Македонија
Тренчевска: Соработката со УНФПА во подготовката на новата стратегија за демографски политики е од големо значење
Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска се сретна со регионалниот советник за економија и демографија од УНФПА од канцеларија во Истанбул и тимот за население и развој од Њујорк, Мајкл Херман, шефицата на канцеларијата во Скопје, Афродита Шаља, и дел од тимот на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) во земјава.
На средбата се разговараше за подготовката на новата Стратегија за демографски политики на Македонија, која има огромно значење како документ со кој се идентификуваат приоритетните области и насоки за подобрување на постојните демографски трендови преку спроведување долгорочни политики и подрачја на дејствување кои директно и индиректно влијаат на демографскиот развој во државата.
„Во подготовката на стратегијата од големо значење ќе бидат информациите од страна на сите министерства. Затоа што се работи за национална стратегија и сите области се важни. Анализата од пописот на населението и Анализата на кои работи консултант ангажиран од Канцеларијата на УНФПА за да спроведе ревизија на имплементацијата на националната Стратегија за демографски политики 2015-2024 година., во која е вклучено и Одделението за анализа, планирање и развој на демографски политики на министерството, ќе бидат значаен инпут за подготовка на стратегијата. Таа треба да биде усогласена со Националната развојна стратегија и Стратегијата за развој на човечкиот капитал“, истакна Тренчевска.
Министерката посочи дека крајниот резултат е подготовка на стратегија изградена на реални демографски податоци, како податоци за миграцијата, стареење на населението, наталитетот и која ќе даде висински насоки во градењето на политиките кои се однесуваат на целото население во државата. Политики кои се однесуваат на здравството, образованието, социјалната и детската заштита, социјалните сервиси, вработувањето, родовата еднаквост во сите сфери на општеството.
Финалната верзија на Стратегијата за демографија треба да го помине процесот на усвојување од Владата на Република Северна Македонија со заклучоци и задолженија за сите институции.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

