Црна хроника
Приведен криминалец осуден на шест и пол години затворска казна
Вчера, во с. Лојане, општина Липково, на локалниот пат кон с. Миратовац, Република Србија, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје го лишиле од слобода И. В. (43) од с. Брвеница, Тетовско.
Тој бил осуден на казна затвор од шест години и шест месеци за сторени кривични дела разбојништво по член 237 и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи по член 396 од Кривичниот законик, а бил баран по централна потерница врз основа на наредба од Казнено-поправната установа „Затвор Идризово“ за доиздржување пет години и пет месеци од казната.
Лицето било спроведено во казнено-поправната установа за доиздржување на казната.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Крадел во продавница, па ја нападнал вработената која се обидела да го спречи
Синоќа во 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на Гази Баба, полициски службеници од ЕВР Гази Баба при СВР Скопје го лишија од слобода З.К.(37) од струшко, со привремен престој во Скопје.
Тој околу 18:00 часот во продажен објект во Скопје, откако одзел производи, физички ја нападнал вработената која се обидела да го спречи.
Полицијата соопшти дека по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
Црна хроника
Разбојништво на автобуска постојка: ограбена скопјанка
Денеска (29.01.2026) во 08:30 часот во СВР Скопје, З.Р.(65) од Скопје пријави дека околу 07:10 часот на автобуска постојка на подрачјето на Центар, едно лице со употреба на физичка сила и одзело личен накит. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Измамена 72-годишна штипјанка: лажен лекар и украл 2.600 евра
Вчера во 13:53 часот во СВР Штип, 72-годишна жена од Штип пријавила дека од едно лице била измамена за 2.600 евра.
Според пријавеното, лицето ѝ се јавило телефонски и се претставило како лекар и ѝ кажало дека нејзината ќерка паднала и се здобила со скршеници.
Затоа требало итно да се оперира, а за операцијата требало да се плати, додека нејзиниот зет давал крв.
Како што е пријавено, таа парите ги оставила на договореното место, но потоа сфатила дека била измамена. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопшти полицијата.

