Скопје
Започна реконструкцијата на тротоарите на Рилски конгрес во Црниче

Општина Кисела Вода во петок започна со градежните активности за комплетна реконструкција на тротоарите на улицата Рилски конгрес, во населбата Црниче.
„Денес го промовираме проектот кој е во програмата на општина Кисела Вода и во буџетот усвоен за 2016, а тоа е реконструкција на тротоарите по улицата ‘Рилски конгрес’, во потег од улицата “Банско” до улицата “Пржино”. Се работи за изведба на должина од 600 метри и од левата и од десната страна“, рече градоначалничката на Кисела Вода Билјана Беличанец-Алексиќ.Таа додаде дека работите ќе ги изведува фирмата “Урбан Десигн”, а за изведба на овие градежни активности, општина Кисела Вода од својот буџет вложи околу 3 240 000 денари. „Се надевам дека фирмата иведувач ќе го запази временскиот рок, секако, доколку нѐ послужат и временските услови, за до 30 март тешката механизација да се повлече од оваа улица и истата да биде пуштена во употреба“, изјави градоначалникот Билјана Беличанец-Алексиќ. /крај/со/ст
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Без струја делови од Кисела Вода

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09.00 до 12.00 часот, дел од корисниците од ул. 1523, објектите на фирмите Пастор, Орнамакс и други во нивна близина, корисниците од бул. Борис Трајковски од бр. 77 до бр. 85, како и корисниците лоцирани помеѓу објектите на фирмите Циле Инжињеринг и Интеграф. (општина Кисела Вода)
Македонија
Дел од Центар денеска без вода

Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок Ф 80мм. на Јосиф Јосифовски-Свештарот 34 со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците од улицата Јосиф Јосифовски-Свештарот, дел од населбата Пролет, П.С.Пролет и Амбулантата на МВР.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување на работните активности.
Македонија
Без струја денеска делови од Центар, Гази Баба, Бутел и Ѓорче Петров

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека денеска без електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 08.00 до 13.00 часот, корисниците од ул. Питу Гули од бр. 4 до бр. 20. (општина Центар)
– во периодот од 08.00 до 14.00 часот, корисниците од село Стајковци. (општина Гази Баба)
– во периодот од 09.00 до 11.00 часот, дел од корисниците од ул. Рокомија. (општина Бутел)
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, дел од корисниците од улиците Ибе Паликуќа и Воин Драшковиќ. (општина Ѓорче Петров)