеска, брзо се шират, стануваат опасни, а се очекува овие услови да преовладуваат и во наредните денови. Поради оваа причина, нашата земја побара помош од Европскиот механизам за цивилна заштита, со цел да ни обезбеди шест авиони, рече Василис Ватракојанис.