Македонија
Мицкоски: Комично делуваат пресметките на две банди од власта додека корупцијата и криминалот цветаат
При денешната посета на општина Велес на настанот „Твојата идеја за промени“ претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на кавгата помеѓу вицепремиерката Грковска и шефот на ЈО Јовевски истакна дека смешни и комични делуваат пресметките на отворена сцена како крими нарко пресметка на две банди од власта додека корупцијата и криминалот цветаат и затоа се потребни предвремени парламентарни избори.
„ Па реков дека веќе од сите страни на меѓународната заедница пристигнуваат обвинувања дека исклучително е криминална власта дека има огромно присуство на криминал и корупција интересни а помалку и смешни комични делуваат оние изјави на министерот за внатрешни работи кој што е министер 7 години за внатрешни работи дека сега еве требало да се реагира многу брзо и да се отвори фронт против криминалот и корупцијата, наместо да каже се повлекувам бидејќи не успеав во тоа, интересно и помалку комично и смешно делува кога доаѓа тоа од владини претставници кој што веќе 5 години се власт во Македонија а најинтересно и најкомично делува од политичката партија која што е 20 години дел од власта во Македонија тоа е ДУИ која што вели е сега е моментот кога ќе се борат со криминалот и корупцијата. Ниту имаат намера ниту ќе се борат. Зошто? Затоа што се ортаци со криминалците и затоа што се корумпирани, затоа се потребни предвремени парламентарни избори, нови луѓе да дојдат кои што ќе ги водат тие институции и кои што навистина ќе се справат со криминалот и со корупцијата. Оваа пресметка на отворена сцена ми делува како крими нарко пресметка на две банди од власта на отворена сцена кои што помеѓу себе, поради тоа што не можат да го поделат пленот и да ги задоволат личните интереси се препукуваат по медиумите. Тоа беше јасно покажано преку изборот на последните кадровски решенија во обвинителството за организиран криминал но исто така и во судскиот совет, и гледаме сега што се случува околу портретирањето од страна на вицепремиерката на јавниот државен обвинител кој што патем речено е предлог на таа иста партија за уставен судија. Затоа велам, потребни се предвремени парламентарни избори побргу смена, после смената да дојдат луѓе што ќе ги водат тие институции и потоа одговорност, ако сакаме навистина да се бориме против криминалот и корупцијата, се останато е само една обична претстава“, нагласи Мицкоски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Здружението на судии загрижено за изјавите за Управниот суд: со нив се врши притисок врз судиите и судиското одлучуваљње
Здружението на судии во врска со реакцијата на Управниот суд на РСМ, ја искажува својата загриженост за изјавите на поединци со кои, како што се истакнува во соопштението, директно или индиректно се врши притисок врз судиите и судиското постапување и одлучување.
Како што велат, припадноста кон одредена политичка партија и можноста за идно владеење односно учество во извршната власт, не смее да се користи за коментирање, заканување или влијание врз судиското одлучување.
Оценуваат дека таквите изјави се штетни пред се за политичките субјекти кои ги пласираат во јавноста, а истовремено може да се разберат и како обид да се поткопа непристрасноста и интегритетот на судиите.
„Во однос на неоснованите обвинувања кои беа упатени на адреса на Претседателот на Управниот суд на РСМ, како Здружение на судии даваме целосна поддршка на колегите од именуваниот суд и напоменуваме дека секој избран судија е независен во своето одлучување и таа независност му е Уставно загарантирана. Па во тој правец и при најмал сомнеж за евентуален обид за притисок или влијание врз неговата работа, без разлика од кого доаѓа, е должен да ги извести надлежните судиски инстанци. Воедно, сите останати општествени чинители, а особено претставниците на политичките партии се должни да ја почитуваат загарантираната судиска независност што е во духот и на демократскиот развој и Европскиот просперитет на земјата“, потенцираат од ова здружение.
Македонија
Одбиена тужбата на „Европскиот фронт“ за избирачкото место во Долнени
Управниот суд ја одби како неоснована тужбата од Коалицијата „Европски фронт“ на решението на Државната изборна комисија (ДИК) за прифаќање на приговорот од Коалицијата „Твоја Македонија” за избирачкото место 1470 во Долнени на Парламентарните избори 2024.
„Европскиот фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024.
Досега Управниот суд ja одби како неоснована и тужбата за избирачкото место 1194, во Општина Крушево.
Македонија
Мицотакис со предупредување: Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат Договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен
Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис уште еднаш ја предупредува Македонија дека прекршувањето на Договорот од Преспа, со кој се реши долгогодишниот спор за името меѓу двата соседа, ќе ги загрози амбициите на балканската земја за членство во ЕУ, пишува грчки „Катимерини“
Говорејќи од градот Верија во северна Грција за време на неговата кампања пред изборите за Европскиот парламент во јуни, Мицотакис изјави дека трите меморандуми за разбирање поврзани со договорот од 2018 година нема да бидат ратификувани од Парламентот се додека новото раководство во Скопје продолжи со прекршување на договорот.
„Ако некои веруваат дека можат да го игнорираат договорот, треба да разберат дека нивниот пат кон Европа ќе остане затворен, а меморандумите нема да бидат ратификувани освен ако не се почитува она што го предвидува договорот“, рече тој.