Македонија
Мицкоски: Градоначалниците од власта не дадоа отчет за тоа што сработиле и каде ги потрошиле парите

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната на општина Велес каде што се одржа четвртиот ден од настанот „Твојата идеја за промена“ одговарајќи на новинарско прашање за тоа што мисли за работењето на градоначалниците од власта, истакна дека тие не дадоа ниту отчет за сработеното во изминатата една година и каде ги потрошија парите на граѓаните, ниту пак се отворени за граѓаните учествуваат во креирање буџетите за наредната година како што тоа го прават градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа само ја покажува политичката матрица на власта на СДСМ и ДУИ.
„Не забележав од тие градоначалници од власта кои што не се малку, мислам дека се 15-16 од СДСМ и околу 10-тина од ДУИ. Ниту дадоа отчет што сработиле изминатата една година, каде ги потрошиле парите на граѓаните, каде ги потрошиле дотациите од централниот буџет, бидејќи овие каде што се од ВМРО немаат дотации за капитални проекти, тие се фокусирани каде што имаме градоначалници од власта. Не дадоа отчет, а сега немаат отворени денови за креирање на буџетот за следната година, не знаеме каде ќе ги трошат тие пари, но тоа покажува само каква е политичката матрица на власта на СДСМ и ДУИ, на оваа самобендисана власт, а сега веќе и од меѓународните претставници е преставена и портретирана како многу криминогена и криминална власт. Но тоа е нивен проблем и тоа ќе го проценат граѓаните на следните предвремени парламентарни избори и јас сум убеден дека жестоко ќе ги казнат, затоа бегаат од предвремени парламентарни избори“ истакна Мицкоски и додаде:
„Затоа се тука градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ кои што покажуваат зрелост, храброст, чесност отвореност, транспарентност и сите оние карактерни особини што треба еден современ народен политичар да ги поседува и јас ги охрабрувам во иднина така и да продолжат“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
(Видео) Елитната полициска единица ЕБР прослави 24 години постоење

Со свечена церемонија вечерва на градскиот плоштад во Кавадарци беше одбележан 23 август – Денот на Единицата за брзо распоредување (ЕБР) и 24 години од формирањето на оваа елитна полициска единица при Министерството за внатрешни работи. Настанот се одржа во присуство на премиерот Христијан Мицкоски, раководството на МВР, министри, пратеници, претставници на институциите и локалната самоуправа, полициските синдикати, како и семејства на загинати и починати припадници на ЕБР.
Граѓаните на Кавадарци имаа можност да се запознаат со опремата на единицата преку концептот „До вас, за вас“ и да се дружат со припадниците на полицијата.
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во своето обраќање истакна дека ЕБР е симбол на сигурност и доверба, формирана врз темелите на професионализам, пожртвуваност и верност кон државата.
„Во изминатите две и пол децении, ЕБР се втемели како симбол на сигурност и брза реакција, вистински штит на државата и граѓаните. Ниту еден припадник не се двоуми да преземе одговорност и да дејствува во најризични ситуации, каде што секунда одлука може да значи спас на човечки животи“, порача министерот Тошковски.
Тој додаде дека токму оваа единица има незаменлива улога во борбата против криминалот и корупцијата.
„Разбиени се опасни криминални групи, расветлени стотици дела, запленета е дрога која ќе завршеше кај младите, спречени се илјадници обиди за нелегален влез во државата. Дојде време да покажеме дека државата е посилна од криминалот и дека институциите ја враќаат довербата кај граѓаните“, истакна Тошковски.
На свеченоста зборуваа и досегашниот командант на ЕБР, Зоран Јанаќијев, кој даде свое видување за иднината на единицата, како и градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, кој ја поздрави иницијативата „До вас, за вас“.
Беа доделени плакети на најистакнатите припадници на ЕБР, а претходно во текот на денот беше положено свежо цвеќе пред спомен-обележјето во чест на загинатите херои на единицата.
Македонија
„Корумпираната држава ни ги украде децата“, потресни сцени на маршот во Кочани

Родителите, семејствата и пријателите на младите кои трагично ги загубија животите во пожарот во дискотеката „Пулс“ повторно одржаа марш во Кочани. Повторно се гледаа солзи, тишина и болка, а поворката ја следеа фотографии на загинатите кои нивните родители ги носеа во рацете.
„Корумпираната држава ни ги украде децата. Корупцијата ни го одреди местото каде да ги славиме нивните родендени – на гробиштата. Ни го украдоа сонот, ни ја скратија иднината, а болката ја претворија во наша секојдневна реалност. Бараме правда за нашите деца, бараме крај на корупцијата“, пишуваше на еден од транспарентите.
Слична порака се појави и на друг транспарент: „Моето дете умре, беше убиено од систем кој не штити, туку убива.“
Особено емотивен момент предизвика Мита Тасева, мајката на загинатиот диџеј Стефан Тасевски, чиј роденден се совпадна со маршот.
„Денес небото одекнува од твојата музика, синко наш. Слави го роденденот со ангелите“, порача таа, оставајќи длабока тишина меѓу присутните.
„Ние, родителите, скапо го плативме данокот на корупцијата“, стоеше напишано до фотографиите на младите кои повеќе не се меѓу живите.
Овој марш уште еднаш ја отвори болната тема за безбедноста, одговорноста на институциите и вечната битка на родителите – правдата за своите деца.
Македонија
Сајкоски: Собранието е дом на граѓаните, законот за финансирање донесе нова поддршка

На денешниот Саем-Отчет „4 години работа за тебе“ учествуваше генералниот секретар и пратеник на ВМРО-ДПМНЕ, Ѓорѓија Сајкоски, кој порача дека Собранието останува клучен претставнички дом на граѓаните и преку носење квалитетни закони работи за подобрување на нивниот живот.
„Собранието претставува претставнички дом на граѓаните и со самото тоа се труди најмногу да врати на граѓаните преку носење на квалитетни закони, подобрување на законите и сè она што во делот на локалната самоуправа треба да се направи, за да се подобри таа легислатива“, изјави Сајкоски.
Тој посочи дека изминатата година биле донесени суштински закони кои овозможиле на општините дополнителни средства за реализација на значајни проекти. Како пример го наведе законот за финансирање на локалната самоуправа, преку кој општините добиле повеќе средства за развој.
„Собранието донесе и закон за заем со кој се овозможија средства на секоја општина, што до сега не било. Вкупно 80 општини добија поддршка од Владата за да реализираат проекти. Овие проекти што сега се спроведуваат се суштински и неопходни за граѓаните“, истакна Сајкоски.