Свет
Кинескиот амбасадор во Велика Британија повикан на разговор

Британското Министерство за надворешни работи го повика на разговор кинескиот амбасадор во Лондон поради нападот на кинеската полиција врз дописникот на Би-би-си.
Британски новинар извести од протестот во Шангај, објави денеска лондонскиот весник „Ивнинг стандард“, но за оваа информација засега нема потврда од британското Министерство.
Во последните денови демонстрантите протестираа во неколку градови во Кина против строгите мерки против Ковид-19 демонстрирајќи граѓанска непослушност без преседан откако претседателот Шји Џјинпинг ја презеде власта.
Би-би-си претходно објави дека нивниот дописник Ед Лоренс бил претепан и приведен со лисици додека ги покривал протестите во Шангај.
„Тој беше задржан неколку часа пред да биде ослободен. За време на неговото апсење, полицијата го тепаше и го клоцаше иако беше на должност како акредитиран новинар“, се вели во извештајот на Би-би-си.
Кинеското Министерство за надворешни работи ги оспори овие наводи и соопшти дека новинарот не се идентификувал како известувач.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Зеленски: Германски и чешки компании испорачуваат материјали во Русија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека западните компании, вклучително и германските и чешките, продолжуваат да ја снабдуваат руската воена индустрија и повика на воведување санкции против тие компании.
„Руската Федерација добива машини од одредени земји, а потоа ги користи за производство на оружје“, рече вчера украинскиот претседател на брифинг со новинарите што до денеска беше под ембарго.
Според него, петнаесет такви компании се од Тајван, тринаесет се германски, осум се чешки, шест се јужнокорејски, три се јапонски и три се индиски.
„И една компанија од САД испорачува мал број делови за машините“, додаде тој, велејќи дека ги имал и имињата на сите тие компании.
„Ги споделивме сите овие информации со нашите партнери – Европската унија и САД. Повикуваме тие компании да бидат санкционирани“, продолжи Зеленски.
Според податоците со кои располага украинскиот претседател, споменатите компании можат да ги исклучат ваквите машини, имајќи предвид дека тие „работат со помош на далечински електронски системи“.
„Тие компании можат да ги исклучат, па машините повеќе нема да работат. Тоа би го забавило процесот. Да речеме дека би било како да се разоружа Русија без оружје“, рече тој.
Зеленски рече дека Киев испратил информации за постоењето и работењето на такви компании во 26 земји.
Од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година, строги западни санкции беа воведени кон Москва, конкретно насочени кон спречување на испорака на опрема и технологија што ги користи нејзината воена индустрија.
Но, Москва делумно успеа да ги заобиколи со организирање на увоз преку трети страни или сојузнички земји.
Свет
(Видео) Балон полн со луѓе се запали во воздух и се урна во Бразил, најмалку осум загинати

Најмалку осум лица загинаа во пад на балон со топол воздух во Бразил, додека спасувачките тимови трагаат по преживеани. Според гувернерот на сојузната држава, во балонот имало 22 лица.
Несреќата се случила во јужната бразилска држава Санта Катарина, соопшти гувернерот Жоргињо Мело. Во објава на платформата „Икс“ утринава, Мело изјави дека несреќата се случила во Праја Гранде и додаде дека локалната заедница е во шок поради трагедијата.
🚨¡Última Hora!
🇧🇷Al menos ocho personas fallecieron tras el incendió de un globo aerostático con 22 ocupantes en el municipio de Praia Grande, en el sur de Santa Catarina, Brasil. pic.twitter.com/lyz9Ql9UJK
— AgenciaVNews (@AgenciaVNews) June 21, 2025
Потврдено е дека две лица преживеале.
„Екипите се уште трагаат по другите“, рече гувернерот.
Свет
Висок ирански функционер: Европските предлози се нереални

Висок ирански функционер ги оцени како нереални предлозите што европските сили ги претставија вчера во Женева.
Во изјава за новинската агенција „Ројтерс“, официјалниот претставник рече дека нула збогатување ураниум – што британскиот министер Дејвид Лами вчера го опиша како „почетна точка“ за разговорите со Техеран – е ќорсокак.
Тој нагласи дека инсистирањето на такви позиции нема да ги зближи Иран и Европа, додавајќи дека неговата земја нема да преговара за нејзините одбранбени способности, вклучително и за ракетната програма.
„Во секој случај, Иран ќе ги разгледа европските предлози во Техеран и ќе ги претстави своите одговори на следниот состанок“, рече претставникот.