Свет
Севернокорејската армија истрела предупредувачки гранати во морето во зоната на разграничување
Артилериските единици на армијата на Северна Кореја втор ден по ред добија наредба за изведување вежби за гаѓање со боеви глави во морето, како одговор на вежбите на армијата на Јужна Кореја во регионот Чеорвон во близина на линијата за демаркација, соопшти Генералштабот на армијата на Северна Кореја.
Во соопштението на Генералштабот се наведува дека денешниот планиран артилериски оган бил наменет како предупредување за јужнокорејските сили, откако Пјонгјанг открил дека војската под контрола на Сеул изведува артилериски вежби, пренесува АП.
Ова е првпат Северна Кореја да спроведува артилериски вежби од 3 ноември, кога истрела околу 80 артилериски гранати на територијата на демилитаризираната поморска зона во близина на нејзиниот источен брег.
Војската на Јужна Кореја спроведува вежби со боеви гаѓања кои вклучуваат тестирање на повеќе ракетни системи и хаубици на два одвоени полигони во регионот Чеорвон, во близина на линијата за демаркација, кои започнаа вчера и ќе продолжат три дена, пренесува АП.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Цел на напади била и иранската државна телевизија
Иранската државна телевизија соопшти дека била цел на напади откако серија моќни експлозии го потресоа Техеран, иако не била прекината.
„Техничкиот тим ја проценува штетата“, соопшти радиодифузерот, кој исто така беше цел на напади за време на 12-дневната војна меѓу САД и Израел против Иран во јуни.
Свет
Во напад врз женско училиште во Иран убиени се 165 ученички
Сто шеесет и пет ученички се убиени во женско училиште во Минаб, Иран, објавија иранските државни медиуми.
Иран вели дека училиштето било погодено во израелски напад. Израел негира дека извршил напади во областа.
Иранските медиуми велат дека 96 лица биле ранети во нападот.
Свет
Трамп се согласил да разговара со новите ирански лидери
Американскиот претседател вели дека новото раководство на земјата сака да разговара со неговата администрација и дека тој планира да го стори тоа.
„Тие сакаат да разговараат и јас се согласив да разговарам, па затоа ќе разговарам со нив“, беше цитиран од списанието „Атлантик“.
„Требаше да го направат тоа порано. Требаше да го дадат она што беше многу практично и лесно да се направи порано. Чекаа предолго“, додаде Трамп.
Тој не коментираше кога ќе се одржат разговорите.

