Контакт

Политика

ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ му честита на лидерот затоа што ја продолжува кризата

Објавено пред

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ смета дека опозициската СДСМ продолжува да функционира според нивното деструктивно мото “колку полошо за државата и народот, толку подобро за партијата”.
 

dobivaj vesti na viber

Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ смета дека опозициската СДСМ продолжува да функционира според нивното деструктивно мото “колку полошо за државата и народот, толку подобро за партијата”.

 

„СДСМ е единствената опозиција која бега од избори и бегството од избори го прославува како победа. Толкав е стравот на Заев од соочување со граѓаните. Централниот одбор вчера потврди дека му честитал на единствениот аболиран политичар што ја продолжил кризата во државата со цел да не се соочи со тежок изборен пораз и казна од мнозинството граѓани“, се вели во соопштението.Додаваат дека Централниот одбор, му честитал на Заев, помилуван за криминал од 8 милиони евра, што ќе ја малтретира Македонија уште којзнае колку време само за да избега од реалноста и вистината дека народот не ја прифаќа неговата деструктивна и манипулативна политика и нема да се согласи Заев и СДСМ да ја водат државата.„Централниот одбор му честитал на Заев за тоа што не си поднел барање за повлекување на аболицијата за “Глобал” покажувајќи дека за сите граѓани важат законите и може да одговараат кривично, а само за него не. На тој начин СДСМ останува единствената партија која има лидер, осомничен дека украл 8 милиони евра“, велат од ВМРО-ДПМНЕ./крај/со/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Политика

Седница на ИО на СДСМ: почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за нов претседател на СДСМ

Објавено пред

На 23 седница, Извршниот одбор на СДСМ донесе неколку одлуки и заклучоци. Претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на седницата го потврди повлекувањето од функцијата Претседател на СДСМ и иницираше свикување отчетен Конгрес.

dobivaj vesti na viber

„Согласно член 68б од Статутот и повлекувањето на претседателот на партијата Извршниот одбор заклучи дека почнуваат да течат статутарните рокови за организирање нови директни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Бидејќи избраната Централната изборна комисија согласно Статутот се уште има мандат, во истиот состав ќе ја спроведе постапката за нови непосредни внатрепартиски избори за избор на претседател на СДСМ.

Извршниот одбор ја задолжи Централната изборна комисија врз основа на Статутот на партијата да предложи правилник со предлог роковник за спроведување на директните внатрепартиски избори во текот на месец јуни во транспарентна и демократска постапка.

Извршниот одбор донесе одлука за формирање на Работни групи за активна регистрација на членството за гласање на директните внатрепартиски избори како и за организација на отчетен Конгрес на СДСМ, согласно Статутот.

Членовите на Извршниот одбор, како и членовите на раководството на СДСМ, заменик претседателката, потпретседателите, генералниот секретар, организациониот секретар, секретарот за меѓународна соработка, поднесоа оставки од функциите.

Воедно, согласно поднесените оставки се повикуваат и членовите на Централниот одбор да го следат примерот како морален чин на одговорност.

Со повлекувањето на претседателот на СДСМ, сите претседатели на Општински организации и претседателот на Градската организација се во оставка со глед на фактот дека се именувани од страна на претседателот, а нивната функција ќе ја извршуваат до избор на нови“, се наведува во соопштението на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Македонија

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ, на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Објавено пред

– На носителите на ЗНАМ, уште на личните профили им стојат слики за поддршка на Заев и Пендаровски. Тоа се поддршки што јавно им ги дадоа, така што сегашното нивно делување е малку повеќе лицемерно од нивна страна – истакна Носителот на ИЕ2 и портпарол на Левица, Амар Мециновиќ, во дебатата на ,,24 Вести”.

dobivaj vesti na viber

Според Мециновиќ, СДСМ ако ја примеа пораката, немаше Оливер Спасовски да биде носител во ИЕ2, после скандалите со пасошите за белосветски криминалци, за голготата за македонските граѓани со пасошите и за бегството на Груевски:

– Од друга страна, за СДС имам конкретна порака, но СДС не ја прима пораката! Пораката не е примена, затоа што нивниот носител во Двојка имаше страшни резултати. Имаше: од бегството на Груевски до оваа голгота што им се случи со пасошите на граѓаните и во меѓувреме – издавањето на пасоши за белосветски криминалци.

Говорејќи за Францускиот предлог и за ненаситноста кон бизнис – интересите од страна на СДСМ, Мециновиќ рече:

– Исто така, не ја примија ни пораката кога народот го отфрли Францускиот предлог. Не ја примија ни пораката кога Заев го изгуби легитимитетот, така што на сила се одржаа на власт до 2024 год. Практично, за да ги задржат нивните бизнис – интереси.

Мециновиќ постојано става акцент и на неоспорниот факт дека челниците од ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот:

,,ЗНАМ го избришаа АСНОМ од Уставот кога го носеа Преспанскиот, со оглед на фактот дека тогаш беа дел од раководството на тогашното СДС. Затоа, целата нивна сегашна реторика е лицемерна”.

Левица е единствена искрена, чесна, неподмитлива опција, која се бори за нулта – корупција, радикални промени во системот и нуди решенија за сите целни групи граѓани во Македонија:

,,На 8 мај, заокружете го број 5! Искористете го своето право на глас и гласајте за Левица! Со повеќе пратеници во Парламентот, борбата ќе биде посилна!”

Прикажи повеќе...

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Објавено пред

Ромската заедница има најмлада популација во државата и тој потенцијал треба да се искористи, порача Ќемал Сулејманов, носител на листа во Изборна единица 3 на средба со жителите на Криволак.

dobivaj vesti na viber

„Нашата заедница е најмладата популација во државата. И нашите млади бегаат надвор од државата, барајќи решенија, а ние увезуваме работници од азиските држави. Мора да најдеме решение како нашите млади да останат во државата. Заеднички да ги направиме промените иво нашите инситтуции да имаме наши луѓе. Ветуваме дека промените почнуваат со Аваја. Вашиот глас го давате за подобра иднина и соединети да покажеме дека сме тука“ порача Сулејманов.

Според него, доволно е ромската заедница да биде третирана само како чистачи и амалџии „Драги браќа и сестри, ги знам вашите проблеми со кои се соочувате, тие се мои проблеми и мора да засукаме ракави по избори и заедно да ги решаваме. Мора да се сооединиме и да почнеме со промени. Мора да имаме наши луѓе во сите институции и тоа на раководни позиции. Доста не гледаа само како чистачи и нивни амалџии“, рече Сулејманов.

Претседателот на Аваја, Акиф Кариман, рече дека одлучил да ја жртвува индивидуалната кариера за да придонесе кон напредокот на народот. Тој говореше за тоа како другите политичари ги гледаат и вреднуваат Ромите.

„Зошто? Затоа што секогаш не потценуваат. Велат ние знаеме лесно да се справиме со вас. Малку ќе ве преплашиме и вие ќе се повлечете. Ќе ви дадеме под рака и вие ќе бидете на наша страна. Или ако тоа не функционира, ќе почнат со притисоци. И тоа досега функционираше. Но, сега ја имаме Аваја, формирана да биде рамо до рамо со сите нас. Ние сме тука да направиме голема промена и да го предизвикаме статус квото“, порача Кариман.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија31 минута

Вредноста скокнала за 220 милиони евра, најскапата пруга со Бугарија завршува со тунел без крај, рече новиот министер Николоски

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски го повика Јавното обвинителство да го испита работењето на Железница-Инфраструктура и на Јавното...

Македонија3 часа

Eкипа на Брза помош заглавенa во лифт во скопска Кисела Вода

Екипа на скопската Брза помош е заглавена во лифт во подрумски дел од зграда во Кисела Вода, соопшти Центарот за...

Македонија4 часа

Кривична за Самка Ибраимовски поради закани кон уставен судија преку „Фејсбук“

Самка Ибраимовски од партијата ПЦЕР и поранешен пратеник доби кривична пријава поради закани кон уставен судија. Министерството за внатрешни работи...

Свет4 часа

Марк Руте и официјално нов генерален секретар на НАТО, Столтенберг заминува од чело на Алијансата по 10 години

Холандскиот премиер во заминување Марк Руте е избран за нов генерален секретар на НАТО. Северноатлантскиот совет одлучи во средата на...

Македонија5 часа

Радев: Паднаа маските, власта во Скопје се плаши да препознае „Бугарин“ и „бугарскo“

Маските конечно паднаа. Новата власт кај нашиот сосед јасно покажа дека најголемиот страв на политичката класа во оваа држава е...

Македонија5 часа

Надлежните бараат решение, по зголемениот број на пријави за змии во државата

Вчера во Центарот за управување со кризи, директорот Стојанче Ангелов, одржа Координативниот состанок на тема “Загрозување по животот и здравјето...

Македонија5 часа

Хоџа по смената на директорката на Токсикологија: Горд сум што кадар како Бесија Иљази докажа дека може храбро да се соочи со антиалбанскиот менталитет во институциите

Претседателот на Европската демократска партија и член на коалицијата „Европски фронт“, Аријанит Хоџа со реакција по разрешувањето на економската директорка...

Македонија6 часа

ЦУК: Невреме и штети во Светиниколско и Неготинско

Центарот за управување со кризи информира дека имало вкупно 2.281 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи 112 во...

Свет6 часа

(Видео) Џулијан Асанж е на слобода, стави крај на долгогодишната правна битка

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж, пред американскиот суд во Саипан се изјасни за виновен за прекршување на Законот за шпионажа...

Свет7 часа

(Видео) Торнадо на северот на Италија, делови од земјата под вода

Северните и централните делови на Италија беа зафатени од невреме, а во градот Ровиго во провинцијата Венето се формира торнадо,...

Свет7 часа

За прв пат по повеќе од една година, разговараа шефот на Пентагон и рускиот министер за одбрана

Министрите за одбрана на Соединетите Американски Држави и Русија разговараа телефонски во вторникот за прв пат по повеќе од една...

Македонија19 часа

Собранието го донесе Законот за енергетика со кој ќе се спречи поскапување на струјата

Со 84 гласа ЗА, и ниту еден против и воздржан, Собранието го донесе Законот за дополнување на Законот за енергетика...

Регион20 часа

(Видео) Пожар на Халкидики, засега не се загрозени населените места

Пожарите веќе со денови беснеат низ цела Грција, а како што објави порталот „Прототома“, денеска избувнале пожари на Халкидики и...

Топ24 часа

Осуденик во затворот „Идризово“ до смрт претепал друг затвореник: ОЈО нареди истрага за случајот

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело тешка телесна повреда од...

Македонија1 ден

Таравари ја разреши директорката на Токсикологија, Бесија Иљази, разрешени и други директори

Министерот за здравство, Арбен Таравари, ја разреши од должноста в.д. економската директорка на Клиниката за токсикологија, Бесија Иљази, по најавите...

Економија1 ден

Мицкоски за инвестицијата на „Алказар енерџи“: 55 ветерници ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија

Ветерен парк со 55 ветерници, кои ќе произведуваат еден терават-час електрична енергија, ќе се гради меѓу Карбинци, Штип и Радовиш....

Македонија1 ден

Нестабилно време до петок и невреме на повеќе места, најавуваат метеоролозите

Под влијание на исклучително нестабилна воздушна маса до петок ќе се задржи променливо облачно и нестабилно време со пороен дожд...

Македонија1 ден

Се санираат штетите од невремето во Скопје и Тетово

Ситуацијата со завчерашното невреме што ги зафати Тетово, Скопје и околните општини полека се нормализира. Од Центарот за управување со...

Македонија1 ден

Бугарски политичар: Опасна е насоката во која политичкото раководство ја турка Северна Македонија

Новоизбраниот премиер на Република Северна Македонија избра конфронтација и газење на европските принципи и упати барање дека има намера да...

Свет1 ден

Објавени први снимки од Асанж на слобода

Џулијан Асанж (52) вчера го напушти затворот со максимална безбедност „Белмарш“ во Велика Британија откако таму помина 1.901 ден. Високиот...