Црна хроника
243 санкции за прекршоци што ги прават пешаците

Во текот на вчерашниот ден (14.12.2022), во периодот од 8 до 12 часот, Министерството за внатрешни работи спроведе засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање прекршоци што ги прават пешаците.
При контролата санкционирани се 243 пешаци, од кои 227 за небезбедно преминување лица надвор од пешачки премин.
За време на контролата регистрирани се и 106 други прекршоци.
Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Претрес во Радовиш, пронајдена марихуана, лишено од слобода едно лице

Вчера околу 16:30 часот во Радовиш, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода Н.С.(30) од село Воиславци, радовишко.
При претрес во домот на С.А. во Радовиш, во кој престојува Н.С., извршен со судска наредба, пред влезната врата пронајдена марихуана. Исто така, марихуана е пронајдена и при преглед на Н.С.
За настанот е запознаен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Радовиш, а по документирање на случајот против Н.С. ќе биде поднесена соодветна пријава.
Црна хроника
Шест уапсени по вчерашната тепачка пред угостителски објект во Скопје

На 09/10.10.2025 полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода С.С.(23), М.З.(24), А.Ѓ.(42), И.М.(33), М.З.(55) и Б.Р.(29), сите од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 20:00 часот пред угостителски објект на ул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје бил нарушен јавниот ред и мир помеѓу лишените од слобода и неколку други лица од една страна и А.М.(40), Т.Д. (41) и М.Е. (45) од друга страна.
Сите тие претходно биле во угостителскиот објект.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Црна хроника
Битолчанка измамена за сума од 27.000 евра: лажен лекар и кажал дека ќерка и имала тешка сообраќајка

Вчера во 12:34 часот во СВР Битола, 62-годишна жена од Битола пријавила дека била измамена од едно лице за сума од околу 27.000 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски, се претставило како лекар во здравствена установа и ја известило дека нејзината ќерка имала сообраќајна незгода и се здобила со тешки повреди и дека треба да плати за да ѝ биде направен операција.
Според пријавеното, таа ги однела парите на договореното место и ги дала на едно лице, а откако се слушнала со нејзината ќерка сфатила дека е измамена.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.