Спорт
Вилдоса МВП за декември во Евролигата

Лука Вилдоса (27), кошаркарот на Црвена звезда, е најкорисен играч за декември во Евролигата.
Во последниот месец од 2022 година, Вилдоса имаше просек од 15,8 поени, со индекс на корисност од 17,7, што беше доволно за да го добие ласкавото признание за најкорисен играч во најелитното европско клупско натпреварување.
Аргентинскиот бек им помогна на црвено-белите од 4-6 да стигнат до 8-8 на крајот на декември.
За жал, тој се повреди во поразот на Црвена звезда од Барселона на 30. декември и ќе отсуствува од две до четири недели.
Вилдоса стана само вториот играч во историјата на Црвена звезда кој ја освоил наградата за МВП на месецот во Евролигата, откако тоа му успеа на Огњен Кузмиќ во јануари 2017 година.
Одличниот кошаркар од Мар дел Плата стана третиот Аргентинец што ја добил оваа чест, по Луис Скола (Басконија, декември 2006 година) и Факундо Кампацо (Реал Мадрид, април 2019 година).
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Еурофарм Пелистер и следната сезона ќе игра во Лигата на шампионите

Фото/ facebook.com/hceurofarmpelister
Шампионот на Македонија, Еурофарм Пелистер и наредната сезона ќе игра во Лигата на шампионите. Европската ракометна федерација (ЕХФ) на Пелистер му додели специјална покана за настап во ракометната елита.
Покрај Пелистер, специјална покана од ЕХФ добија: ГОГ, Нант, Пик Сегед, Колштад и Кјелце.
Претходно беа познати 10 учесници во Лигата на шампионите: Магдебург, Загреб, Алборг, Барселона, ПСЖ, Фуксе Берлин, Веспрем, Висла Плоцк, Спортинг и Динамо Букурешт.
Групите, две со по осум екипи, ќе бидат извлечени на 27 јуни во Виена.
Спорт
Роналдо го продолжи договорот со Ал Наср

Кристијано Роналдо не размислува да стави крај на импресивната фудбалска кариера. Извесно е дека 40.годишникот ќе настапи и на Светското првенство наредното лето во САД, Канада и Мексико.
Легендарниот напаѓач потпиша нов договор со Ал Наср, кој ќе го задржи во саудискиот клуб до летото 2026 година, објави познатиот новинар Николо Шира.
Роналдо пристигна во Ал Наср во јануари 2023 година и брзо стана водечка фигура во тимот. Досега одигра 105 натпревари, постигна 93 гола и забележа 19 асистенции.
Само оваа сезона, тој имаше учинок од 35 гола и четири асистенции во 41 натпревар.
Спорт
Скопје подготвено за првиот европски џудо спектакл

Градот Скопје е подготвен да ги пречека најдобрите европски џудисти во кадетска конкуренција кои овој викенд на татамите поставени во спортската сала „Јане Сандански“ ќе се борат за за насловот европски кадетски шампион.
Од џудо федерацијата на Македонија која е технички организатор на настанот реферираат дека сите технички подготовки се навремено завршени согласно највисоките стандарди на европската џудо унија, и со нетрпение го очекуваат пристигнувањето на идните ѕвезди на европското џудо.
„Првпат Македонија е домаќин на европско првенство во џудо и горди сме што ги отвораме нашите врати за талентираните млади џудисти и посветените поддржувачи од целиот континент. Џудото нѐ учи на дисциплина, почит и на стремеж кон совршенство, вредности што длабоко ги негуваме. Ова првенство ќе биде прослава на младоста, решителноста и иднината на нашиот сакан спорт. Возбудени сме што ги гледаме ѕвездите во подем на европското џудо како се натпреваруваат со страст и спортски дух и веруваме дека татамито во Скопјe ќе стане сцена за незаборавни достигнувања и доживотни спомени“ – изјави Владимир Трпаноски, претседател на џудо федерацијата на Македонија.
Во продолжение од истата, Трпаноски им се заблагодари на раководните лица на европската џудо унија за дадената доверба да го организираат овој настан, на сите кои активно се вклучија во организација, и ја повика македонската публика да ужива во атрактивните борби кои ќе ни ги понудат најдобрите европските џудисти во кадетска конкуренција.
И додека организациските подготовки финишираат, македонските репрезентативци во базата во Скопје ги оддржуваат последните заеднички тренинзи. Селекторот Игор Паскоски заедно со тренерот Александар Фузевски во координација со стручниот тим, следните неколку дена пред почетокот на ова престижно натпреварување ќе ги одработат завршните подготовки кои претежно се базираат на регулирање на тежинските категории како и техничко тактичка и психолошка подготовка на нашите репрезентативци.
Европското првенство започнува во четврток, 26 јуни во 9 часот, а интензивната програма исполнета со многу борби ќе трае се до сабота, 28 јуни. Свеченото отварање на настанот е закажано за во четврток во 16 часот.