Црна хроника
Приведени две лица од Тетовско за приредување игри на среќа без дозвола
Полициски службеници на СВР Тетово, вчеравечер, околу 22.30 часот, ги лишиле од слобода Д. С. (32) од тетовско Јанчиште и З. С. (38) од тетовско Подбреѓе, поради сомнение дека сториле кривично дело приредување игри на среќа без лиценца, односно без дозвола од надлежен орган“, казниво по член 156 од Законот за игрите на среќа и забавните игри.
Во акциска контрола реализирана вчера во два ВЛТ-клуба во тетовско Раотинце и во с. Јанчиште спроведена во содејство со Управата за јавни приходи откриена е нелегална веб-платформа со листа од 370 корисници.
Двете лица се сомничат дека на оваа платформа креирале кориснички имиња и им ставале кредит за обложување, а корисниците за добиените кредити им плаќале во готовина.
При контролата од двете лица биле одземени предмети поврзани со делото.
Инаку, во акциската контрола во Раотинце и Јанчиште биле затекнати и три малолетни лица во просториите за игри на среќа, од кои едно како вработен. Д. С. и З. С. се задржани во Полициската станица Тетово и по целосно документирање на случајот, ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Затвореници претепале друг осуденик во затворот Идризово
Вчера во 10.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека во Казнено – поправната установа Затвор Идризово, осуденикот А.Б.(35) од Скопје бил физички нападнат од осудениците З.Р. и К.Л..
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Скопјанец претепан од својот внук
Вчера во 22.45 часот во СВР Скопје, 49 – годишен жител на скопско село пријавил дека околу 22.00 часот во неговиот дом, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот малолетен внук од Скопје.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Во Центар пронајден починат маж, телото предадено на обдукција
Вчера во 13.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во домот на подрачјето на Центар во Скопје бил пронајден починат В.М.(65) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.