Спорт
Зошто Ирвинг го носи бројот 11?

Кајри Ирвинг е еден од најдобрите плејмејкери во НБА лигата. Ирвинг во лигата влезе во 2011 година, кога беше избран како прв пик на драфтот од страна на Кливленд Кавалирс.
НБА кариерата ја започна со бројот 2 на грбот. Шест сезони во Кливленд ја носеше „двојката“.
Реши да го смени бројот кога се пресели во Бостон Слетикс. Тогаш го одбра бројот 11, а истито број го задржа и во Бруклин Нетс.
Новинарката Ешли Шахамади за време на преносот на натпреварот помеѓу Бруклин и Шарлот, откри зошто Кајри го носи на грбот бројот 11.
„Кајри е роден во 1 час и 11 минути, неговиот татко го носел бројот 11 кога играл на колеџот во Бостон. Неговото име и презиме има точно 11 букви. Буквата К е 11. во абецедата. Тој одиграл точно 11 натпревари на универзитетот Дјук поради повредите, па беше избран на драфтот во 2011 година како прв пик во првата рунда. Тој исто така ја мина границата од 11.000 поени во НБА на 11. март“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Силвињо: Дојдовме да ја победиме Србија на гостински терен

Селекторот на фудбалската репрезентација на Албанија, Силвињо, истакна дека претстојниот квалификациски натпревар против Србија има посебна тежина и значење за неговиот тим, опишувајќи го како „различен од сите останати“.
„Секој натпревар е важен, но овој е посебен. Пред еден месец игравме против Летонија, и ако тогаш не победевме, овој натпревар немаше да има вакво значење. Не можам да кажам дали ова е најважниот натпревар, но дефинитивно е специфичен. Тоа е убавината на фудбалот – секој меч носи своја енергија“, изјави Силвињо.
Тој додаде дека е свесен за атмосферата и притисокот што ги очекува неговите играчи во Лесковац, но верува дека тимот ќе покаже карактер.
„Ја знаеме атмосферата во Тирана, но очекуваме слична и тука. Верувам во моите играчи и во нивната зрелост. Секој од нив знае што го очекува и е подготвен да одговори на предизвикот. Дојдовме тука по три бодови“, изјави селекторот на Албанија.
Спорт
Стивен Џерард ќе биде нов тренер на Бојан Миовски

Стивен Џерард е на чекор да се врати на чело на Ренџерс веќе оваа недела, откако одржа позитивни разговори со раководството на клубот. Поранешниот капитен на Ливерпул и Англија е во Лондон за преговори околу сензационалното враќање на „Ајброкс“. Под негово водство тимот ја освои титулата во шкотската Премиер лига во 2021 година, која останува последна за клубот до моментот.
Шкотскиот гигант е подготвен да го назначи Џерард по отпуштањето на Расел Мартин во неделата. Причината за разделбата со Мартин беше слабото отворање на сезоната, што го остави тимот на осмото место во табелата. Според новинарот Бен Џејкобс, двете страни се многу блиску до договор, кој може да биде објавен преку викендот.
„Скај Спортс“ исто така потврдува дека вчерашните дискусии меѓу Англичанецот и американските сопственици на клубот биле конструктивни, а преговорите продолжуваат. Се очекува Џерард да биде нов тренер на македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.
Спорт
Барселона за трансфери на други клубови им должи 160 милиони евра

Претседателот на Барселона, Џоан Лапорта, се пофали дека ги оставил зад себе финансиските проблеми што ја мачат Барселона со години. Сепак, вистината е дека нивните сметки сè уште не се целосно расчистени. И не само затоа што сè уште плаќаат кирија на „Монжуик“ додека „Ноу Камп“ се уште се реновира.
Имено, Барселона се смета за „неплаќач“ во Европа поради парите што сè уште ги должи за неколку трансфери. Кунде, Рафиња и Левандовски живеат и играат во Барселона со години, но клубот сè уште има обврски целосно да ја исплати отштетата, пишува „Дефенса Централ“.
Барселона им должи вкупно 159,1 милиони евра на разни клубови за неколку склучени договори.
Три години Барселона на Лидс Јунајтед му должи пари за трансферот на Рафиња. Каталонците на клубот од Јокшир треба да му исплати 41,9 милиони, што значи дека досега платиле малку повеќе од 16 милиони од вкупната сума.
Ова се податоците од најновиот економски извештај на Барселона за деловната година што заврши на 30 јуни 2025 година.
За трансферот на Кунде Барселона на Севилја и должи 24,5 милиони додека Баерн сè уште бара 20 милиони од трансферот за Левандовски.
Споменатите тројца моментално претставуваат најголем дел од преостанатите обврски, но не се единствените. Манчестер Сити чека исплата од 13,3 милиони за Феран Торес. Долговите се шират од Барселона до различни клубови низ целиот свет.
Покрај тоа, тие сè уште треба да платат за трансфер на играч кој повеќе не е во Барселона. Станува збор за Емерсон Ројал, за кого клубот на Бетис му должи осум милиони евра. Играчот моментално е во Фламенго, а во меѓувреме помина низ Тотенхем и Милан пред да се врати во бразилскиот клуб.
На овој начин, со одложување на плаќањата во сите операции, Барселона успеа да ја преброди бурата по тешката финансиска криза. Долгот е сè уште висок, а дури и ова лето имаше проблеми со регистрацијата на играчите поради финансискиот фер-плеј.
Доколку Барселона сè уште должи пари за повеќе од своите трансфери, најлошото допрва доаѓа. Обвинителството стави некои случаи под лупа, особено трансферот на Малком во периодот кога Џозеп Бартомеу беше претседател.
„Мосос д’Есквадра“, состави извештај кој го достави до Истражниот суд број 16 во Барселона. Наводно, тој би докажал „очигледна промена“ во договорот помеѓу Барселона и бразилскиот фудбалер. Уште еден проблем што ќе се истражува и кој би можел да го покаже начинот на кој клубот работел во тие години.
Какви договори има Барселона?
Рафиња – 2022, 58 милиони евра. фиксни + 9 милиони евра бонуси (вкупно до 67 милиони евра)
Жил Кунде – 2022, 50 милиони евра. фиксни + 5 милиони евра бонуси (вкупно до 55 милиони евра)
Роберт Левандовски – 2022, 45 милиони евра. фиксни + 5 милиони евра бонуси (вкупно до 50 милиони евра)
Феран Торес – 2021, 55 милиони евра фиксни + до 10 милиони евра бонуси (вкупно до 65 милиони евра)
Емерсон Ројал – 2021, 9 милиони евра. Барселона му плати на Бетис за да ја активира опцијата за враќање.