Топ
Уапсен возачот што прегази малолетничка во Велес
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/policija-8.jpg)
Полицијата уапси 29-годишен велешанец кој на 17 овој месец во Велес со патничко возило удри во мајка и ќерка и го напушти местото. Малолетното девојче почина на местото на настанот.
Имено денеска во 11.30 часот, по преземени мерки и активности, полициски службеници во Велес го лишија од слобода А.Н.(29) од Велес, кој на 17.12.2022 околу 22.15 часот на ул.„Борис Трајковски“ во Велес со патничко возило „мерцедес“ со велешки регистарски ознаки удри во пешаците Е.И.(43) и нејзината малолетна ќерка, по што го напушти местото.
Притоа, малолетното девојче почина на местото, а нејзината мајка се здоби со телесни повреди.
Лицето е приведено во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, соопшти полицијата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Македонија
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Филипче се браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери, додека луѓе страдаа и умираа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2020/11/zaev-filipce.jpg)
Заев и Филипче беа рака под рака заедно кога Македонија ја тресеа најтешките коруптивни скандали и трагедии. Од крвавиот тендер, преку криминалот на Онкологија, тендерот за стерилизација, пожарот во модуларната болница, набавката на вакцини, рекордниот број настрадани од Ковид и десетици други, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Филипче е продолжена рака на Заев, браќа по криминал и корупција, заедно правеа матни тендери во здравството, додека луѓе страдаа и умираа.
Во секоја европска држава вакви ликови после таков мандат не би ни помирисале политика, а не пак да водат партија. Но овој двоец Заев-Филипче нема ни срам ни перде. Нив ги води поривот за пари и желбата преку политика да се амнестираат. Ортаци во бизнисот, а последната зделка им беше впишување на целосна сопственост над СДС. Партијата ја претворија во приватна фирма, што е врв на нивната коруптивна дејност“, се истакнува во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.
Додаваат дека тоа што ја земале во заложништво и ја држат заробена партијата, е работа на членството на СДС, но никој друг, според ВМРО-ДПМНЕ, нема да дозволи една крими група да ја уценува државата и политичките процеси во неа.
ВМРО-ДПМНЕ оценува дека Со вакво темпо, СДС е многу близу на следните избори да биде вонпарламентарна партија.
Свет
Туск за можната посета на Орбан на Москва: Виктор, гласините не можат да бидат точни или можат
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/туск.jpg)
Полскиот премиер Доналд Туск го изрази своето изненадување во објава на социјалната мрежа Х по информацијата дека унгарскиот премиер Виктор Орбан би можел да ја посети Москва само неколку дена по неговото патување во Киев.
„Гласините за вашата посета на Москва не можат да бидат точни, Виктор, или можат? напиша Туск, означувајќи го официјалниот профил на унгарскиот премиер во објавата. Информацијата за патувањето на Орбан во Русија ја објавил унгарскиот новинар Шаболч Пањи, а ја потврдиле и извори на „Радио Слободна Европа“.
Унгарската влада се уште не се изјаснила за да ја потврди или негира посетата. Официјален претставник на Европската унија, кој сакал да остане анонимен, изјавил за Радио Слободна Европа дека Орбан не го информирал Брисел за неговото заминување во Москва.
„Да прашаше Орбан, Шарл Мишел силно ќе го советуваше да не ја оствари посетата“, кажал функционерот.
Во вторникот Орбан беше во Киев, каде што им предложи на Украинците да се согласат на прекин на огнот. Претседателот Володимир Зеленски ја отфрли споменатата идеја.
Во понеделникот Унгарија го презеде своето шестмесечно претседавање со Советот на Европската унија.
Свет
(Видео) Италијанците го кренаа највисокото ниво на тревога по излевањето на лавата од вулканот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2024/07/1-1.jpg)
Вулканската активност на јужниот италијански остров Стромболи ги натера властите да го подигнат нивото на тревогата од портокалово на црвено, највисоко ниво, во четвртокот.
Italie 🇮🇹 – #Volcans
🔸Qui de nous deux ? (Comme chantait M)
🔸Inséparables Etna et Stromboli en éruption en même temps ! On savoure ! pic.twitter.com/51JkgIq3XY
— 𝐆𝐞𝐨𝐓𝐚𝐥𝐞𝐬 (@GeoTales_) July 4, 2024
Жителите се повикани да ги следат упатствата на локалните власти за цивилна заштита на малиот вулкански остров северно од Сицилија.
Националниот институт за геофизика и вулканологија (ИНГВ) соопшти дека е забележана зголемена вулканска активност на планината Стромболи, по ктивниот вулкан на островот.
Лава и пепел се излеале од вулканот во морето, соопшти INGV.
На Стромболи живеат неколку стотици луѓе. Бројни туристи доаѓаат на островот по морски пат од Италија или Сицилија со цел да се искачат на вулканот висок 920 метри.