Македонија
(Видео) Мицкоски: Мегаинвестиции во Велес од 200 милиони денари – по повеќе децении, градот ќе добие современ затворен пазар
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека не ветувале чуда, но ветиле многу работа, труд и проекти и тоа се случува. Тој заедно со градоначалникот на општина Велес, Марко Колев, најави мегаинвестиции во Велес во вредност од речиси 200 милиони денари.
„Помина тешка година зад нас, но и година во која Општина Велес инвестира 100 милиони денари за инфраструктурен развој и решавање нови проблеми. Оваа година се продолжува со зголемен интензитет. Чесно и најважно посветено ќе се инвестираат нови 197 милиони денари за капитални проекти“, рече Мицкоски.
Тој посочи дека општина Велес ќе добие нов затворен пазар со вкупна вредност од 80 милиони денари и тоа е само еден од проектите.
„Следуваат многу нови содржини и решени проблеми. Покажуваме дека овие мали промени може да донесат големи чекори напред и заеднички победи. За заедничка иднина, промените на дело“, изјави Мицкоски.
Колев истакна дека со години потребите на граѓаните на Велес биле запоставени, а одлуките биле носени зад затворени врати.
„Тоа го менуваме, а заедничката иднина ја градиме заедно со народот, со директна комуникација, во согласност со нивните барања. Ги отворивме вратите на Општината и заедно со народот го креиравме новиот буџет“, изјави во своето обраќање градоначалникот Колев во кампањата „Промените на дело“, во организација на ВМРО-ДПМНЕ.
„Минатата година успеавме да го изградиме водоводот во населеното место Сопот. Изградивме два нови паркинга, изградивме нов полигон за велосипеди, продолжуваме со уште попозитивно темпо и во оваа година“, рече тој.
Колев додаде дека голем број негови сограѓани предложиле проекти за реконструкција на голем број улици и по нивното разгледување, може да каже дека се обезбедени 1,5 милион денари за подобрување на патната инфраструктура, а ќе се вложат и 200 милиони денари во капитални проекти.
„Ви благодариме на сите за идеите и сакам да знаете дека вратите на Општината ви се секогаш отворени за која било потреба, заедно да ги решаваме проблемите. Општина Велес оваа година ќе почне со реализација на голем број проекти и капитални решенија. Ќе го изградиме кејот на реката Вардар, ќе направиме целосна реконструкција на уличното осветление и ќе инвестираме сериозни финансиски средства во подобрување на патната инфраструктура, водовод и канализација. Вложуваме над 200 милиони денари во капитални инвестиции за 2023 година. Се бориме заедно за Велес, секој ден. Ќе направиме уште многу за иднината каква што секој од вас ја заслужува. За промените што ги чувствувате одговорно и посветено. Промените на дело“, потенцира Колев.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Во прекин сообраќајот на граничниот премин Евзони
Од 17:30 часот сообраќајот на граничниот премин Евзони (Богородица) е во прекин, извести АМСМ.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно суви коловози.
Македонија
Во наредните десет дена изменет сообраќаен режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта
СВР Охрид информира дека од денеска во наредните десет дена, на сила ќе бидат измените на сообраќајниот режим на автопатската делница во изградба од селото Требеништа до селото Мешеишта, општина Дебрца.
„На овој патен потег, сообраќајот ќе се одвива наизменично по левата сообраќајна лента гледано во правец од Охрид кон Кичево поради што, апелираме до возачите, крајно внимателно и со прилагодена брзина да ги управуваат своите патнички и други моторни возила и во согласност со поставената хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација“, соопштуваат од СВР Охрид.
Македонија
СДСМ: „Тефтерчињата“ во судството од времето на Никола Груевски се вратија
„Го сменија јавниот обвинител за да постават обвинител под своја контрола. Сопруга на градоначалник од ДПМНЕ назначија за член на Судскиот совет, поставија партиски човек во Советот за јавни обвинители. ‘Тефтерчињата’ во судството од времето на Никола Груевски се вратија“, велат од СДСМ.
„Сите знаат, следува целосно погребување на правдата. Со неуставна Резолуција во Собранието ДПМНЕ-ЗНАМ ја гушат демократијата, слободата на говор и се обидува да ја замолчи опозицијата да не зборува за договорот мигранти за пари.
Дури и Катица Јанева ја пуштија од затвор. Три години порано ја пуштија надвор од затвор за 3 месеци да тера кампања. Copy-paste сценарија како методите на Никола Груевски и Вучиќ. Режим 2.0.
Затоа е потребен широк фронт за правда на сите слободоумни граѓани, опозициски партии, прогресивни сили, здруженија. Заедно ќе ја одбраниме демократијата, заедно ќе ја одбраниме Македонија!“, се наведува во соопштението на СДСМ.

