Спорт
Осми ден во Катар: Ако загуби од Шпанија Германија испаѓа

Осмиот ден на Светското првенство во Катар ни ги носи натпреварите од второто коло во групите Е и Ф.
Денот ќе го отворат и затворат дуелите во Е групата. Јапонија од 11 часот ќе игра против Костарика. Самураите по победата над Германија, со нов триумф можат да си обезбедат место во мокаут фазата. Косарика ќе сака да го поправи впечатокот од првото коло кога доживеа дебакл во дуелот со Шпанија (7:0).
Белгија-Мароко од 14 часот и Хрватска-Канада од 17 часот се дуелите во Ф групата.
Белгијците не блеска против Канада но сепак остварија минимална победа. Мароко, во дуелот со Хрватска, беше подобриот тим, на крајот мораше да се задоволи со еден бод.
Канада не беше наградена за добрата игра против Белгија, па против Хрватска ќе се обиде да дојде до бодовите што ќе ги остави во игра за осминафиналето, во случај на пораз оваа селекција ќе биде елиминирана. Хрватите пак ќе се обидат да го поправат впечатокот од првата рунда, кога во 90.минута имаа само една шанса против Мароко.
Денот завршува со пресметката помеѓу поранешните светски шампиони. За Германија дуелот против Шпанија е како финале, во случај на пораз ќе им се повтори дебаклот од минатиот шампионат во Русија, кога испаднаа во групата.
Овој натпревар ќе започне во 20 часот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Бруно промаши пенал, Јунајтед не успеа да победи кај Фулам

Фулам и Манчестер јунајтед одиграа 1:1, во последниот денешен напревар, одигран во рамките на второто коло во Премиер лигата.
Манчестер јунајтед продолжи онаму каде што застана минатата сезона. Ниту скапите засилувања не ја подбрија играта на „црвените ѓаволи“. Кај Фулам, Јунајтед имаше подобри панси но не успеа да му зададе удар на противникот.
Матеуш Куња во првиот дел ја погоди стативата, а во 38.минута капитенот Бруно Фернандеш не реализира пенал. Ужасно шутираше Португалецот, ударот заврши над голот.
Јунајтед успеаја да постигнат гол, во 58.минута по ударот на Јоро, топката го погоди Муниз го смени правецот и заврши во голот.
Фулам изедначи во 73.минута. Стрелец беше Смит-Роу кој нецели 120 секунди претходно влезе во игра.
Спорт
Го избркаа од Марсеј, тој потпиша за Болоња

Младиот англиски крилен играч Џонатан Роу се пресели од Олимпик Марсеј во Болоња.
Роу претходно беше ставен на трансфер листата во францускиот тим откако се степа во соблекувалната цо соиграчот Адриен Рабио, по поразот во Рен.
И двајцата беа суспендирани поради недисциплина, а Роу веќе си најде нов клуб. Овој поранешен играч на Норич одигра десет натпревари за младата репрезентација на Англија и постигна три гола.
Во Болоња ќе има биде замена за Дан Ндоје, кој замина во Нотингем Форест.
Спорт
(Видео) Грилиш како во најдобрите денови, го водеше Евертон до победа над Брајтон

Фудбалерите на Евертон имаа совршено деби на својот нов стадион. По неубедливиот настап и поразот против Лидс во првото коло, играчите на Евертон значително го подобрија впечатокот со победата над Брајтон (2:0)..
Од самиот почеток на натпреварот, Дејвид Мојс на теренот го испрати најзвучното засилување во летниот преоден рок, Џек Грилиш.
Поранешниот играч на Манчестер сити, забележа две аситенции. Во 23-та минута, брилијантно проигра покрај Ендиае, кој со прецизен удар му донесе водство на Евертон.
Уште една магија на Џек Грилиш во 52-та минута, кога му намести гол на Џек Гарнер.
Брајтон можеше да внесе драма во финишот на натпреварот, но Дени Велбек промаши пенал, поточно, голманот Џордан Пикфорд го одбрани ударот од белата точка.
Во следното коло, Евертон ќе гостува кај Вулверхемптон, додека Брајтон има тешка задача пред себе, бидејќи се соочува со Манчестер сити.