Македонија
(Интервју) Моника Зајкова: Постојат недопирливи политички моќници, одговорноста мора да има име и презиме
Свесно влегов во политичкиот предизвик. Некој ќе каже во време-невреме, меѓутоа не можеме сите да стоиме на страна и да ги гледаме работите од страна. Треба да влеземе во системот и да го поправаме она што не чини или да го пофалиме она што е добро“, вели претседателката на ЛДП, Моника Зајкова во интервју за „Макфакс“.
Образованието и правосудството, оценува таа, се ресори каде постојат најгорливите проблеми, и таму треба да се делува.
„Ако сакате да уништите една нација, уништете ѝ го образованието. Ако сакате да има стагнација во една држава, треба да има уништен правосуден систем, бидејќи тој е темелот на сѐ она што понатаму се случува. Тука треба повеќе да работиме“, подвлекува претседателката на ЛДП, најавувајќи нови иницијативи, конкретно во судството.
„Тука ќе опфатиме дел од сите правосудни органи, од Законот за јавнообвинителска служба, Законот за јавни обвинители, Судскиот совет, кој што никој не го допрел. Но и често напоменувам и тука ќе напоменам, секоја одговорност мора да има име и презиме. И мора да престанеме со онаа генерална слика: „Не чини судството, не чини обвинителството“. Не. Мора да ја детектираме одговорноста и таа одговорност да биде санкционирана“, додава Зајкова.
Според неа никој не треба да се плаши од реформите.
„Затоа што се стекнува слика за тоа како самите политичари се плашат да се реформираат, како да имаат нешто да сокријат“, истакнува Зајкова, не негирајќи дека во државата има недопирливи политички моќници.
„Може да се сложиме да, има. И не за џабе се стекнала сликата дека има недопирливи политички моќници, затоа што де-факто, постојат такви луѓе“, вели таа.
ЛДП ќе ги поддржи уставните измени, потенцира Зајкова, појаснувајќи дека не е добро да се игра на етничката карта.
„Не е добро никогаш да играме на етничката карта и разгорување на тие емоции, затоа што тоа е само поигрување со емоциите и на долг рок, популизмот и таквата политика не носи никому добро. Ќе останеме заглавени во минатото, а треба да се движиме напред, бидејќи гледаме дека сите околу нас се движат напред. И не треба да се користат уставните измени како прашање кое што повторно ќе го дели народот, а гледам дека натаму оди реториката“, истакнува Зајкова, додавајќи дека со ЛДП не е разговарано за проширување на коалицијата.
Дали ќа има изненадувања и нови имиња во редовите на ЛДП, за новите иницијативи, за смената на Милевски, дали Европа води уценувачка политика за влез на Македонија во ЕУ и слично, во интервју за „Макфакс“, претседателката на ЛДП, Моника Зајкова.
.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

