Спорт
Швајцарија ги искористи сите „дупки“ во одбраната на Србија за осминафинале, Камерун прв го победи Бразил!

Светското првенство во Катар ги доби сите 16 осминафиналисти, откако Швајцарија го „визираше“ последното место со 3:2 победа над Србија во одлучувачкиот меч за да го запечати второто место во групата Г зад Бразил, кои загубија од Камерун со примен гол во 91. минута. Швајцарците сега ќе се судрат со Португалија во осминафиналето, додека Бразил ќе ја пречека Јужна Кореја.
Дуелот помеѓу Швајцарција и Србија предизвикуваше огромно внимание, не само поради тоа што се работи за меч за пласман во осминафинале на еден Мундијал, по бурниот меч од СП во Русија во 2018 со политичка позадина, но како и тогаш, на крајот Швајцарците се радуваа откако нивните напаѓачи фантастично ги искористија сите грешки во одбраната на Србите.
Џердан Шаќири, исто како во 2018 година, постигна гол против Србија, отварајќи го резултатот во 20. минута од мечот, но Србија најави дека има доволно моќ во нападот за пресврт – Александар Митровиќ во 26.минута постигна прекрасен гол за глава, за девет минути подоцна, Душан Влаховиќ да донесе 2:1 водство за „орлите“. Меѓутоа, во 44. минута од мечот, користејќи една од многуте грешки на Србија во одбраната, Бри Емболо го постигна својот втор гол за 2:2. Наместо во второто полувреме Србија да тргне по гол кој ќе им обезбедеше место во осминафинае, тие дозволија фудбалерот на Нотингем форест, Ремо Фројлер во 48. минута да донесе водство за Швајцарција. Ова водство тие го задржаа до крајот на мечот за голем успех на нивната репрезентација. Србија во финишот не успеа да стигне до некој импулс да се тргне офанзивно во потрага по два гола.
Бразил, пак, во меч кој не значеше многу за нив, го доживеа првиот пораз на Мундијалот, откако Винсен Абубакар во 91. минута постигна гол, по што иронично доби и втор жолт картон за прославата.
Графика: Sofascorе за Топспорт.мк
(function (el) {
window.addEventListener(“message”, (event) => {
if (event.origin.startsWith(“https://www.sofascore”)) {
if (el.id === event.data.id) {
el.style.height = event.data.height + “px”;
}
}
});
})(document.getElementById(“sofa-standings-embed-3960-41087”));
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Де Брујне погоди на дебито, Наполи го победи Сасуоло

Наполи славеше на гостински терен против Сасуоло со дебитантскиот гол на Кевин Де Брујне, додека Џенова и Лече одиграа без голови во првиот натпревар од Серија А.
Доста лесна победа на стадионот „Мапеи“ извојуваа бранителите на титулата, кои ја демонстрираа забележливата разлика во квалитетот помеѓу двата тима.
Домашниот тим речиси и да не го загрози актуелниот шампион, а бедемот пред голот на Стефан Турати не издража долго.
Во 17-та минута, Матео Политано го проигра Скот Мектомини, кој ја упати топката со глава во мрежата од десет метри. Истиот играч беше блиску до втор гол непосредно пред полувремето, но неговиот силен удар од далечина ја погоди гредата.
Конечниот резултат беше поставен во 57-та минута кога Кевин Де Брујне го постигна својот деби гол во синиот дрес. Белгиецот изведе слободен удар од голема далечина, обидувајќи се да центрира. Никој не ја допре топката, а таа го измами голманот и влезе во голот.
Во следното коло, шампионот на Италија ќе се сретне со Каљари, додека елитата на Сасуоло ќе се соочи со Кремонезе.
Спорт
Наполи и Хојлунд постигнаа договор, на потег е Манчестер јунајтед

Расмус Хојлунд еден од непожелните играчи во системот на менаџерот Рубен Аморим е чекор поблиску до новиот клуб. До крајот на преодниот рок, Данецот, ќе го засили Наполи. Италијанскиот шампион мораше да реагира на пазарот откако се повреди Ромалу Лукаку.
Вчера, како што објавија италијанските медиуми, Наполи ги заврши клучните преговори. Со фудбалерот клубот го договорил должината на договорот и платата.
Манчестер јунајтед е информиран за сè, па трансферот е многу блиску до реализација. „Црвените ѓаволи“ нема да прават проблем бидејќи Хојлунд не е во плановите на менаџерот Аморим.
Хојлунд по две сезони ќе се врати во Серија А. Претходно го носеше дресот на Аталанта.
Спорт
Продолжува доминацијата на Маркез – Шпанецот ја освои пол-позицијата во Унгарија

Осумкратниот светски шампион Марк Маркез беше најбрз во квалификациите на патеката Балатон Парк во рамките на трката за Големата награда на Унгарија.
Марк Маркез ја продолжи доминацијата во „кралската класа“, во шест наврати го направи најбрзиот круг, а пол-позцијата ја освои со време 1:36.518.
Првиот ред, заедно со 32-годишникот од Сервера го комплетираа Италијанците Марко Бецеки (Априлија) и Фабио ди Џанантонио (ВР46).
Во третата минута од втората квалификациска рунда, Шпанецот Педро Акоста (Ред Бул) излета од патеката и не можеше да продолжи со натпреварувањето. Мотоциклот на 21-годишникот стана неупотреблив.
Енеа Бастијанини (Ред Бул), Франко Морбидели (ВР46) и Фабио Квартараро (Јамаха) ќе стартуваат од вториот ред, а Педро Акоста, Фермин Алдегер (Гресини) и Лука Марини (Хонда) од третиот.
Иако помладиот брат на Маркез, Алекс, го имаше 11-то најбрзо време во квалификациите, возачот на Гресини беше префрлен на 14-та позиција бидејќи, ден претходно заработи казна од три позиции поради блокирањето на Франческо Бањаја.
Тимскиот колега на Маркез од фабричкиот тим на Дукати, Франческо Бањаја, не успеа да ја помине првата квалификациска сесија.
Италијанецот, кој освои две титули по ред во елитното натпреварување, ќе стартува од 17-та позиција.
Foto/ EPA/Tamas Vasvari