Скопје
Велосипедска рута од 11 км се гради во Скопје
Градежните работи за реконструкција на велосипедската патека на булевар „Јане Сандански“ запчнаа во вторникот.
Реконструкцијата на оваа велосипедска патека е дел од втората рута од капиталниот проект за подобрување на велосипедската инфраструктура во главниот град „Скопје Велоград 2014-2017“.
Рутата 2 од овој проект е со вкупна должина од 11 километри и истата ги поврзува општина Аеродром, преку општините Центар и Карпош, до општина Ѓорче Петров. Истата ги опфаќа булеварите „Февруарски поход“, „Видое Смилевски Бато“, „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски Питу“, „Кеј 13 Ноември“, Плоштад „Македонија“, бул. „ВМРО“ и бул. „Партизански одреди“ до Порта Влае. По булеварите велосипедските патеки ќе бидат од двете страни, додека од Кеј 13 Ноември до бул. „ВМРО“ патеката ќе биде од една страна и ќе биде двонасочна.
Во втората рута од овој проект се предвидува реконструкција на постојните велоиспедски патеки на булеварите „Јане Сандански“, „Кузман Јосифовски Питу“, „ВМРО“ и „Партизански Одреди“, додека на булеварите „Февруарски Поход“, „Видое Смилевски Бато“ и Кеј „13 Ноември“ ќе се градат нови велосипедски патеки.
На терен на реализација на овој проект ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“.
Изминатиот период интензивно се работеше на велосипедските патеки од Рутата 1 (Гази Баба, Центар, Карпош, Ѓорче Петров), каде што се реконструираа и изградија велосипедски патеки на следниве локации:
– на булеварот Александар Македонски, од клучката кај хотелот „Континентал“, до клучката Естекада, од двете страни;
– на улицата Беласица, од булеварот Гоце Делчев до клучката кај хотелот „Континентал“, од двете страни;
– на булеварот Гоце Делчев, од булеварот Крсте Мисирков до улицата Беласица, од двете страни;
– на булеварот Илинден, на потегот од крстосницата со булеварот Свети Климент Охридски до фонтаната „Лотосов цвет“ и
– на улицата Ѓорче Петров, од булеварот Македонска војска до мостот за Сарај.
Во моментов се довршуваат градежните работи на оваа траса и се работи на спуштање на рабниците за велосипедите, со што ќе се комплетираат работите од Рутата 1, каде што се изградени и реконструирани околу 10 километри велосипедски патеки.
Со проектот „Скопје Велоград 2014-2017“.по должината на градските улици и булевари ќе се оформат четири главни велосипедски рути кои се протегаат во насока исток – запад и 7 конектори кои се протегаат во насока север – југ, и тоа: РУТА 1 – Гази Баба-Центар-Карпош; РУТА 2 – Аеродром-Центар-Карпош-Ѓорче Петров; РУТА 3 – Кисела Вода – Центар – Карпош; РУТА 4 – 2016-2017 година – Бутел-Чаир-Центар, како и седум конектори – 2017 година.
Со реализација на проектот до 2017 година ќе се изградат и реконструираат вкупно 51 километар велосипедски патеки во Скопје. /крај/мф/ап/
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Утре без вода делови од Кисела Вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека поради промена на воздушен вентил на улицата Јустинијан Први (кај мостот), утре прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од село Драчево, општина Кисела Вода.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот.
Македонија
Во текот на јануари се отстранети 𝟤𝟩𝟨𝟧 кубни метри отпад од диви депонии
Во текот на првиот месец од 2026 година, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје подигнаа и транспортираа приближно 13 000 тони мешан комунален отпад од домаќинствата на територијата на градот Скопје, известуваат од Комунална хигиена-Скопје.

„Воедно, беа отстранети и 2765 кубни метри непрописно одложен мешан комунален, кабаст и градежен отпад. Во рамките на активностите за отстранување диви депонии е интервенирано во сите скопски општини, а најголемо количество непрописно одложен отпад – 400 кубни метри се подигнати во општината Центар.

Еко-патролата при ЈП Комунална хигиена-Скопје во текот на месец јануари изготви вкупно 56 едукативни записници за претставници на стопанските субјекти и физички лица коишто биле затекнати при неправилно одлагање на отпадот. Најголем број на записници – вкупно 32 – се врачени во скопската општина Чаир.

ЈП Комунална хигиена-Скопје продолжува со одржување на јавната хигиена на булеварите, како и улиците што се во надлежност на Градот Скопје во сите скопски општини. Секојдневно, во три смени, се спроведува машинско и рачно метење на плоштадот и улицата Македонија, помалите плоштади Филип Втори, Мајка Тереза и Богородица, пешачките мостови во централното градско подрачје, пешачките патеки и тротоарите на мостовите „Гоце Делчев”, и „Слобода”, како и Старата скопска чаршија“, соопшти Комунална хигиена-Скопје.
Македонија
Дел од Центар денеска без вода
Од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известуваат дека денеска:
· поради уличен дефект ф-80 мм на улицата Св. Кирил и Методиј бр. 48, од 08:30 часот до завршување со санација на дефектот, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од дел од истата улица и дел од улицата Димитрие Чуповски, вклучително и ЈЗУ Здравствен дом Железничар, општина Центар.

