Спорт
Би-би-си: Катар – најдобро СП во 21 век
Во анкетата на Би-би-си за тоа кое светско првенство во 21 век било најдобро, дури 78 отсто од учесниците во анкетата гласале за Катар. Турнирот на кој Аргентина ја совлада Франција во драматично финале по изведувањето пенали победи убедливо, а ниту еден друг турнир не доби повеќе од шест отсто од гласовите.
„Тоа беше Светско првенство полно со шокови, а заврши со можеби најголемото финале досега. Мароко стигна до полуфиналето, Јапонија направи големи изненадувања, а Саудиска Арабија ги победи идните светски шампиони на отворањето“, пишува Би-би-си.
Британската национална телевизија го бојкотираше отворањето на Мундијалот, а во неколку преноси предупредуваше за кршење на човековите права во таа земја, па затоа уште поголемо изненадување е што Катар победи во анкетата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Де Хеа фати два пенали, Мањан еден – Фиорентина го победи Милан
Фиорентина го победи Милан со 2:1 во неверојатен натпревар, кој ќе се паменти по три одбранети пенали, два во првиот дел и еден на почетокот на вториот дел.
Првиот пенал го одбрани голманот на гостите Мајк Мањан, другите два домашниот голман и Давид Де Хеа.
Во 20. минута, судијата Лука Паирето доби повик од ВАР собата поради спорна ситуација на работ од шеснаесетникот во која беа вклучени Додо од Фиорентина и играчот на Милан, Тео Ернандез.
Пеналот го изведе Мојс Кин, но Мањан излезе како победник, тој фати „жива топка“.
„Виолетовите“ тогаш не постигнаа гол, но постигнаа во 35. минута, а стрелец беше Јасин Адли, фудбалер на Милан испратен во Фиорентина на позајмица.
Екипата на Милан имаше одлична можност да израмни во судиското надополнување на првото полувреме, но Давид Де Хеа успеа да го „прочита“ Тео Хернадес и да го одбрани пеналот.
Во 56. минута нов подвиг на Де Хеа, му одбрани пенал на Тејми Ејбрахам.
Сепак, само четири минути подоцна не можеше ништо: Тео Ернандез асистираше, Кристијан Пулишиќ елегантно ја испрати зад грбот на Де Хеа за 1:1.
Во меѓувреме и двете екипи создадоа неколку добри ситуации, а во 73. минута Алберт Гудмундсон со прецизен удар повторно ја доведе Фиорентина во водство.
Натпреварот беше тензичен, во 85. минута црвен картон доби тренерот на Фиорнетина, Рафаеле Паладино, а на крајот црвендоби и капитенот на Милан, Тео Ернандез.
Милан по поразот е шести на табелата со 11 бодови, Фиорентина е на 11. место со бод помалку.
Во следното коло Фиорентина оди кај Леге, додека Милан го пречекува Удинезе.
Спорт
(Видео) Сомнителен пенал го реши дерби Севилјано
Фудбалерите на Севилја славеа против Бетис во градското дерби со 1:0,
Севилја, со денешниот триумф се изедначи со Бетис, двата тима имаат по 12 бода, колку што има и Селта. Овие три тима се на делба од деветтата до 12.позиција.
Домашните први постигнаа гол во 10. минута, но Ејуке беше во недозволена позиција, па голот беше поништен.
На другата страна, голема шанса пропушти Витор Роке кога неговиот удар со глава успеа да го одбрани Ниланд.
Во средината на првиот дел од играта се обиде и Лукебакио од далечина кога Силва одлично реагираше, а до одморот немаше промена на резултатот.
Почетокот на вториот дел го донесе клучниот момент на натпреварот. Диего Љоренте играше со рака, Севилја доби пенал, а Доди Лукебакио беше сигурен од белата точка во 50. минута од натпреварот.
Пеналот е котраверзен бидејќи топката го погоди Љоренте кога тој беше свртен со грб, на само половина метар беше оддалечен од играчот кој шутираше, раката не беше до телото, но физички не можеше да биде.
По повик од ВАР собата, судијата Хуан Мартинез покажа на белата точка, теоретски имаше основа за пенал, но впечаток е дека сепак одлуката беше престрога.
Главниот судија покажа вкупно десет жолти картони, поради два жолти во финишот на мечот беше исклучен Нијанзу.
Спорт
(Видео) Спектакуларен пресврт на Брајтон против Тотенхем од -:2 до 3:2
Фудбалерите на Брајтон со спектакуларен пресврт славе победа над Тотенхем во 7.коло во Премиер лигата. „Галебите“ губеа на полувреме со 0:2, на крајот славеа победа со 3:2.
Како што покажа резултатото првиот дел апсолутно им припадна на фудбалерите на Тотенхем. Постигнаа два гола преку Џонсон во 23. и Медисон во 37.минута.
Домашните се разбудја во вториот дел и за само 18 минути направиа целосен пресврт. Резултатото го намали Минтех во 48., изедначи Рутер во 58, а целосен пресврт направи Велбек во 66.минута.
Брајтон се шести на табелата со 12 поени, Тотенхем имаат два бода помалку и се на деветтото место.