Црна хроника
Mалолетник прободен со нож на екскурзија во Сарај

Малолетник од скопското село Крушопек со нож прободел момче од Куманово, кое било на екскурзија во скопската општина Сарај, соопшти МВР
Петнаесетгодишното момче вчера околу 15 часот пред општината Сарај се доближил до четиринаесетгодишното момче од Куманово, кое заедно со своите соученици од основното училиште „Наим Фрашери“ од Куманово биле на еднодневана екскурзија.Момчето од Крушопек без повод и причина започнало расправија со неговиот врсник, а потоа настанала и тепачка.Во еден момент тинејџерот извадил нож и го прободел неговиот врсник на левата страна на градниот кош.Момчето веднаш било пренесено во Градската болница во Скопје, каде по укажаната лекарска помош било пуштено на домашно лекување.Од страна на инспектор за малолетничка деликвенција од полициската станица „Карпош“ случајот е расчистен.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Пронајден хашиш кај Италијанец на паркинг на Средно Водно, одреден му е притвор

Вчера околу 21:00 часот на паркинг простор на Средно Водно од страна на полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје од слобода е лишен 27-годишниот Л.Т. од Република Италија. При извршен преглед кај него е пронајден хашиш.
Од страна на Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје против Л.Т. е поднесена кривична пријава по итна постапка до надлежен обвинител, а од страна на судија на претходна постапка му е одредена мерка 30-дневен притвор во КПУ Скопје.
Црна хроника
Маж од Богданци ја истепал сопругата, со која се во бракоразводна постапка, во кафеана

Вчера во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Опожарен трансформатор на ЕВН, нема повредени лица

Вчера во 21:50 часот во СВР Штип е пријавено дека во село Криви Дол, штипско, настанал пожар на трансформатор, во сопственост на ЕВН Македонија.
Повредени лица нема. Екипа од Територијалната противпожарна единица Штип го изгасиле пожарот.