Црна хроника
Кривична пријава против скопјанец за фалсификување исправа

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против Г. Н. (33) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело фалсификување исправа по член 378 од Кривичниот законик.
Пријавениот во текот на 2022 година извршил преправка на сообраќајната дозвола на своето патничко возило во рубриката „важи до“, при што биле преправени вистинските податоци и биле впишани невистинити податоци, односно била преправена годината на регистрација, па наместо до 2021 година, било впишано до 2022 година.
Така преправената сообраќајна дозвола ја употребил при изготвување и потпишување купопродажен договор за отуѓување на возилото доведувајќи го во заблуда купувачот на возилото дека важноста на регистрацијата е до 2022 година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Кавадарчанец си го реновирал домот и во ѕидот нашол експлозив и фитиљ

Триесет и деветгодишен кавадарчанец нашол експлозив реновирајќи го својот дом.
Според информациите од МВР, Н.М. во внатрешноста на ѕидот нашол 18 парчиња стар експлозив и две парчиња стар фитиљ.
Пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување безбедно ги подигнал предметите, а увид на местото извршила увидна екипа на ОВР Кавадарци.
Црна хроника
Сообраќајна незгода меѓу автомобил и службено возило на МВР, повредени полицајци

Четири лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 18.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Србија“, ул.„3 Македонска Бригада“ и ул.„12 Македонска Бригада“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Ј.(54) од с.Марино, скопско и патничко возило „рекстон“, сопственост на МВР.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле возачот и сопатникот во патничкото возило „ауди“ и двајца полициски службеници, сопатници во службеното возило, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.
Црна хроника
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајна несреќа на „Партизанска“

Мотоциклист се здобил со тешки повреди во сообраќајна несреќа што се случила вчера во Скопје.
Според информациите на МВР, вчера околу 07.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„8 Септември“ и бул.„Партизански одреди“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „шкода“ со српски национални ознаки, управувано од С.П.Н.(58) од Скопје и мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.К.(43) од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.