Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Арсовска се едно исто, тоа само се потврди со блокадите, тие ги предизвикаа, а потоа и ги тргнаа
Ковачевски и Арсовска се едно исто, тоа само се потврди со блокадите, тие ги предизвикаа, а потоа и тргнаа, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Превозниците излегоа и го блокираа градот затоа што Арсовска и Александар Стојковски, директор на ЈСП, кадар на СДС не им ги исплаќаа парите кои им ги должат за извршен транспорт. ЈСП се најде во долгови затоа што претпријатието се користи за матни зделки. Директорот од СДС, назначен од Арсовска, потпиша договор за набавка на гориво за 27 милиони евра, без рабат. Само по основ на непресметан рабат, кој до сега се пресметувал претпријатието е оштетено за 1.5 милиони евра“, се истакнува во соопштението.
Овие 1,5 милион евра, како што додаваат, се сосема доволни за да се реши проблемот со превозниците.
„Ковачевски и Арсовска не го поништуваат договорот за гориво, па нормално е дека ќе мора да најдат пари за да ги исплатат долговите. Скопје е во минус, и затоа Ковачевски мораше да излезе на виделина. Со интервенцијата на Ковачевски се потврди дека тој и Данела Арсовска се едно исто. Со таа разлика што сега коалицијата ја објавија јавно“, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Студени утра, посвежи денови: променливо облачно време со сончеви периоди
Времето денес ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен западен ветер.
Минималната температура ќе биде во интервал од -12 до -3, а максималната ќе достигне од 0 до 7 степени.
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Минималната температура ќе се спушти до -9, а максималната ќе достигне до 3 степени.
До крајот на седмицата ќе се задржи стабилно и суво време. Од среда по котлините ќе има услови за појава на магла, а температурата ќе биде во благ пораст.
Македонија
Без струја делови од Аеродром и Сопиште
Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради зафати во електродистрибутивната мрежа, на ден 13.01.2025 година ( вторник ) без електрична енергија ќе останат:
· од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од дел од ул. Ѓорѓи Андреевиќ Кун. (општина Аеродром)
· од 09:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. 23 Село Сопиште (со сите подулички). (општина Сопиште).
Фото: pexels
Македонија
18-годишникот кој усмрти жена во Капиштец избега од државата, МВР распиша потерница
Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по 18-годишникот кој прегази жена во Скопје и избега од местото на настанот. Според најновите информации, тој избегал и од државата.
„Министерството за внатрешни работи распиша меѓународна потерница по Саитов Саит (18) од Скопје од татко Берти и мајка Ганимете од Скопје. Лицето е барано по централна и меѓународна потерница по барање на ОЈО Скопје за кривично дело по член 300 од Кривичниот законик“, соопшти МВР.
Според истрагата, на 9 јануари, Саитов со „фолксваген пасат“ се движел по улицата „Народен фронт“ без да поседува важечка возачка дозвола. Тој се движел со неприспособена брзина и извршил непрописно поместување во левата коловозна лента, по што со возилото удрил во пешакот 79-годишната Љуба Јаковлеска. По несреќата, тој избегал.
фото/МВР

