Македонија
(Видео) Јанчев: Ние сме на страната на народот, вработените од „Комуналец“ ќе добијат и 13-та плата
Кавадарци во континуитет комуналната изградба ја следи со голема динамика. Значи, по 50 години, Кавадарци трајно ги решава атмосферските води и канализациските мрежи, со кои ова строго централно градско подрачје имаше големи проблеми, изјави градоначалникот Митко Јанчев.
„Денеска, заедно со претседателот и со другите, ќе го посетиме Западниот булевар, каде што пред пет месеци претседателот беше на самото почнување, тоа е еден капитален проект од 25 милиони денари и го завршивме за пет месеци, а граѓаните го чекаа 40 години. Тоа е пробивање на новиот булевар во местото наречено Коњски Дупки, ‘Лазар Асијата’ е улицата за која и вие знаете дека се чекаше повеќе од 30 години да се пробие. Околу 32 милиона денари комплетна инвестиција, значи ги правиме овие проекти, ги правиме со атмосферска, канализациски мрежи, со водовод, со улично осветление, со тротоари, комплетно завршени. Тој проект е во фаза на пробивање и најкраток рок за завршување е шест месеци со оглед на временските прогнози. И тоа се пари обезбедени од Општина Кавадарци, без никакви други донации.
И да не заборавиме, денеска ќе го посетиме и колекторскиот систем, кој е во должина од 600 метри, ФИ 800. Тоа го работи јавното претпријатие ‘Комуналец’ со лични средства, со лична инфраструктура и комплетна нивна работа. Инвестицијата е 9 милиони денари, сакам тоа да го потенцирам и да кажам дека нашето јавно претпријатие е во добра кондиција и е единствено јавно претпријатие што само прави такви конструкции од голем аспект. И заедно, впрочем заедно со советниците од ВМРО-ДПМНЕ, и со претседателот, во консултација и на моја иницијатива, предложивме јавното претпријатие ‘Комуналец’ оваа година, најтешка година, да земе 13-та плата, односно на вработените во јавното претпријатие ‘Комуналец’ да им се се исплати К15“, рече Јанчев.
Тој го обвини СДСМ дека е против тоа да се даде 13-та плата на работниците од јавното претпријатие „Комуналец“, а како што рече, нивните плати се толку на ниско ниво, што луѓето едвај се прехрануваат во месецот.
„Ние сме на страната на народот и на страната на работодавците. Ние не земаме пари од граѓаните за да собереме за плата како што кажуваат тие, како што напаѓаат, напротив, со реализација на јавното претпријатие, кое со сопствени ресурси ги правело конструкциите, доградбите и изградбите на новите капитални објекти, со тоа прави заштеда во делот на сопствените ресурси, е од таму се парите што можеме да ги дадеме за 13-та плата. И да не заборавиме дека во февруари, кога абер немаа другите дека ќе имаме проблем со електричната енергија, ние пуштивме петта мини хидроцентрала со 150 киловати електрична енергија производство на час и инсталиравме 200 киловати фотоволтаици. Е, тука се парите, тука се заштедите, тука е тоа што можеме да го направиме за добро на граѓаните“, порача градоначалникот на Кавадарци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Муцунски: Одлуката на САД не значи крај за туристичките визи и „Ворк енд травел“ програмата
Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, појасни што значи одлуката на САД за стопирање на процесот на издавање на визи. Тој кажа дека се работи за пауза за постапки поврзани со иселенички визи.
„Не прекин, не црна листа, туку пауза, ќе напоменам за постапки за иселенички визи“, рече Муцунски.
Министерот појасни дека не е загрозено издавањето туристички визи, студентски визи како и визи во рамки на програмата „Ворк енд травел“.
„Ова не влијае на сите други постапки за издавање на визи за САД. Доколку сте стопанственик, слободно ќе можете да аплицирате за виза, доколку сте студент кој што сака да студира во САД или да оди на ‘Ворк енд травел’ ова значи дека нема никаква пречка за вас. Доколку сакате туристички да патувате, Светското првенство во фудбал ќе се одржи во САД, исто така, ќе може да патувате туристички“, рече Муцунски.
Тој порача дека јавноста во следните шест месеци дополнително позитивно ќе се изненади од тоа што може да се случи во развојот на визната политика на САД кон нашата држава, односно, како што рече, да почнеме да затвораме прашања кои што 20 години се обидуваме да ги затвориме.
Македонија
Забранети дополнителни 33 нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа – вкупно 307 досега
Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, денеска потпиша налог за ограничување на пристапот до нелегални веб-страници и веб-апликации преку јавните електронски комуникациски мрежи, во случаи на нелегално приредување игри на среќа.
Со најновиот налог се опфатени дополнителни 33 нелегални веб-страници, што значи дека вкупниот број на досега опфатени (забранети) нелегални страници изнесува 307.
Налогот е доставен до Агенцијата за електронски комуникации, која е должна во рок од пет дена да го достави до операторите на електронски комуникациски мрежи за спроведување.
Министерството за дигитална трансформација ќе продолжи со континуирани мерки за сузбивање на нелегалното приредување игри на среќа на интернет, со цел заштита на граѓаните и безбедност во дигиталниот простор.
Македонија
Герасимовски: Поддршката за новороденчињата зголемена од 7.000 на 10.000 денари, инвестираме во нова градинка во Центар
Општина Центар ја зголемува финансиската поддршка за младите семејства и за пензионерите, информираше градоначалникот Горан Герасимовски.
„Еднократната парична помош за секое новороденче се зголемува од 7.000 на 10.000 денари“, изјави Герасимовски.
Со оваа мерка, Општина Центар продолжува со континуирана поддршка за семејствата со новородени деца. Финансиската помош ќе ја добијат сите семејства кои ги исполнуваат условите и се жители на општината.
Покрај директната финансиска поддршка, мерката овозможува и прецизна евиденција на бројот на новородени деца на годишно ниво, што претставува основа за следење на демографските движења во општината. Овие податоци се користат и за поефикасно планирање на капацитетите во детските градинки во Центар.
Дополнително, предвидени се капитални средства за изградба на нова детска градинка во близина на Клиничкиот центар, со капацитет за згрижување на околу 100 деца.
Во рамки на социјалните мерки, Општина Центар ја зголеми и еднократната парична помош за пензионерите со ниски примања, од 2.500 на 5.000 денари.
Истовремено, во тек се подготовки за изградба на дом за стари лица на територијата на Општина Центар.
Фото: Depositphotos

