Европа
Пронајден дел од скапоцениот накит украден од германски музеј во 2019 година

Германските власти соопштија дека пронашле голем дел од богатствата од 18 век, кои беа украдени од музејот Зелен трезор во Дрезден во спектакуларен грабеж пред повеќе од три години.
Обвинителството и полицијата соопштија дека во текот на ноќта во Берлин обезбедиле 31 предмет, меѓу кои и „неколку делови кои изгледаат комплетни“.
Предметите биле пренесени во Дрезден, каде што полицијата, а потоа и официјални лица што ги надгледува уметничките колекции во градот планираат да ја потврдат нивната автентичност и да испитаат дали се зачувани.
Некои важни предмети се уште не се пронајдени, соопштија властите, но не дадоа информации каде точно се пронајдени предметите и под кои околности.
Во соопштението се наведува дека на откривањето му претходеле истражни разговори меѓу обвинителите и одбраната при судење на лица за кражби што овозможило договор за враќање на украдените предмети.
Во јануари, во Дрезден започна судењето на шест лица обвинети за групни грабежи на 25 ноември 2019 година.
Германски државјани се обвинети за кражба на накит со вкупна осигурена вредност од најмалку 113,8 милиони евра. Притоа биле украдени голем дијамантски брош и дијамантски еполет.
Ризницата е основана во 1723 година и содржи околу 4.000 предмети од злато, скапоцени камења и други материјали изложени во Кралската палата во Дрезден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Европа
(Видео) Запечатена резиденција на папата, во Ватикан владее седисвакација

Ватикан ја запечати официјалната резиденција на папата Франциско, симболично започнувајќи период на жалост.
На снимката објавена од Ватикан се гледа кардиналот Кевин Џозеф Фарел, камерленгото, како гледа како службеник на Ватикан става црвена лента на вратата од резиденцијата на папата, ја врзува, а потоа става восочен печат на лентата. После тоа, Фарел ја проверува пломбата и се уверува дека вратата е цврсто затворена.
The papal apartments in the Apostolic Palace — unused during Pope Francis’ pontificate — have been officially sealed by Cardinal camerlengo Kevin Farrell following the Pope’s death. This act marks the beginning of the “sede vacante” period, during which the See of Peter remains… pic.twitter.com/p3PcYqN050
— EWTN Vatican (@EWTNVatican) April 21, 2025
Запечатувањето на папската резиденција е традиционален обред што го изведува камерленго, привремениот управител на Ватикан, а историски служел за да се спречи ограбувањето на папските одаи.
Овој чин го симболизира официјалниот крај на понтификатот на папата Франциско и почетокот на периодот на седисвакација – период без папа.
Европа
„Гробот нека биде едноставен, без украси, на плочата нека стои еден збор“: Ватикан го објави тестаментот на Папата

Папата Франциско во својот последен тестамент потврди дека сака да биде погребан во базиликата Света Марија Велика во Рим, наместо во базиликата Свети Петар во Ватикан, каде што многу од неговите претходници го најдоа своето последно почивалиште.
Во тестаментот објавен од Ватикан, Франциско јасно ја изразил својата желба да биде погребан „во земја, без посебни украси“, а над неговиот гроб треба да стои едноставна плоча со неговото папско име на латински: Franciscus.
Папата исто така напишал дека договорил неименуван добротвор да ги покрие трошоците за неговиот погреб.
„Трошоците за подготовка на погребот ќе бидат покриени од сумата што ја обезбеди добродетелот, кој договорив да биде префрлен во базиликата Света Марија Велика“, стои во тестаментот.
Европа
Ватикан: Папата почина од мозочен удар и срцево затајување

Ватикан објави дека папата Франциско починал од мозочен удар кој предизвикал кома и неповратно срцево затајување. „Смртта е констатирана со електрокардиограм“, пишува во изводот на смртта потпишан од директорот на Одделот за здравје и хигиена на Ватикан, професор Андреа Аркангели.
„Потврдувам дека Неговата Светост Франциско (Хорхе Марио Бергољо), роден во Буенос Аирес (Аргентина) на 17 декември 1936 година, жител на Ватикан, државјанин на Ватикан, почина во 7:35 часот на 21 април 2025 година, во неговиот стан во резиденцијата Санта Марта“, напиша тој.
Аркангели наведува дека папата по мозочниот удар прво паднал во кома, а потоа починал. Причините за смртта се „мозочен удар“, „кома“ и „неповратна кардиоциркулаторна инсуфициенција“, се вели во соопштението. Во документот се додаваат и претходните здравствени проблеми на папата, „епизоди на акутна респираторна инсуфициенција со билатерална мултимикробна пневмонија, хипертензија и дијабетес тип II“.
Папата Франциско почина околу 90 минути откако утрово го разбудил будилникот, јавија италијанските медиуми. Тој наводно се разбудил кога алармот му се вклучил во 6 часот, му се слошило во 7 часот наутро, а починал од мозочен удар во 7:35 часот, пишува „Кориере дела Сера“. Лекарите претходно објавија дека тој „починал мирно“.