Црна хроника
Приведен крадец за сторени седум кривични дела, дополнително расчистени уште четири тешки кражби

Полициски службеници од Отсекот за општ криминал при СВР Штип, по преземени оперативни мерки и активности, расчистија шест кривични дела тешка кражба и едно кривично дело кражба извршени во периодот од 10.11. до 8.12.2022 од викенд куќи и куќи на подрачјето на Штип.
Поради сомнение дека ги извршил делата, приведен е 18-годишниот Е.Ј. од Штип, кој во службен разговор во полициска станица ги признал кривичните дела. Поголем дел од украдените предмети биле пронајдени, одземени и вратени на оштетените граѓани. По комплетирање на случаите против него ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.
По преземени мерки и активности дополнително се расчистени уште четири кривични дела тешка кражба извршени во текот на 2022 од товарно моторно возило, бутик, стан и куќа, за кои постојат основи на сомнение дека ги извршиле Д.М.(33), С.С.(26), Е.М.(20) и еден малолетник, за кои од претходно се преземени мерки. По комплетирање на случаите против лицата до ОЈО ќе бидат поднесени соодветни пријави.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Нападнат ученик од основно училиште во Свети Николе

Полицијата поднесе известување против малолетник од Свети Николе поради постоење насилство врз дете.
Како што соопшти МВР, на 4 јуни во основно училиште во светиниколско село, пријавениот физички нападнал ученик од истото училиште и му нанел телесни повреди.
Црна хроника
Женa во Кисела Вода чистела стара куќа и нашла лименки со натпис „топовски удар“, имало и фитили

Во Скопје, на подрачјето на Кисела Вода, 65-годишна жена при чистење на напуштена куќа што припаѓа на нејзините родители пронашла две лименки завиткани со селотејп. На лименките имало натпис „топовски удар“ и биле поставени фитили.
Жената случајот го пријавила во полицијата на 15 октомври. По пријавата, на местото излегле полициски службеници кои ги подигнале предметите за понатамошна постапка.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Пензионер од Струмица пукал со воздушна пушка кон бензинска пумпа

Полицијата од Струмица поднесе кривична пријава против П.Ж.(71) од овој град поради предизвикување општа опасност.
„На 12.10.2025 околу 16:00 часот, пријавениот со воздушна пушка пукал во правец на бензинска пумпа, каде што биле складирани боци со плин“, соопшти МВР во дневниот полициски билтен.