Црна хроника
Претрес во скопско Влае, пронајдена дрога
Едно лице е лишено од слобода кога при претрес кај него била пронајдена дрога.
Според информациите од МВР, вчера во заедничка акција на полициски службеници од СВР Скопје-Единица за недозволена трговија со дрога и оружје и Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно обезбедена наредба од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје, извршен е претрес во стан на Љ.Г. (22) во скопската населба Влае.
При претресот пронајдени се две поголеми пакувања со околу 350 грама амфетамин, дигитална вага, половина килограм марихуана, 333 парчиња екстази и предмети за кои постојат основи на сомнение дека потекнуваат од продажба на дрога.
Претходно Љ.Г. е лишен од слобода и спроведен во полициска станица и до надлежното обвинителство ОЈО Скопје против него ќе биде поднесена кривична пријава за извршено кривично дело по член 215 од КЗ, а во текот на денешниот ден ќе биде изведен пред судија на претходна постапка.
Според добиените информации, пронајдената дрога требало да биде продадена и дистрибуирана на други дилери и уживатели за новогодишната ноќ.
Министерството за внатрешни работи и понатаму продолжува со засилени мерки и активности против недозволената трговија со дрога.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Топ
Гостиварец пронашол кинески гранати под карпа покрај река
Во ОВР Гостивар вчера во 16:20 часот В.В. од Гостивар пријави дека на потегот помеѓу с. Трново и с. Железна Река, под карпа покрај реката, пронашол четири експлозивни направи.
Стручна екипа од МВР ги подигнала четирите гранати од кинеско производство за понатамошно вештачење и расчистување на случајот.
Црна хроника
Со автобус удрил во кабина на Граничниот премин Долно Блаце
Синоќа во 23:55 часот во СВР Скопје е пријавено дека на Граничниот премин Долно Блаце, на излез од државата, И.Ф.(40) од Р.Косово, управувајќи автобус со косовски национални ознаки, удрил во кабина.
Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје, при што на И.Ф. не му е дозволен излез од државата, односно му биле одземени документите за понатамошна постапка, информира МВР.
Црна хроника
14-годишник управувајќи четирицикл излетал од патот во Кичевско
Вчера во 16:30 часот во ОВР Кичево е пријавено дека на локалниот пат с.Зајас- Теќе маало, 14-годишник од с.Горно Строгомиште, кичевско, управувајќи четирицикл со кичевски регистарски ознаки, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со повреди се здобил возачот и неговиот 14-годишен сопатник од с.Зајас, кичевско, констатирани во Медицинскиот центар Кичево и Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје.
Извршен е увид од увидна екипа од ОВР Кичево, а по наредба на јавен обвинител, четирициклот е одземен, соопшти полицијата.

