Македонија
Сашо Мијалков се појави во Кривичниот суд
Ексдиректорот на УБК, Сашо Мијалков, во придружба на полицаец дојде во Кривичниот суд во Скопје.
Тој беше спроведен пеш, а комбето на затворската полиција од Струга не беше зад зградата на Кривичниот суд, каде што на паркингот секогаш се симнуваат затворениците по што се спроведуваат во судница.
На прашање од екипата на „А1он“ до Мијалков дали доаѓа од хотелот „Мериот“ или затворот во Струга, тој реши да не одговори.
Прашан како успеал да го надмудри целиот судски систем и од 20 години затворска казна, сите пресуди да се укинат и да има само три, Мијалков не даде одговор и влезе во судот. Тој на скалите во судот се сретна со Мендух Тачи, кој исто така е обвинет за случајот, се поздравија и заедно влегоа во судницата.
Мијалков на минатото рочиште за „Титаник 2“ не беше спроведен од затворот во Струга поради грешка во наредбата за спровод направена во судот. За ова имаше и низа престрелки помеѓу судијата Огнен Ставрев и затворот во Струга.
За разлика од сите затвореници што во судот се спроведуваат со лисици, Мијалков дојде без нив.
„А1он“ побара став и од Управата за извршување санкции – дали ако се гледаат видеозаписите од надзорните камери на затворот, ќе може да се забележи и присуството на Мијалков. Од таму пет дена – нема одговор.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Дел од општина Ѓорче Петров денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од село Орман улица 5, општина Ѓорче Петров.
Македонија
Претежно облачно и тивко, максималната температура до 17 степени
Времето денеска ќе биде прeтежно облачно. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Ќе дува слаб ветер претежно од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -4 до 2, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, претежно облачно и тивко. Во делови од котлината ќе има услови за појава на утринска магла. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне до 16 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и суво време, освен во четврток кога ќе има услови за слаб локален дожд. Во четврток и петок ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северозападен правец кој ќе биде поизразен долж Повардарието.
Македонија
Сиљановска-Давкова: Состојбата е стабилна и нема опасност по безбедноста
Не сме изложени на нестабилност и нема опасност по безбедноста внатре и во регионот. Систем за предупредување постои, институциите ја следат состојбата, се координираат и оттаму е оваа оценка за стабилност и безбедност, изјави претседателката Гордана Сиљановска-Давкова по седницата на Советот за безбедност на која на дневен ред беше безбедносната состојба во земјава по најновите случувања на Блискиот Исток.

Таа додаде дека институциите ќе продолжат да ја следат состојбата.
-Координирани сме и со органите во регионот и ќе споделиме информации, најави претседателката Сиљановска – Давкова.
Претседателката Сиљановска Давкова е претседател на Советот за безбедност, а на седницата присуствуваа и членовите на Советот за безбедност: претседателот на Собранието Африм Гаши, претседателот на Владата Христијан Мицкоски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, министерот за одбрана Владо Мисајловски како и експертите Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска Јорданова, и Владо Спиридонов. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,Тимчо Муцунски, кој е на пат за САД, на седницата беше вклучен преку видеоврска.

На седницата присутни беа и директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева, директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски и началникот на Генералштабот, генерал – мајор Сашко Лафчиски.

